Него јас да имам супер моќи, ќе ја организирам барем нашава градинка. Кај малава во група, на список 15, прв ден 4, втор ден 6 присутни. Пред зграда сретнувам девојче со родителите кое го има на список и прашувам како е во градинка. Аааа живи и здрави нека се баба и дедо. Чекаме да видиме кој прв ќе фати корона. (Одговара и се смее таткото). А за што си го запишал детево? Зашто да фаќа нечие место??? Може има некој што навистина има потреба да го носи детето, па макар работел од дома или не работел воопшто?! Зашто одма не се пише во тие групи на фб и вибер дека ако 10 работни дена детето не се појави без причина ќе се прими друго на негово место?! Друг пример: исто го има на список. Не оди зашто не ни одговара терминот за прием одреден по протокол! Се имав слушнато ама ова не! И ако не ти чини терминот за прием цел ден го чуваш дома?! И тоа е ок??!! Некои стварно немаат потреба да бидат на список.
И дојде денот за да укинат се. Само не ми е јасно дали го решија проблемот за родителите со дечиња кои не ум ги примаат во јасли. Или пак ќе биде снаоѓајте се како знаете.
А бе тоа во нормални услови нема место за сите деца, не па сега Мислам дека деновиве пак ќе има некои дополнителни одлуки, изземања на некои категории лица. Просто неизводливо ќе биде се, освен ако преку ноќ не се изградат нови градинки и училишта. Мојов прваче, треба да се вратам на работа, независно дали ќе учи онлајн или физичко присуство. А нема да има дневен престој
А пример нас шо ни бараа потврда за двајца вработени не сексаа или што? За што носевме потврди? За 10 дена порано да тргнат нашите деца? Сакам да верувам дека сонувам лош сон. Трагикомичен сон
Иако траеа мерките, се осеќав лоша мајка што го пуштив детето. Па и сам беше. Ама не знаев кога ќе ги укинат, мора да се адаптира, процес е. Мора да се направат измени некои, ќе примат повеќе дечиња.
Vaka trebase od pocetok. Denes smena na planot, taman se dogovarame koj kako ke se organizirame za decata... opp..new decision!?!?! Ova stana zivot na teatarskite stici, marioneti nevideni! Sto ke se pravi,kako ke se pravi,nikoj nema resenie, menuvaat odluki kako corapi.
Јас се трудам да сфатам како се прилагодува без деца. Толку ли немаше во другите групи дечиња веројатно не бил сам во цела градинка?
Мерките за дете до 10 год не се укинати и нормално е мн да не носат деца, посебно што мн административци користат мерки. Нема потреба од стварање гилти филинг. Секој одговара за своето дете и секој знае како му е состојбата дома. Однеле потврди и нормално дека ќе чуваат место затоа што никој не кажа што ако се пополни бројот 15, ниту што ако покасно го пуштиш детето. Башка изјавата. Јас не однесов бидејќи нема шанси изјавата да ја потпишам. Градоначалникот имаше видео ставено на социјалните мрежи. На видео на кое знае персоналот дека го снимаат, носи маски под нос. Ова од сабајле го пишувам. Сега гледам дека укинале се. Реално и време беше, ама малку преагресивно. Требаше полека, полека од мај наваму да ги укинуваат постепено. Вака агресивно, мн е без врска.
Кај нас пишаа дека кој не го однесе детето во наредните 2 недели, автоматски ќе биде отпишано и ќе примат нови.
Само заплашуваат,бидејќи во договорот со градинката тоа никаде не го пишува.Башка,редовно ако се плаќа,како може д ти го отпишат??
да можда болен е две недели како ќе го носиш или ско користиме одмор многу глупаво има притисоци сега од родители и незнаат што да измислат тоа требаше да мислат пред да ги укинат сите мерки одеднаш .
Ајде пак ќе кажам за мојот случај. Имам едно дете во градинка и едно прваче, на школо. Тоа што треба да тргне на школо ќе мора да му барам чаре до 1 октомври. Кога наоѓам решение за едното, автоматски имам и за другото. Башка што полесни за чување се кога се заедно, а и одложувам мешање со други деца и ризик. Затоа нагласив во градинката дека детето ќе тргне кога ќе отворат и училиштата. Тогаш кога аплициравме не ни имаше информација кога ќе отворат школите. И сега да ми го отпишат детето од градинка?
Среќа имам кој да ми ја чува иако сакав градинка од сам старт, дури поднесов и апликација. Баш денес се јавив во градинката (Кисела Вода) ми кажаа дека нема уписи за нови дечиња, но штом ќе почнат уписи ќе ми се јават за да спремам документи.До 23 има нецели две недели т.е. 7 работни дена. Во нив треба да се организира да ја прегледа матичен, да и направам крвна слика, ако е здрава да ја боцнам за морбили, да чекам 21 ден за реакции, да ја однесам за брис од грло и нос, да се снабдам со топлинки и пижамчиња исклучиво за во градинка, и да земам неплатено две недели за адаптација на детето во градинка. Среќа што за мене не важеа мерките и уште поголема среќа што свекрва ми ја чува. А што да прават оние родители на кои поради мерките им ги земаа одморите? Како ќе адаптираат тие? Во градинката во која што сакам да ја упишам околу 35-40 дечиња се за во јасли секоја година и е со список на чекање Со лесно нека им е на сите родители кои што ги чека сето погоре набројано