@AngelOfArh мене ме интересира што пиете,те молам пиши овде или во лп и ние сме пред тргнување во градинка и баш ја мислам како ќе се адаптира. Колкаво е твоето?
https://netpress.com.mk/chetiri-dec...i-od-koronavirusot-se-zarazile-od-roditelite/ Да не знаете за кои градинки се работи?
Што кога почнуваат мрсулите и кашлуцкањето?! Не е болест во прашање значи, кивна три пати, процеди носе и го оставив дома 5 дена, денес се вративме. Бевме кај лекар ама вика здраво е, право е, не е болен, нека поседи дома за секој случај ама не е нужно. Нема тт, нема друго ништо, сега дури ни нос не тече веќе. Ај дајте совет, пошто тоа не чека.
Не знам и јас се чудам за истото. И мојов е дома зашто во Неделата киваше, во Понеделникот беше цел затнат ама сега е добар. Ќе биде дома до Петок демек за убаво да се опорави според матичната па од Понеделник пак градинка. Ама ако вака биде појди застани кај ќе ни биде крајот.
Во нашата градинка цела група од 4 деца беше со затнат нос. Воспитачките рекоа дека е од настинка, зашто голем дел од денот го минуваат надвор, трчаат, играат, се потат, ама и во занималната прозорите често се отвараат. Ни рекоа да не ги оставаме дома, да ги носиме. Јас ја капев во по топла вода со сол, два дена топла пилешка супа, и стандардните витамини. Помина за два дена. Сега цела група е ОК....е , до кога-незнам.
Според нашиот матичен уште одма беше за у градинка, кс стакло, од кај го вади тоа хгб 150 не знам кога јадењето му е вегетаријанско, месо не става во уста, риба дабетер, спанаќ само со лажење мада и тој не го јадел одамна... Од нога пројде се, кив кив, кав кав, шмрк шмрк и толку. Јас мачкам една маст Експулмо за настинки и појачав витЦ.
А ние веќе неколку дена сме дома ради нос и кивање. Па и мене ме фати од него. Ми текна пред една год исто вака бевме болни, само многу полошо од сега. Иначе не смее во градинка ваков..
Хемоглобинот може и наследно да е така. Брат ми ко мал, а и сега, ништо не јадеше, хемоглобинот нонстоп над 160. Исто и мене, како мала бев слаба, бледа, со молење јадев, ми проверуваа често крвна слика, 160 ми беше стално. И после царски 150 хгб имав. Инаку за носето ние дома сме, па раскивани сме деновиве сите, насабајле со затнат нос, од промена на време е изгледа.
Досие од книжара заверено кај матичен. Потврда за здраво дете Потврда за редовна вакцинација Извод (копија) Потврда за вработување од 2 родители И после потпишувате договор и ви дават уплатница, и таа ја носите на првиот ден.
Lelle na kraj na mesec treba da ja nosam... koskite mi se mestat... Bebus mal so mali ocinja, racinja, mucence, cuca 24/7 a jas treba da ja ostavam sama...off (Izvinete vi se tazev ama mn se plasam)... Denes uste edno dete zaboleno vo Aerodrom, kako ide vremevo taka poveke panika me faka!
Жени кажете дали и што им давате на децата за појадок пред градинка? Би сакала да ја хранам пред градинка,да си појадува дома или барем овошно смути. Ми треба нешто што би ја држело сита. Во јасли на врата еден список залепен а им давале сосема друго,слушам денес за појадок имале еден кекс и млеко! Како е можнооооо? Ме фаќа паника а и нејадач е.
Јас пред градинка давам дома само смути. Детето има сега 4 и пол години а во градинка тргна на две и пол. Оттогаш сме со тој ред. Во градинката каде што оди што пишува на врата тоа добиваат за јадење. Го проверувам што јадел и баш по мени кажува дека јадел. Колку количински јадел не знам и затоа кога доаѓа дома јаде ручек со нас и потоа вечера.