Ок, ама вие сега треба да почнете, мене сега ми почна породилното и негде на пролет ќе го пуштам поголемото во градинка, затоа ме интересираше дали има мајка во ваква ситуација и што во тој случај, да не речат после ааа нема место, а одеше во градинка пред корона и плаќаме паушал...
Послушај си ја интуицијата што ти вели и не слушај никого. Мене сите ме убедуваа дека треба да ја оставам да плаче и заоѓа, као нормално е тоа (а такво заоѓање не беше и не е). Само едната учителка беше искрена и ми рече дека нема да биде успешно, дека само го мачиме детето, не е спремно. По самите реакции знаев дека ќе и’ создадам голема траума ако ја оставам и ја отпишав, зошто си ја познавам. Просто не ми се верува сега како прифати да оди, нема заплакано, ги смирувала дури и другите деца да не плачат. Си јаде, си пие таму, се’ прави, додека во претходната градинка седеше гладна и жедна додека да ја земам, а е јадач голем. Како да е друго дете сега
Не би требало да Ви прават проблем, може да им најавите дека тогаш планирате да го пуштите во градинка.
Ви се има случено на потврда за вакцини исфрустрирана сестра да ви пише Детето не е редовно вакцинирано? Никој не и побара коментар, и требаа само примени вакцини, не и коментар. Ми иде да ја пријавам во комора, најискрено, чисто сумњам дека смее да напише такво нешто. Мене матичниот не ми прави проблеми за вакцини и како и кога ќе ги вакцинирам, она ќе ми прави. Кокошка! Иначе ни фали последна дитепер, не е дека сме на една вакцина останати.
И нас последна дитепер не ни е ставена,па сега кога земав потврда за прво одделение на потврдата пишуваше дека нема ревакцина од дтпр само,а и не и дека не редовно вакцинирано.
Абе мене не ме тангира многу многу ова, искрено, што сака нека пишува, ама не е нејзино да даде коментар. Па одозгора зајадливо. Имам до 5г рок да ја ставам, што она се замара со мене.Си зимаат сила мислиш којзнае што е.
И нас не ни е примена таа, а сега веќе и голем е, ама лани мене овде не ми ни извадија потврда без неа. Ми кажа докторката дури не ја прими нема да ми дадат. Лани беше запишан во приватна па само со картонот од вакцини го запишав, да не се расправам со докторките. Ова за во Битола, значи овде дефинитивно најстрого работат и измислуваат правила.
Па каде кога градинките во Струмица се реновирале? Или не се реновираат сите?! Така прочитав по групите, мајки извисени немаат кај да ги остават децата градинките се реновирале.
Денес негувателката за да го убеди см да спие му рекла татко ти ќе ти купи кран ако спиеш Остај шо не заспал, кој им дава право така да зборат?!
За во градинка упис не бараат да е примена мрп може сега и без неа, ние качивме тт еве од понеделникот сме дома така е со почетокот и колективниот имунитет