Моето дете денес прв ден адаптација, само е со негователката. Плачеше многу, си отидов, си седнав на клупа, го почекав 1 саат го земав. Ми е жал што е само...
Ох ви ги жалам дечињата Со таква желба тргнаа во градинка мислејќи ќе си играат со другарчињата,за да на крај со негувателките дремат Од толку планови и протоколи на крај децата одбивност ќе створат кон градинките
Навистина не е фер од страна на родители кои се пишале дека мора да го пуштат детето, а не го носат,а зафаќаат место за деца кои нема да ги чува и родители напуштаат работа! И кај нас од средата се смо 3, од кои 2 се мои. Значи сепак некој ги чува, сиг не земале сите одмори од 09.09,па да седат со нив. Како што слушам од други, и не е само кај нас, еве и Вие погоре истото го пишувате.
за гревови се. ми вели негувателката -остана сам, коцки ми дадов, седиме се гледаме и на двајцата досадно. онака плачат тешко им е , вака досадно им било....
За сега е сам во јасли. Може ќе дојдат, јас сакам со дечиња да е, жалче ми е сам. Може дека го продолжија породилното па ќе останат дома, јас не го фатив за жал.
Да споделам и јас искуство од прв ден градинка Давид (3г и 1м) едвај го зедов дома Градинката ни е во близина и цело лето кога поминувавме покрај неа му кажувавме дека ќе оди на градинка и ќе игра со деца. Знаеше каде е пошто бевме 2 пати со него кога го запишувавме и тогаш со плачење го изнесовме од таму. Од минатата недела го спремаме за градинка и секој ден му зборувавме. Сам си одбра ранче со пиле и многу си го сака. Се заедно купивме и му кажувавме за што му се и што ќе прави. Му кажував дека во чантата ќе му стои кутија со јадење за да јаде таму со децата и ќе има шише со вода, ќе има посебни обувки за внатре што ќе ги носи. Му кажував дека тој ќе остани таму а мама ќе седи дома. Дека сега е голем и треба сам да биди без мама во градинка. Сабајле го разбудив и му кажав дека ќе одиме денес во градинка и многу се израдува. Му покажав дека му ставив кутија со јадење и вода. Го дотерав маж му направи фризура за чудо застана и да го сликам го однесовме во 8 часот заедно со мажот ми. Влезе веднаш внатре и се фати за играчки. Воспитувачките ми рекоа дека денес работат до 12 часот и кога сакам да го земам а ако има некој проблем дека ќе ми се јават. Оставив работите таму што требаше да се однесат и си заминавме со мажот ми. Му кажавме чао на Давид и тој ни кажа чао и рече да си одиме дома а тој сам ќе седел срце на мама. Си дојдов дома пуштив некоја солза од радост, седев пијав кафе и ми беше многуу досадно. Па фатив чистев и во 11 и 30 појдов да го земам. Влегов таму и воспитувачката ми рече дека се е супер како за прв ден . Му реков Давид ајде да си одиме едно 10 пати па се убедивме дека утре пак ќе дојде. Ми покажа каде бил во тоалет ми кажа дека се мијал рачиња со сапун јадел пијал вода и си играл. Кажа дека било многу убаво. Знаејќи си го детето јас ова и го очекував. Само може ќе му биде тешко поради тоа што не го разбира јазикот но со тек на време ќе го научи. Се надевам секогаш вака да оди радосен во градинка. Многу сака да се дружи со дечиња. Се надевам дека нема да има некој проблем со оваа корона и дека нема да престани да оди на градинка. На сите дечиња што почнаа во градинка му посакувам побрза адаптација
Душиче бе.. Барем уште едно да има колку толку ќе си поиграа.. А каде ова ако не е тајна негде низ скопскиве градинки е или?
Нас не примија во градинка, од нареден понеделник почнуваме. За мечето отворија нова група. Пресреќна сум бидејќи само тоа ни беше решение.
Што е со одлукиве на владава?! Јас ја поддржувам, максимално, ама не е малку ненормално вакво однесување?! Цело лето требаше за апансас одлука?! Плус ни најава? Не бе, нема да не биде... За толку притегање, сега од ланец?! Ја запустија економијата само и тоа ми е најкриво. Требаше вака од сам старт, па после силом прилике дејствување. А не вака...
е сега ќе биде хаос и кај. матични лекари, и шопинг центри и наработа не е бо ред сите одеднаш да почнеме...
Абе супер е тоа, ама кој е планот?! Што правеа цело лето?! Или сфатија дека е противзаконски донесена мерка на владата да биде финансиска обврска на компаниите, па бегло вака?! Јас се согласувам дека треба сите назад, ама ме револтира зошто дозволија од денес за утре дома, не затворија, зезнаа се и сега кога све е отидено у кукуруз, пааа може и вака... Епа ако можеше зошто тој луксуз со носење се по ѓаволите?! Излажано се осеќам, плус ко да земал кредит некој, а јас да му го плаќам... преварено. Зошто штетите се големи. Требаше да си одиме сите на работа, не требаше полициски, протоколи само и тоа е .. зошто очигледно може (не сум саркастична).