У Ѓорче да, на познаничка. Мене добро ми напишаа, ама ипак се безобразни ептен. Јас еднаш ги пријавив му ставија друга место таа што требаше без да прашаат.
Текстот е изваден малку од контекст. Само во понеделникот било во градинка. Вчера му излезе позитивниот резултат. Сепак групата е изолирана.
Не примаат без ммр,мене денед ми се јавија од градинката да ми лажат што е потребно од дукументи да однесам,ммр прво ми казаат.
А што ако месецов маж ти не тргнеше на работа и го опишеш од градинка. И испаѓа дека следниот месец мора да почне со работа . Детето не запишано, нема место во градинките. Е поради овие причини повеќето си чуваат место. Еве моево не оди во градинка моментално го чува мајка ми која активно бара работа. Ако утре се вработи ќе мора да тргне, ама ако не дур не се поднамалат бројките не го пуштам.
100 пати е пишано и пак се фативте за мајките шо чуваат место. Јас ја пишав мојата приказна зошто чувам Верувам сите имаат по една приказна А тие шо им го "фативме" местото вакви како мене, што не појдоа првиот ден да однесат документи ... Или се чекаше тие шо нема да поднесат да користат уште мерки. Јас од цела недела последниот ден однесов и пак бев 8 по ред. Одеднаш кога ги скратија мерките на сите магично им текна за местото. Стварно мислам дека мислеа тие што нема да фатат место дека ќе ги остават уште дома. Жими мајка
Во нашата го примија без, само ни кажаа да ја примиме побрзо, после адаптацијата. Јас планирам да го боцнат средина октомври.
И кај нас го примија без, затоа што боцкавме превенар прво, ама секако ни е закажана за средина на октомври.
А што ако до другиот септември не тргне? Да чувам до тогаш место на некоја мајка животот да и го загорчам додека кубе коси како да згрижи дете? Не е фер. Лепотице јас одам на работа 3 месеци, работам во администрација и 3 месеци детето седи дома со татко му и гледа Влад и Никита за да може татко му да работи од дома, ама сега веќе не можеше. И ќе се фаќам и се фаќам, зошто не е во ред. Ајде да однесеш дете за недела две, ќе помине годишен, ама да се фалиш дека до март не го пушташ детето и упорно да држиш место, не е во ред. А кај нас има такви. Сто пати кажаа, децата нема да се отпишат, само да им се даде простор на оние кои им треба. Да можам да го чувам дома ќе го чувам, ама не можам.
Полошо е после адаптацијата да ја прими,пошто нели дома две недели треба да биде а само што се навикнал.
@AngelOfArh а зашто кога побараа потврди и ги правеа групите ти не го отпиша твоето од градинка? Зашто нели, чуваше место во градинка дур го чуваше татко му дома и кога веќе не можеше да го чува ти прва го пушти. Епа така и другите прават и ќе прават, што не е јасно? И ти чуваше место од март до сега, нели? Не е убаво да се збори против сите, ако и ние истото го правиме.
Па никој не спомна дека ако не однесеме потврди дека ќе се отпишат децата. Идеата не беше да однесат сите потврди туку оние на кои им треба да однесат. Може јас сум грешка еве не знам. Зошто кога спомнаа треба потврди рекоа оние на кои им треба, оние кои немаат избор да работат од дома, јас прашав што со нас другите и ми одговорија дека кога ќе ни треба тогаш ќе носиме. Јас однесов денес и денес тргна, не во неговата група зошто е пополнет бројот а не одат, туку во друга. Никој нема да отпише дете.
Така од градинка ми предложија, ќе видам матичен што ќе каже во понеделник. Инаку и јас помислив исто.
Кое место сум го чувала? Кој одеше од март до сега во градинка? Зошто да го отпишам? Знаеш некој што отпиша дете овие 6м? Освен тие првачиња што тргнаа и тоа го направија во последен момент за да може да користат мерки до крај. Сопругот мој фала богу работи од дома цело време, откако остана без работа почна од дома, па се чуваа додека беше можно, до вчера, денес тргна. Прашањево уште не можам да ти го разберам.
А што ако мора да тргне другата недела, после јас ќе кубам коси како да го згрижам детето. Ги исполнувам сите услови за да може детето да тргне во градинка и местото ќе си го чувам.
@AngelOfArh друго мислам се збореше. И уназад кажав. Јас не однесов потврди. Местото ми е сочувано. Групите се распределија без разлика. Не сум отстапила место со тоа што не однесов потврда. Бар кај нас е вака.