Како знаете дека е друг вирус, а не корона вирусот? дете со температура, не оди у градинка, ама било у контакт со другите деца. Ова ми е најпаника од се. Оти мојата да качи темп, од што и да е, јас ќе сакам тест, да знам дали е тоа, и да кажам на другите родители дали е корона или не, оти сигурно се паничат сите. Ама не исполнува услови по тоа шемата и нема да дадат тест, по ќе треба 4000 да платам. Ако у група идело дете со корона, а не го тестираат, и ај вируфче е, мото дете ќе отиде кај баба му и ќе ја оболи, а ризична е. Затоа ми е целата паника со градинкиве, по школите децата не се разболуваат толку, имаат имунитет, ама овде на месечно ниво се разболуваат. Како да знаеш дали е или не е корона? И за секоја темп да носиш дете на тест да му брцат у нос. Јас не разликувам обичен вирус од корона, пособно не кај дете.
па да. зашто не е во ред да се ветува дека нешто ќе му купиме кога мене ми доцни плата и да модрее дете од плачење ради неа.
Нема да знаеме. Кој има пари ќе тестира дете, кој нема ќе си го чува дома дури не му помини температурата и ќе оди пак во градинка. Тоа е.
Мојата тргна во градинка на 09.09 веќе на 14 ти крена тт 38.5 и така натака на 8 саати растојание, однесовме дете во Авицена к.с и црп се мирно ок нормално не гледам место за паника рече матичниот дека е вирус и му верувам ете трет ден ние сме ок денес тт нема и ќе се средиме ....
Кај нас пред неколку месеци качија тт, кај нив беше два дена, јас партал бев. Они не добија термин кај педијатар, мене матичниот ме тестираше, негативна бев. Пред неколку недели пак блага тт, пак не ни дадоа термин за преглед, да следам рекоа. Сега има зелена, жолта и црвена зона кај нас. Сега сме во зелена, значи може деца со блага кашлица да идат или мало течење нос.
Дали ќе ми кажат што точно треба да носам за градинка или сами одлучувате? Пример тренерки, топлинки итн. И дали за деца алергични има можност да се носи храна од дома?
Незнам како би прилагодиле, кога скоро се има млеко Што му даваат од прилика за појадок? И што ако некое дете скришум и даде чоколадо (многу филмови правам )
Мене прв ден ме прашаа за алерги, ама мојот нема. Ќе си кажеш, и кај нас во формуларот плус има, тој доктор што го поплнува.
Внимаваат. На другарка малиот е со алергии на многу работи па прилагодуваат. Е сега може ќе биде менито малку поеднолично, ама ќе е намирено.
Za potvrda za dvajca vraboteni roditeli zborime, deka dvajcata mora da bidat fizicki prisutni na rabotno mesto i zatoa deteto mora da odi vo gradinka zosto nema koj da go cuva. Ne za potvrda od maticen deka e zdravo deteto. Ama koj da cita
Па одговорот ни е на сите дека не треба таа потврда за двајца родители во приватна градинка, ако има место примаат деца... А ти прашуваш отпосле (Koja e logikata vamu da baraat potvrda a vo privatni ne? Vo privatnite da ne nema da se zarazat). Што има врска потврдата за двајцата родители со твоето второ прашање? Кај мене убаво си пишува одговор НЕ за прашањето, а после ти имам пишано што бараат само за примање.
Мојот беше со температура 2 дена,нос чешма и влажна кашлица. Симптоми не типични баш, ама матичната рече во пандемија мора тоа да исклучиме. Во ремедика ми рекоа класична настинка, нема потреба од тест, но јас неможев да седам мирна и тестирав. Негативен. Заради кашлицата завршивме и во Козле, таму ме искараа зошто сум тестирала, зошто не биле типични симптоми, немало никој болен и не сме имале контакт со позитивен. а по ккс и црп, баш нештп нема да дознаеш. Покачено црп,ниски лимфоцити дава и ковид.