Цел саат без престан плачел. Многу тешко. Многу се нервирам, знам дека кај сите е така ама ми е криво, ич не е плачко ич ич... Морав да се олеснам. Утре пак саат, не можеме да мрднеме понапред
Кај ќерка ми има. Градинката се вика 8ми март. Имам колега со бебче и сака да го запише таму, но моментално не примаат нови дечиња, така му рекле
@KuklickaSk @drugarka Јас само ќе пишам да не покажувате пред децата дека сте нервозни поради тоа што плачат и дека ви е жал. Треба со воодушевување да му зборувате дека ќе има играчки и деца дека заедно ќе си играат дека е многу убаво во градинка и дека сите деца се таму, додека родителите се на работа. Никако не дозволувајте да ве видат дека сте загрижени, однесете ги и со насмевка мафнете му. Плачеше и мојата краток период, плачев во душата и јас ама не покажав пред неа. Со мерак оди, едвај чекаше да отворат. Ви посакувам што поскоро да престанат плачките
Мојот Дадо ќе оди во градинка Прават нова група за две недели ќе ми се јават за да однесам дукументите и договор да потпишам. Сега да престане носето да тече па на вакцина,и две недели дома ќе седи,брисеви и во градинка. За адаптацијата и се што треба за во градинка ќе ми објаснат кога ќе го потпишам договорот.
Додека ние исправаме криви дрини, на терен : https://press24.mk/dete-od-skopska-gradinka-pozitivno-na-kovid-19 А ќе има вака..
И јас истово ќе го пишев. Плачеше и мојата додека ја внесат. Кога ќе видеше деца се смируваше. Е ако некое заплачело и она топтан почнувала одма. Ама се изгуби и тоа со тек на време. Првите денови се тешки. После се навикнуваат. Секогаш зборете позитивно. Еве ја сега после скоро година дена - пее песничка за децата во градинка. Кажува дека сака да оди (може само така тропа) @drugarka Me потсети на мене. Вториот ден од адаптација беше врнежливо времето. Седнав доле во чекална да го седам тој 1 саат додека ја чекам. Низ едно просторче се гледаше салата за приредби. Мај беше. Се спремаа за завршна приредба големите дечиња. Се откорнав од плачење 45 минути гледајќи ги. Ми олесна и си ја замислив мојата кога ќе игра. Сите беа весели, уходани, уиграни. И сега ми дојдоа солзи. Ќе се навикнат. И ќе уживаат. И вие повторувајте си го тоа.
Душа Се откорнав и јас од плачење кога прв пат испаднав од градинката без неа. Стоев пред градинката првата недела. Втората седев дома облечена да ја земам. Третата се опуштив. Кој не минел прилагодување на мало дете не знае колку е тешко тоа се. Кнедла во грло на секое чао. Претешко.
Ајде,ајде арни сте.Мене првите бели влакна баш тогаш ми се појавија,кога го оставив за прв пат.А дете со насмевка влезе.И ниеден ден немаше заплакано.Ама од што ги слушав и гледав другите деца,некој стрес ме стрефи.Мислам дека од таа потешка недела сум немала.
Поминав низ тој период со керка ми кога беше таа возраст и знам како ти е.Секое дете своја приказна.Откако од плачење секој ден и наверојатно од некое друго болно дете фати, иако седеше само еден саат, ларингит па бронхит и лежевме во козле два пати си реков доста..нема веќе во градинка...Трауми ми останаа за цел живот од Козле иако сите таму беа професионални и љубезни и поминавме лесно.Се погоди тој период свекрва ми отиде во пензија и ја чуваше до 2 и пол години.После тоа ја пуштив во градинка и сосема друга песна ..За една недела се привикна, веќе разбираше и обожаваше да оди се до пандемијата.Еве и сега оди на 3 години и 5 месеци.Едно сфатив колку поголемо дете полесна адаптација.Затоа син ми после две години ќе го пратам
Ми беше тешко коа плачеше, помал коа го носев. Кога почнав од три год да го носам видов што е потешко-ни чао да не ти рече Скроз ме батали е тогаш се откорнав од плачење.
Ај баш ќе видам. Мојава ќе биде над 2 и пол години кога ќе тргне. Може тоа повеќе ќе боли, отколку пружени рачиња за да ја земам да ја спасам.
Јас му зборам одамна за деца, мнооогу ги сака, ги гали надвор им дава топки, се тресе од радост, многу сум весела раскажувам приказни за градинка од пред неколку месеци. Цело лето шетавме покрај градинката му зборев за децата, ама кај нас нема уште деца тоа е проблемот.
Што па ти мајка се замараш со комемтари од форумов?? Уживај си и терај си...на никој нишо не му дужиш,особено па на некоја од форумов! А секако,коа ти е тешко,нема некоја од овде да дојде и да ти земе дел од грижата...Башка,како е во реалноста, така и на форум-секој гледа ккако ќе се снајде,остај ти поштењсци што делат мудрост овде Иначе да,и јас едвај се снајдов за упис,и да-си плаќам редовно сметка и неносам дете у градинка се додека не одлучам спротивно....
Големата плачеше помалку, малото цели две недели се корнеше од плачење. Тек после тоа прифати. Утеха нека ти биде што е помал и побрзо ќе прифати па без проблем ќе го оставаш. Претежок е почетокот, после може и да си влегува со трчање без чао да ти каже на врата. Ќе биде ок
Апсолутно да за дете до три години. Фирмата не ти плаќа ништо за отсуството. 70% од дневницата ќе ти префрли фондот. И еден ден да е.