Кажаа дека епидемиолошката состојба ќе покаже дали во иднина ќе треба повторно да се затворат градинките.
Каква неизвесност! Како да се организираат родителите? Како работодавците? Како да ти даде некој сериозен проект кога висиш?
Значи потполно непромислени одлуки. Како да се организираме, ќе одиме на работа, нема да одиме, што да им кажеме на децата, и најважно, работодавците во неизвесност како да ја организираат работата. А богами, со денешната бројка од 180ина и тоа во недела, кога за викенд секогаш најмали бројки се ваѓаа затоа што помалку се тестираат, не знам кој паметен би пуштил дете (освен нели, ако не МОРА) . Речете дека претерувам (дека не сакам да одам на работа, а верувајте оооо колку сакам да е се нормално и да одам и разговарам за работа со возрасни, да работам, да имам други обврски освен јадело не јадело, какало не какало) , ама не, не сум за пуштање на најмалите во огин. Досега кога се седеше дома, ќе се доседи и во овие неколку месеци.
Јас не знам што ви е чудно. Така ке биде и во наредни 2 год. Ако има влошување може да ги затворат сите градинки,може да ги затворат таму каде што ке има влошување. Тоа ке биде.
Епа не тргнати на работа веќе станува збор за повторно седење дома Како ќе налага ситуација , така ќе се носат Одлуки.
Државна. И од она што се информирав вирусот бил активен периодов - т.е. кај децата имало некој 3 дневен вирус што почнувал со стомак па после како настинка. На ФБ една мајка пишуваше дека и се случило идентично и многу се надоврзаа.
Кај прочита дека утре ќе заседава, не видов...? Јас прочитав дека ако се влоши можно е да очекуваме затварање... Ај прати линк плс
Кај нашата градинка има премногу гужва. Затоа пуштија известување дека кој не донесе дете од 1 Октомври, ќе му биде тргнато од група, тоа што го викате отпишано. Всушност не е отпис во прашање туку прераспределба на дете во друга група, или и тоа ако се пополни во друг клон или објект.
Само да го најдам линкот и ќе постирам. Вчера и на вести Исјановски изјави дека денес во 8 часот ќе се одржи состанок нс кој ќе се збори за дневниот престој и веднаш се надополни дека нема "расположение" за отварање за да се згрижат после училиште децата од прво до трето одделение. А она со затварање на градинките беше нафрлено како муабет од него дека ќе ја следат ситуацијата и ќе решаваат постапно.Наводно на две недели се донесувале одлуки како понатака. На порталите на нет, веќе се бара одговорност за дечињата во струмичката граринка и се спорат Директорот на граринката и росителите кој од кого се заразил и дали навистина се почитувале протоколи. Едит Еве линк https://faktor.mk/nema-celodneven-p...omisijata-za-zarani-bolesti-pred-vazni-odluki Уште еден: https://telma.com.mk/2020/09/21/комисијата-за-заразни-болести-денеск/
Жени има ли некоја информција официјална, за оние родители шо тек треба да почнат на работа? Еве јас треба 1ви октомври, се надевам, ама на пола работно време, и детево шо да му праам? Некои велат дека само потврда со полно време, така примале. А ако се 4 часа, као демек помалку, можи само да се чува работава испаѓа Од групата шо ја имаме на вибер, ни учителка ни негователка ми одговара на прашањето. Зошто е олку хаос се?
Примаат секаква потврда, само нека ти дадат. Нека не наведуваат дека си пола време, што има врска тоа. Ти одиш на работа?! Да! Потврда дека работникот треба да биде присутен на работното место и толку.
А претходно треба да побарам дозвола од градинкава, да не биди на врата со потврда од работа, со потврда од матичен, да ме вратат па ќе речат не си кажала, те нема на список бла бла? Јас да земам потврда, и да напраам брис и потврда од матичен ко ќе планирам да до носам или како?
Прво јави си се во градинка, прашај и кажи им дека сакаш да го однесеш детето нели. Ако нема во неговата група место да ти најдат. И после вади си документација.
@kikin, @kalinaka е баш за ова се нервирав. Чувате место за да има ако имало потреба. Јасно кажаа само тие што имаат потреба веднаш да пуштат деца да однесат потврда, другите да чекаат. Во Октомври може да важат и други правила. Ама таквите како мене што слушаат препораки испаднаа магариња во целава ситуација. Глупаци невидени зашто почитуваат правила. Па уште и еве криви што почитуваме правила. Браво за вас што да кажам друго. Ама немојте да се бините веќе никогаш во животото дека системот кај нас чини. Јас не однесов потврда на почеток зашто маж ми работеше од дома со решение такво и јас исто. Сега мене ми се смени решението и одам физички на работа. Маж ми има поинтензивни активности во есен и не може да го чува. Местата во групата се пополнети фиктивно од луѓе што чуваат место и ако однесеме потврди ќе оди во градинка ама во друга група со друга учителка можеби и во друг клон. Фер ли е ова кон детето? Еве само тоа кажете ми? Дали е фер кон детето да се прилагодува на нова група, на нови протоколи во ваква стресна ситуација каква што е кога во неговата група одат само 9 деца а другите чуваат место. Не е ли жално кон децата?
Али секој за својот грб се секира нормално. И јас можев за септември пример да земам потврда, еве имам луѓе ќе ме пријавеа на еден месец, ќе ми направеа услуга, само колку да оди в градинка, ама не, секако бев дома, дома ќе си седи со мене. Е сега кога најдов работа, макар и 4 часа, не е фер да ми оди во друга група, подобро ќе барам било каков друг начин отколку да разочарам дете и опет наново со други деца и други воспитувачки, а овие неколку месеци си ги бара другарчињата шо си ги знае нормално. Е сега во нашава група може се неколку деца само, а повеќе од пола се со однесени потврди, ама децата дома. Некои имаат баби, дедовци, плус градинка на избор, а некои немаат ни едно ни друго, имаат опција само да седат без работа дома оти немаат излез друг.
Не чувам место за ако има потреба. Кај мене ИМА потреба. Не знам кој дел не ти е јасен, или од кај помисли дека немам потреба. Нигде не спомнаа од октомври други правила ама не ми е приоритет да се расправам на форум. Неколку страни наназад имам пишувано за мојата ситуација. Ако толку те интересира, барај. А пошто вака има најпоштени, попоштени и од поштените, нема да се мерам во тоа.
Во рок од две недели се сменија правилата златна. Прво беше само за тие каде двајцата мора физички да бидат на работа и нели имаат итна потреба од згрижување на деца. Сега се прошири за сите вработени родители. И сега испадна дека на тие што ептен им беше итно да им појдат децата во градинка си ги чуваат дома, запто поваѓаа потврди дека мора да им оди детето во градинка за чуваат место да им се најде за во иднина, а на втората група во која спаѓаме ние што игравме по правила и чекавмо да ни дојде ред да пуштиме дете во градинка кога ќе испониме услови во моментот кога ќе исполниме услови да нема место заради чувањето места. Ако не ти е јасно правилата се менуваат во зависност од ситуација. Ама еве нема расправање по форуми ти си во право свака част.