Епа тешко е да направиш распоред за сите по 8 саати, како ќе си одат они порано дома ако ти у 5 идеш по дете?
Така како што клапнати беа 6 месеци дома и ништо ама баш НИШТО не правеа. Не ми е гајле што ќе прават сега кошто ним не им беше што правев јас (и милион) ко мене тие 6 месеци. Фмп.
Јас и маж ми во оваа ситуација би дозволиле на маж ми да му кратат по саат- саат и пол дневно од плата, односно да завршува во 15:00 или ако мора во 14:30. Подобро двајцата вработени и дете во градинка. Сепак прашајте уште еднаш за покасно да го земате. Не може да е совршено во корона периодов. За тој саат- саат и пол минус ќе заштедите на нешто додека трае ситуацијава без разлика до кога би траела.
Во нашата градинка си има дежурна негувателка/воспитувачка, а некогаш и чистачка останува со децата додека дојдат родителите. Приемот е од 6-8:30, а градинката работи до 16ч. Ама околу 15ч сите си ги земаат децата.
Сега ради коронава е проблем. По протокол мора да има време на носење/земање за да не се среќаваат групите
да така е по протокол ама и мерката тогаш некс сменат работно време на мајките заради градинкавс дали ке ни толерират нас секој ден да касниме не можело порано ми рекоа од градинка мора по птотокол ...
Како мислиш да не се среќаваат групите? За сите важат истите правила, носење до 8и30 и земање до 16ч. И до сега беше така.
Така е во нашата градинка. Мислам дека секоја градинка има различни правила. Всушност сега ми текна дека пред коронава ја отвараа градинката уште во 5, а сега во 6. И што е сменето?
Така беше пред коронава. Сега за работата има протокол препорачан од комисија за зб. Они викаат да се определи време на носењени земањр и да се води сметка групите да не се среќаваат и да има пауза меѓу носењето. Затоа и ти даваат 15 мин во кои треба да го однесеш.
Кај нас не е така. Еве го протоколот Воспитувачката ни кажа дека може да ги донесуваме од 6 до 8и30, секој ден во определено време кое ние ќе го кажеме, кое на нас родителите ни одговара. Еве ја и изјавата Празните линии ние ги пополнуваме
Може и помалку деца се. Во док од комисијата др пишува, а низ Ск се повеќе деца и групи. Појма немам. Еве гледаш, сите сме добиле точно време за носење.
13-14 деца се во нашата група, преку сила 15 да има. И наверојатно затоа немаме точен термин за носење
Јас откако реагирав кај директорката спроведоа анкета за од колку им одговара носење на родителите па сменија термин од 06и30ч до 07ч. За земање не не прашаа но и тој термин го сменија, од 14и30 до 15ч. Ко да видиш пак исто направија, сега пак не можам да го земам. А во цел објект има 2 групи, едната со 2 дечиња, едната со 9. Да си оставеа како што беше порано, носење од 06-08и30 и земање после 14ч помали ќе беа шансите да се сретнеме, отколку вака со термини.
И јас така мислам дека вака ќе се створи поголема гужва. Во нашата градинка дека влезовите се различни, лани дали воопшто два-три пати се разминав со други родители.
Исто и јас, на носење посебно, ретко, ретко, среќавав по некој родител. Сега сите во ист термин, па и додека ги дезинфицираат на врата, додека им измерат температура... сите ќе се нагужваме. Не е финтата само протоколот та протоколот... треба разумно да се размисли како е најдобро.. ете кај @forumce ја согледале ситуацијата и поради малиот број деца одлучиле да нема термини. Друго, велат само 1 личност да го носи и зема детето, ептен во исклучителни ситуации со претходна најава може да го земе друг, а прават термини да не е возможно тоа да се изведе, така да синко од старт морам јас да го носам, а баба/дедо да го земаат. Ко да видиш, џабе протоколи, џабе мерки ко од старт утнато.