Чувство на вина? Жити се. Само ги разбирам двете страни. Се извинувам ако друг впечаток сум оставила. Околу споредбата на училштитата и градинките, логиката децата да бираат онлајн, а помалите да одат е непромислена. Ок е што има избор. Ама чим ги пушташ најмаливе пушти ги сите во школо. Да ви кажам, мое мислење, хаосот допрва почнува.
Скроз се сложувам. Дете од 15 месеци нема имунитет како дете од 10 год. Бута раце во уста а фаќало секаде... Споредба нема.
Настрана тоа. Дете од 10 год знае дистанца, носи маска и свесно е, дете од 2 години не. Поголеми од 3+ може знаат ама чисто сумњам да се придржуваат во група со 15 деца. И ок е тоа. Мора некако нели. Ама големиве дома a можат да пазат.
Не се согласувам. Како ќе ги научиш малите, така ќе се однесуваат. Ќерка ми знае да носи маска и не ја пипа и вади. Во лифт носиме, во маркет, ако има луѓе околу. Сама си ја бара.
Ептен голема е Носи маска од април месец, 2год и 4 месеци. Освен најмалите од јасли, другиве лесно се учат. Децата се однесуваат како што гледаат дека домашните се однесуваат.
https://kanal5.com.mk/sredba-na-ministerkata-shahpaska-so-direktorite-na-gradinkite/a437399 Оваа во први ред, со маската на рака ќе треба да следи протокол во градинка.
Во ниту еднс институција нема стасано Одлука од Влада за укинување мерка за мајки на деца во градинка. Ако во понеделник не стаса, тогаш во среда деца нема да се носат т.е. не мораш да се вратиш на работа.
И мојата носи. Вика како мама и како тато. Ама 15 деца на исто место - едно да извади сите ќе извадат. А и долг временски период е. Кај нас не се редуцирани групите. По 15 се. 2 години е цела група.
Не знам зошто се пронајде, не беше за тебе наменето. Ме зачуди искрено со тоа жити се Темата е децата и градинките. Не е: - Венко и синот со онлајн настава. - Искомплексирани и дискриминирани сиромашни деца. - Барам жена за чување дете. - Оставив работа за да си го чувам на безбедно детето. И да не набројувам уште. Емпатија и разбирање, ставање во кожа на другиот не е на одмет. Зашто сите знаеме како е убаво, ама немаме сите исти можности. Нема потреба од истакнување кој е посовесен родител, нема потреба од тоа.
"Жити се" беше дека на мене се однесува тоа. Ако беше за мене. Се извинив ако погрешно бев протолкувана. Со останатиот дел од постот се сложувам. Не се осеќам посовесна од некого ама не сум ни крива што нема да иде одма во градинка. Секој со своите можности секако. Нема осуда туку тоа е што е, а тука сме сите со различна ситуација. Темата можда не е за Венко и синот или за жена за чување ама е сродна со набројаните ставки.
Не е лошо да ме тагнеш. Јас се вратив на темава оти ме тагна некој за да му кажам за како да најде жена за да чува дете оти градинките не успеваат... Јас одамна кажав за моето, со 150 заразени секој ден не го пуштам исто како што со 10 заразени градинките и школите се затворија, и нема што да правам веќе на темава. Особено не по тоа што видов денеска. Тие што ќе праќаат деца нека пишуваат на темава. Ако некоја сака да и помогнам нека ми пише ЛП.
А тие што планирате дека на 9ти се враќате на работа, кој ви кажа така? Јас лично и неколку особи блиски ќе праќаме деца во градинка од среда, ама нит фирмите ни побараа враќање нит има официјална одлука. Каде се залетувате?
Луѓево шо ги носат одлукиве свесни, разумни битија се? Како може градинките да почнат, само за деца со потврди од двајца вработени, а од друга страна мерката за седење дома на родител до 10 год дете, сеуште не е укината. Ќе важи уште. На другарка моја и стигна од фирмата меил.Е сега таа ем ќе седи дома, ем дете в градинка Тогаш нека им дадат предност на деца чии родители се невработени, или чекаат да почнат. Тешко дека на овој хаос некој ќе е способен ред да стави
За ова пишав. Кажаа дека градинките ќе се отвараат а мерката уште не е укината. На работа на 9ти никој не ме викнал. Дури од селски чешми разбрав дека нема на 9ти да одам на работа. Ако не одам на работа зошто пак со сила дете да пикам во болест?! Абе луда куќа..
Епа ова е тоа што се зборуваше. Лошо го поставија прашањето кога планираа. Требаше да прашаат кој деца имаат двајца вработени родители и да планираат согласно тоа. Откако ќе добиеа бројка на овој начин, понатаму требаше да се прави алгоритам за останатите. Ама за ова некој треба да се позамара. Лесно е пресечи со глупава потврда и другите со прстот во уста. А и фирмите се криви. Во случајов со моменталната мерка (не можат да вршат работа од дома), требаше да си ги вратат вработените на работа или да стават клаузула дека со отворање на градинките мора да се вратат на работа. Јас кога побарав на работа дали би ми издале потврда, прво имаше подпрашања на кои нормално никој нема одговор, и на крај ми рекоа ако ми пишат потврда по дифолт треба одма да се вратам на работа (тоа значи фирмата да даде потврда дека работникот не може да врши работа од дома).
Логички сфативме сите ама нема логика во одлуките нивни. Шахпадка вика вака : Градинките на 9ти ќе почнат со работа а Одлуката за мајки на деца до 10 години да седат дома проролжува. Сеа.. Нели тие родиттели до 10 гоеини на 7ми јули ги вратија на работа?! Да се седат дома сега?
Јас верувам дека сите што ќе носиме деца в градинка ќе се вратиме за брзо на работа, ама тоа со сигурност не ќе е 9ти септ. Како што пишав неколку страни претходно, верувам дека ќе ни остават барем 2 недели за адаптација на децата, па после ќе се укинуваат мерки и породилно. Не може во ист ден ние на работа, а деца во градинка до 16ч.