Дека родителите на деца кои идат на школо ќе си одат на работа додека не почне школо. За градинките ништо Одлука на влада за родителите од градинка ќе има у понеделник, да се вратат. Исто ден претходно беше и за школите.
Мене уште не ми е јасно за децата во јасли кои не се примени, а чии мајки не биле на породилно на 13.03 кога почнаа мерките (конкрено моето дете 9 месеџи направи на 10.3) и автоматски не влагам во продолжено породилно, детето не ми го примаат во градинка каде требаше уште тогаш да почне, (април-мај). И сега, сама ќе се чува?
Исто и кај мене така испадна, макар што јас бев до јануари на породилно, но ете ќерка ми не ја примија и сега дома ќе седи со баба и. А може ли баба да чува, никој не му е гајле??? Верувам има многу мајки во ваква ситуација кои немаат друга опција и за жал истите ќе загубат работа. Требаше да седнат убаво и да размислат за сите деца. На мајките со продолжено да им даваат како минимална плата, а не цело породилно, а со останатите пари да ги помогнат и другите мајки или евентуално да изготвеа нови капацитети за да ги примат сите дечиња.
Бидејќи се работи за 100 различни случаеви, требаше да се направи скрининг на ситуации на мајки. И тоа пред секој директор на фирма и фиемичка список- може да работи од дома, неможе да работи од дома, имс бебе од 10 месеци, не и го примиле во градинка.. итн. Па да се донесеа неколку модели. Па администрација нека седи дома, ама на 50%, со осранатите 50% ќе се покриваа оние кои работодавците приватници ги испуштија од работа. Можеше да се направат модели и категории..сите да се задоволени. Ништо не се стори.
Точно @referentka, на некои баби и дедовци им ги чуваа децата претходно ама си користат мерки пола година, а некои не ги фати породилно, изгубија работа и не можат деца во градинка да запишат. Се согласувам и дека требаше на минималец да се стават некои категории што не се на работа, а и за породилното нека се најде некое еднакво решение, не може некоја на продолжено да зима 60-70 000денари од државата, а за другите да нема никаква помош, кој искористи искористи работава
Сите знаеме дека најбучни за продолженото се невработени кои 6м се осигурале и тоа најчесто на високи плати.
Не ставајте се во исти кош. Јас сум администрација и одам на работа од мај без прекин Никој не ме праша дали можам или не, има работа и толку. Да не ми беше битна работата за кариера одамна ќе напуштев.
Исто. И од одмори викаат, се разбира оние што им требаат. За телефонирање да не зборуваме. Ама некои богами што ги заборавија дека работат и самите уште малку ќе заборават дека се вработени си добија награда одмор од една година. Ех, животе, животе.
После една недела градинка дојде првото вирусче кај нас. Синоќа Алекс качи 37.5, големиве 37.1 Денес цел ден супер, вечерва Алекс 37.2 јас 38. Ништо друго за сега. Утре сите три дома...да набјудуваме ќе рече педијарот. Само да не ја преседат дома есента оти една има 37.2
Ви ги кажаа ли термините за носење и земање? Пишете ве молам оти многу ме интересира како е спроведено во другите градови? После треба да одам до директорката.
Не нема сите да најдат, зашто сите немаат. Сигурна сум дека кај нас е чудно тоа, и повеќето имаат, особено по последниве случувања со тоа кој што користи
Сеуште не кај нас. Ако пишат тоа би било денес оти утре е празник, па ќе ти пишам за сигурно. За во Кисела Вода во Скопје.