Труло е одамна. Не велам не. Еве во нашата градинка отворија нови места за деца, исто како да се е нормално. Може сум параноик, ама очекувам лош исход.
https://skopjeinfo.mk/bebe-zarazeno-od-korona-vo-gradinka-koj-kje-odgovara Каков хаос ни следи само... Скрининг на вработени не мораше сега, правеа пред некој месец, што. Крш.
Не знам зашто, ама ич не ми е за верување дека негувателките во ситуацијава се растргнати и дека освен што треба да внимаваат на две, три или пет деца во денот чистат и рибаат штекери и вц школки. Не другари, си има хигиеничарки кои се задолжени за истото, а они се задолжени да внимаваат на децата и да ги пресоблечат, нахранат или избришат задник после одење во тоалет. На 30 деца беа - леле, не се одржува огромни се групите, не можеме на крај да излеземе. Сега пак - леле, треба да гледаме две деца цел ден и да бришеме штекери. Значи, како да ви кажам ама не, не е така. Во нашата градинка само долниот спрат е во функција, немаат деца а и горе немаат услови. Во наша група нема ниедно дете, а пријавени беа дури 4. Во јасли имаше само 3, сега се две. По две жени се во занимална. Како да ви кажам не знам, ама буквално немаат што да прават па пак пијат кафенце со цигарче на купче.
Здраво мајки. Моето дете оди во Сончоглед градинката во К.Вода во јасли. Два дена отиде третиот ден болно, таман оздраве пак во градинка тргна во пон, ја зимам пак носот растечен, вчера пак исто плус почна и да кашла. Навечер не може да заспие се буди со кошмари вришти не може да се смири, што нокогаш не се случило. Плус цел ден само една пелена сменето + жедно... Дали имај некој исто да сподели искуство
За болно ќе се разболува. За жал првата година се скоро сите вакви. За другото жали се кај надлежните ако сметаш дека нема соодветна нега.
Мајки на породилно што сте и што имате поголемко дете, како постапивте во ситуацијава? Сега сме дома ама понатака ќе тргнеме на работа и ќе треба децава да одат во градинка. Носевте потврди, изјави, потпишувавте договори или статус кво оставивте ?
По протокол технички персонал не смее да влегува во занималните да чисти додека децата се внатре..смеат вц..ходници...од сабајле чистат дур да дојдат децата и пота кога се надвор се со цел да нема мешање со персоналот и децата
Дали има некој искуство на дете кое плаче во сон после градинка? Го земав денес релативно ок, ама сега на попладневнава дремка плачеше/се дереше, се бореше со мене 1 саат. Никогаш во живот не суж го видела таков. Не беше ни свесен дека ми е во раце, како се са преживува отпочеток. Не можев јас да се смирам после 1 саат. На раб сум да го отпишам.
Кај син ми се случи.Воопшто не плачеше,имаше преубава адаптација,ама од што ги слушаше другите деца како плачат,навечер му се одрази.Дали 2 ноќи потраја тоа и толку.
Кај мене малата плачеше ама само на попладневна дремка и тешко се издишувше, а навечер убаво спиеше. После 10 дена едноставно прекина.
Мојата лани врескаше во сон со месеци после ужасната (неуспешна) адаптација. Одеше две недели само по неколку часа, потечена од плачење ја земав и капак беше дерењето и рикањето во сон навечер. Бараше за раче да ја држам додека спие и само така не плачеше. Јас ја отпишав, си го послушав срцето и не згрешив зошто ми се истрауматизира детето ептен, никогаш ја немав видено толку исплашена и изгубена. Сега почнуваме друга приказна во друга градинка и пресреќна е, со радост оди
Бркаме документи за во градинка, вакциниравме, потврди едно друго, па се надеваме од следна недела да почнеме со адаптација.
Било која возраст да е, адаптација треба. Моето е во нај големата група па секој ден со плачки се излага од дома. Ама со поголемо можеш да разговараш, да го убедуваш, да му ветиш нешто ако биде умно во градинка.. Малите под 2 години плачат и нема начин како да ги стивнеш.