Ако е стварно само по општини, ниту една добра волја или слободно место нема да прими две деца без никаков проблем. Ама ок, така нека биде.
Секаде е по општини низ ск а никаде не се следи тоа. деца од ак чекаат на ред јер мама од Белимбегово има врски у општина. реалноста е таа.
Може инат да тераш ако сакаш, ама кога почнавме да имаме локална самоуправа и соодветно финансирање, носење во градинка и школо каде сакаш, нема. Стевчо беше мн строг по тоа прашање и не пушташе. Сега мислам полабаво е. И ми има логика. Нема што да користи бенефити на една општина некој кој не придонесува во неа. Јасно дека има отстапки. Кога е мн гужба и има притисок примаат само реонски. Ако е лабаво, лабави се и они.
Јас мака видов со тоа градинките и реоните. По лична карта у една, на работа у друга,со живеење у трета општина. Едвај со склучен договор за кирија и кога чу кај работам, ај може кај нас. Ама 40 деца се, ќе биде со друго у исто креветче. Не дозволив, една жена 40 деца не може да чува. Кај што градевме имаше градинка, нова, и се смени власта. Да не излезе дека е на старата власт, не ја отворија цели 2 години, а имаше и играчки внатре дури. Немаше кај да запишам дете и ја однесов у приватна. Маки со градинки...
Не терам инает, ама ок, гледам дека не можам да се докажам. За Карпош и јас реков дека е строго, живеев во Карпош некое време и знам како е. Карпош ти е или со јаки врски запишување дете или да живееш таму, мора лична карта со адреса да ти е. Колешка живее во Сингелич, две деца запиша во Автокоманда БЕЗ ВРСКИ. Јас ти кажувам дека две деца без проблем запишав во друга општина, ти ми викаш терам инает. А врски сигурно немам низ цело Скопје па сегде да ми речат нема проблем, ќе ги запишеме. Завршувам тука зашто гледам дека муабетов нема никаква поента.
Тие две населби се под иста општина. Така смееш да запишеш дете. Не можеш од општина Гази Баба да го запишеш во општина Аеродром или Карпош. Само мислам дека општина Центар прима од секаде деца, ако има место.
И Кисела вода ќе запишеше дете, а со адреса бевме во Карпош. Ама еве викаат дека терам инает, не било така. Може сум сонувала.
кај нас од 7:45 до 08:15, а ние со раб од 8, рекоа донесете ги пораноо и кажете така ќе ги носите (пошо реков може од 9 да почнувам, ама ќе ги земам после 17, па рекоа порано да ги носам)
Имам колега од тафталиџе две деца носи во центар. Јас од Битола сум по лична карта ( ) носам дете во Кисела Вода.
Ама мене ми направија проблем во Центар. Ми рекоа да си конкурирам во Карпош. А мене по згодно ми беше од работа да претрчам да го земам детето па после и 30 мин да патуваме до дома, немам гајле. Можеби зависи од оптеретеноста на градинката.
Ако двата родители работат во Центар, може да се запишете, барем јас знам дека ги примаа во таква ситуација
Примаат и во Карпош сега откако го нема Стефчо. На колешка детето иде, а они се со адреса во Центар. Зависи каква политика тера општината. За школи се многу построги. Истата без проблем запиша градинка, ама за школо се окози. Ни врски, ни бутур.
Едно нешто разговаравме со сопругот. Пр. Ми дадат протокол за носење во 8-8.20 и земање 15-15.20. Јас да ја носам можам било кога, пошто имам клизно работно време, но МОРАМ да сум 8 часа на работа. И ок ќе ја носам кога тие бараат, но за земање не е никако можно да ја земам во 3. Маж работи до 4 во приватна фирма каде што и пола саатму се крати од плата, а јас па иако сум државно нема шанса да ме пуштат да излезам саат и пол порано нон стоп. И? Еве нема да се појавам во 15.20. И? На улица ќе си го најдам детето? Или како? Дијазепами пијам од нерва ако верувате!