ептен следеа протокол кај нас. само три дечиња во група кај син ми. и само он останат до 16 од цела градинка. џабе галамеа мајкине. очигледно можат да се снајдат... само колку да се џавка нешо
Од вакви коментари... Од кај знаеш поради која причина не ги однеле децата или пак си ги земале порано. Прв ден беше денеска, рано е за истрчување со вакви заклучоци.
Се ми е јасно. Со секакви родители си имав работа. А нешто зачкрипи, одма се снаоѓаат за чување на децата. А пред тоа збореа дека нивните деца мора да идат во градинка.
Мене сеедно ми е, само што замараат со џавкање па се чудат зошто никој сериозно не ги сфаќа. Или имаш потреба или немаш. Едноставно е.
Мерката за деца до 6 не ја укинаа. Оние кои ја користат веројатно уште деца не праќаат. Што и има логика.
Нека оди секое дете во градинка. Треба да се социјализираат децата. Ама да знаеш само дека има мајки кои ги праќаат децата во градинка затоа што дома не можат да ги трпат. А не работат од дома. Им пречеле. Прашањето ми е....Во што им пречат?
Епа има и такви мајки што седеа дома и си лапаа пари од државата и кои беа најгласни да не се отвараат градинките, ама први ги пуштија нивните деца во градинка. Само слатки да се јадело. Срамота. Дете оди во градинка за да се социјализира и да се дружи со други деца. Ама толку ви сече на вас, најмајките
Ниту сум лапала пари од државата, ниту сум праќала болно дете во градинка. Не сакам заради други моето дете други деца да настрадаат. Имам осет, за разлика од некои кои немаат. Не дека немаат кој да им ги чува децата кога се болни, туку така им одговара. Да пуштиш дете во градинка со бронхит?
Мерката за родител на дете до 6 години не е укината. Некои се на одмори. Затоа можеби немало максинмална посетеност денес. Штом ќе се укинат мерки, ќе си дојдат сите дечиња. И тие ги сфаќам ,секој си се плаши, ќе ја користи мерката се додека може, негово право е тоа, ти го овозможиле тоа.
И да има кој да ја чува пак ќе ја праќам во градинка. А ако се разболе ќе се снаоѓам како знам и умеам, како и овие 6 месеци што се снаоѓав
Моите се двете под 6 г. Малата денес тргна, 6 деца биле во група. Големата од 1 окт ќе тргне во школо. Мене децата ми пречеа за да работам од дома, таква ми е работата не смеам со галама во позадина да работам, па организирав и ојле и дојле и си одев на работа од мај регуларно секој ден освен кога бев на одмор. Ќе кажам само браво за мајките што со две мали деца од дома работат, за мене беше тоа научна фантастика, полесно ми беше да организирам цела фамилија и пола комшилук. На отварањево на градинките се израдував ко на бело лепче
Јас лани аплицирав кога имаше 2, 3 месеци Сега има 15 И како оди адаптација? По цел ден ја држат или по пола саат/ссаат?
Не цел ден, во рок од 2 недели да се адаптира, првата недела да стигне до ручек, така ни објаснија за денес. Термин за прием ни дадоа и после со негователките да се договорам. Подобро било за самото дете за 2 недели да се адаптира постепено, да не се одовлекува
Да да, 2 недели се сосема во ред. Јас првото дете во нормални услови за 2 недели го оставив цел ден. Сосема е океј. Јас мислев да не речат земате го во 3.30/4.00
Добро е што твоето се навикнало. Какви деца чував да знаеш. Со месеци не можеа да се навикнат. Ништо не помагаше. Некои родители си ги отпишаа децата. Не сакаа да ги гледаат плачливи.
Ох, сега ме утеши. Јас искрено мислам, т.е. се надевам, мојот ќе се научи се до моментот кога ќе му се приспие,е тогаш се плашам... Се надевам позитивно ќе се изненадам.