Може звучи вака збунувачки али многу лесно се одвива примопредавањето. Ние ги даваме на врата на отворен простор. Ако се згодиме повеќе души на отворен простор чекаме едно по друго да ги преземат. Преземањето оди во минута. Исто и за зимање ги земаме фактички од двор. Таму им се спремни ранците влагам си кревам дете во раце и го земам ранецот од далеку со учителка прашувам како бил ден и толку. Во исто време сигурно 15 души се погодуваме во двор. Но отворен простор и дистанца и нема гајле. Маски не носиме зошто е отворено. Мислам дека се тоа лагано за една недела ќе се одвива и доле. Внатре не смее никој да влегува во градинка ниту кај нас.
Го однесов пред малку, нешто слично беше и кај нас, ко за прв ден ми се виде организирано. Мојот плачеше многу, ич не му се оди, па и нова група, нови учителки...
Ме интересира каков протокол има кај вас за времето поминато во градинката, како е се организирано. Дали е вака како кај нас сега со протоколот?
Не го примаат ради општината. До градоначалникот на општината стигнавме и кажа да чекаме да не повикаат, преполбо било, кога ќе се префрли дете од јасли во поголема ќр бидеме ние на ред, до тогаш што? Никој нема одговор. Може во твојата општина е така, тука не е.
Ние почнуваме од следната недела. Ми порасна детето, ми се плаче што ќе се делиме, 15 месеци гушкање и невидена радост. Си го пораснав детето, време е за градинка, мама да се врати на работа. Душа ми се кине, но ќе го пуштам со радост. Со среќа на сите дечиња...
Ни пратија протколи. Прием од 7-7.20. Нема протокол за земање. Ќе работат до 17ч, а до 18 ќе дезинфицираат.
Со лесно и со среќа на сите дечиња во градинка,да минете со што помалку настинки и болести. Нас многу ќе ни фали градинката,имаме преубави спомени од истата
Вака да прашам, мада 4 страни пред тоа е муабетот. Што праите дома ако детето ви е во градинка? Зар да чекам да ми каже некој ај на работа доаѓај, нормално е дека тргаш на работа. Може па јас само така размислувам, не знам. Реонизација за која зборувавте сите се воведе некаде 2013 мислам беше, не ме фаќајте за збор, и ниедна општина сем Ѓорче не се држеше строго до неа, ама мислам дека и Ѓорче попушти. А Карпош од секогаш биле малку попустливи, се наоѓало дупка. Јас сум за тоа секоја општина да си згрижува деца само од својата општина, освен ако нема реални причини дете да оди во друга општина, пример родители и двајца работат во близина на градинка. Иначе сите ќе си носат деца кај им одговара. 6 месеци беа и повеќе од доволни да се направи план за згрижување на деца, ама нема план. Скоро секоја градинка има огромни дворови, нашата има нешто помал двор, ама има услови. Се надевам наскоро сите дечиња ќе се вратат во градинка, па и моето, зошто сега е во период кога учи многу и навистина не сакам да пропуштиме прекрасни денови во градинка. Не би го пуштила по секоја цена, нормално, се надевам наскоро ќе се снајдеме.
Поделени се во групи кои не се мешаат меѓу себе (порано заедно си играа после пладне). Сега посебно јадат, спијат и си играат. Се се дезинфицира, примопредавање е во двор. Децата не ги дезинфицираат не ни смеат не постои дезинфекција за мали деца. Како да прочитав дека тоа ќе го правеле доле. Сите шест фамилии заедно со учителките сме одговорни. Децата не фаќаат корона бидејќи се мали. Учителките држат дистанца. Се проветрува нон стоп. Тоа е се што може да се направи. Убавото е што и играчките редовно ги дезинфицираат. Порано не знам колку редовно го правеа тоа. Направија и посебни спални соби. Со лесно на сите малишани најубаво да си поминуваат
Лелле ве читам и ми се плаче.Големиот колкууу си ја сака градинката,ама тоа е.Само зборува за другарчињата,и прашува кога ќе оди.
Бев до главната градинка, сите дечиња надвор, среќни среќнииии... се опуштив многу со тоа што го видов. Се надевам добро ќе поминеме.
Реонизацијата на градинките во Ѓорче беше права ствар. Цело Волково во градинката кај Мирче беше! Пампурче празно зјаеше. Сега е многу подобро. Има исклучоци ама многу малку. За градинката во Влае, позади Маки, таму има помалку дечиња. Во нормални услови запишани се 18-20 дечиња максимум во група. Редовно пола од нив одат. Затоа, таму има дечиња од Ѓорче или од од други места. Еве и сега таму не се полни групите.
Мајки, што би направиле доколку детето ви го префрлат во друга група? Беа две групи и сега 5 деца од едната замениле за 5 деца од другата. Значи не станува збор за преполнетост. Туку образложението им беше: ги заменивме местата бидејќи моравме да направиме да имаме исто пола немирни и пола мирни и во една група и во друга група. Гледам дека ќе ја истерам работава на големо. Да е поради бројот да се помирам некако ама за ова незнам. Мене ми делува дека едноставно си имале врски овие неколку деца и ги префрлиле во другата група. И тие што немале или не фаќале врски пр како мене ги шутнале во другата. Самата група е подобра и воспитувачките се подобри, мислам дека и поради воспитувачките групата беше подобра т.е многу работеа и дечињата стварно ги сакаа учителките. Сите одеа со радост. Незнам што да правам, дали да ќутам, дали да се расправам, дали врски да фаќам. Ниту едно не е убаво, сепак деца им оставаме ама стварно испаднале безобразни.
Денес наместо во градинка, мојата е дома. Синојка цело време плачеше, грло ја боли, нос и тече и како го погоди денот Среќа што траат мерките да не отварам боледување, а сигурно немаше ни да носам во ваква состојба Со среќа на другите дечиња