Ние не се запишваме во градинка, по другите не го примаат ради адресата. Се мрднав. Од работа ми рекоја да седам дома додека решам, стварно немам кај да го оставам.
На хронични што им е влошена состојбата ќе им се продолжи.Ама тоа и не е така тешко да се извади документ де. Јас во среда одам на раб. Ми нема логика да седам дома ако детето ми оди во градинка.
Градинките не се врзани со адреса. Двете деца ми беа запишани во градинка што е во друга општина. Може да не ти го примат детето ако има долга листа на чекање, ама за адреса не.
Грешка. Градинките се поврзани со општината. Ако ти ги примиле децата тоа е знак на добра волја на директорката.
За двете деца била со добра волја значи? За првото во две различни општини прашувавме. Во едната ни рекоа пополнет е бројот, во другата дека без проблем од септември кога ќе бидат регулар уписите дека ќе ја примат. Со адреса бевме во скроз трета општина. Никаде не ни рекоа дека деца исклучиво од самата општина се примаат. Во групите кај двете деца имаше од еден до друг крај на Скопје. Изгледа многу фина директорката, за сите со добра волја.
Не треба да примаат ако не се децата од таа општина. Затоа и ги поделија градинките по оштини. Од еден крај ги носеа децата во друг крај.
Како не треба? Ако во твојата општина има само една градинка и бројот е пополнет, каде ќе го оставиш детето додека си на работа? Среќа што се флексибилни за општина и адреса, инаку тешко родителите. Има луѓе што живеат под кирија со години и не можат да ја сменат адресата. Или нема врска, не се битни тие луѓе?
На комшии им бараа документ дека живеат таму за да им го примат детето, а кираџии се. И јас немаше да ги запишам децата во градинка ако не им дадев лична карта.
Има кираџии што немаат договор а живеат во станот со години. Небитно, ти кажувам дека ни за двете деца не ми побараа документ дека живееме во таа општина. Во три општини можевме без проблем да ги запишеме двете деца, само за во некои ќе требаше некој месец да почекаме а немавме толку време на располагање. Кажувам од искуство, бевме кираџии две години а немавме документ дека живееме во становите. Запишваме две деца без проблем. Од 25 деца во група, дали пет се од таа општина. Од цело Скопје има дечиња, од Црвена јабука до Драчево буквално. За по други градови не знам како е, зборам за Скопје.
Работев во градинка и затоа го пишувам ова. И тоа децата ми одеа во истата градинка (нема да пишам во која) и ми рекоа дека мора барем едниот од нас да има лична карта. Сите деца што беа/се запишани во градинката, беа/се од истата општина. Најверојатно има преголема заинтересираност.
Си работела во една градинка, тоа е една општина и еден објект само. Секоја градинка и општина ваљда си има своја политика. Ама еве моето искуство е такво, не направија проблем никаков при запишување. 4 години ми се разлика децата, во тие неколку години ништо не се променило во тој дел. Ај една општина да беше, ќе речам случајност и среќа. Ама во три општини да не ми направат проблем, значи дека не гледаат на општина и адреса. Не гледам поента во докажувањево, не измислувам, кажувам искуство со две деца. Плус и пишав на членката за ако можам да помогнам некако.
Во државна администрација кариера Ми почна денот со широка насмевка да си жива и здрава и да си ја бркаш кариерата. Најмила, најлесно враќање на посао. И на мали со лесно назад у градинка
Грешка си. Со локализацијата, градинките и школите преминаа под ингеренции на општините и се направи реонизација. Карпош едно време беше мн строго. И има логика затоа што даноци плаќаме по шифра за општина. Ако некој плаќа во Ѓорче, а оди во Карпош значи не придонесува, а користи. Убаво ти кажаа. Имало место и добра воља инаку тешко да го запишеле.
Да. Во градинките примаат деца од околните улици...за нашиот клон зборам. Јас сакав во градинка каде што рабптам ,.да ми е близу,.ама.не ми дозолија, адресата ми била во друга општина.
Во Карпош општо и за градинки и за школи е многу тешко. Зборев за општини како Центар, Кисела вода и Козле (мада Козле мислам дека е под општина Карпош). Во ниту една од овие не ми правеа проблем за запишување. Едно е како треба и е правилно, друг муабет е како е во пракса.
Јас од март одам на работа. Само една недела седев дома. Ми го укинаа и одморот. И после некоја ќе ми го спомнува законот. Марш таму. Некои се мајки, а други не сме. Ептен сум револтирана, веќе 6 месеци навака натака го мкнам детето на чување