@Ano градинката се наоѓа во Чаир сеуште постои,незнам како и беше називот во времето кога јас одев (пред повеќе од 25 год) но пред неколку години го сменија името на градинката во Фидани! Бевме во иста група со брат ми во јасли,јас имав 3 тој 1 год и правеше проблем за спиење и го пуштаа во просторијата за играње за да го тргнат од нас кои спиевме. Кој имаше роденден не мораше да спие добри времиња беа тоа,но сега се е изопачено,не ни помислував да прашам за упис во таа градинка од лични причини.
Кај нас кој не спиеше одеше во просторијата за јадење. Е тоа беше различно. Јадење се служеше во посебна просториј како менза, а престој и спиење во друга (ова во Аеродром) Ова би било идеално да е секаде. Ако ништо друго од хигиенски причини, а и од практични како погореспоменатите. Не сите деца сакаат да спијат.
Мајки сакам да слушнам искуство на оние со подолг стаж во градинка. Малиот иде веќе 1 месец, убаво си се адаптира ама веќе два пати ми е со растечен нос од недела дена. Првиот пат добро беше, брзо се среди, ама овој пт веќе 5 ден нема изгледи да престане да тече. Аспирирам после синомарин и Марисимо и излегува страшен секрет. Прво прашање ми е дали да го носам на педијатар а второ дали да иде во градинка. Читам многу искуства овде дека на почетокот сите деца мрсолавеле ама сепак сакам да слушнам ваш совет.
И тоа се залепени до прозорите а прозорите отворени на кипање,негувателката под прозор ги чува седната на столче пуши цигара со маската на брада. Кај мојот во група ќе се сите родени во 2018 година,мојот пак најмал ќее бидејки е на крај. Мислам полесно ќе оди вака со говорот ама ќе видиме. Во нашата даваат ли секој ден чај или компот? Мојот не пие многу вода па дали би било проблем јас да му ставам во ранче шише со сок.
Кај малата во групата се +-3м разлика како што можев да увидам нема многу мали. За учење еден од друг секако, во право си. Не се кај нас многу по 2 воспитувачки на 6,7 деца.
Има еден досаден вирус моментално сите не помина. Носот и течеше десет дена. И мене. Ако е секретот безбоен и леплив можеш да го носиш детето во градинка. Секако да нема температура, да не го боли грло, да нема кашлица. Пушат пред прозор фактички и димот влага внатре? Јас војна би отворила ако им мириса училницата на цигари.
Јас те разбрав 1 кекс и млеко, што скроз различно од бисквити и млеко. Бисквити и млеко давам дури и јас иако многу внимавам на исхраната. Не е храна од соништата ама не е нешто лошо. Дека пиша едно на список друго даваат, за тоа мислев дека дале на некое дете бисквити и млеко ако не јаде тоа што е на мени. Моето пример млеко не пие и затоа добива лепче мачкано со некој чај. Иначе 1 дете чини околу 9000 во градинка, а тие пари доаѓаат од партиципација што плаќаме, даноци преку општина и мтсп, на тоа мислев. А за спиење кај нас е иста просторија само оддвоена физички со плакари. Ако нема тт, мрсулите се проѕирни и не прават проблеми, џабе ќе одиш на доктор. Без тт не се проблем мрсулите и не даваат ништо. И покрај 3г градинка уште сме со мрсули. Нормала е тоа. Билдај имунитет, чисти редовно и навикни се. Кај нас не даваа ни претходно а сега со короната па ич. И не би требало, оти едно ако пие сите ќе сакаат и оп ширење бактерии. Подобро немој, мада мислам дека нема ни да ти дозволат. Кај нас ни за роденден не дозволуваат частенки.
Не даваат воопшто шишиња од надвор. Не знам како е кај вас, кај нас не е дозволено и никој не смее. Недајбоже нешто се деси, од кај ќе знаат дали му е од сокот или нешто што јадело, се оградуваат од одговорност. Башка тоа се бебиња, овде ќе го остави шишето некое ќе го дигне у вис, ќе го испие, плунки мешање колку сакаш. Кај нас и цуцли забранија затоа, само бактерии си мењаа. Не знам дали би ви дозволиле искрено.
Има таков вирус, без темп, само тече нос мнооогу. Јас го носрв на доктор ни даде оперил за деца 5 дена.
Ретко кај има одделна просторија за спиење. Кај моиве дечиња има практични кревети кои се редат во плакар еден, па во просторијата исто како да нема кревети. И во приватните нема одделни простории... Порано за порано, порано имало помалку дечиња во градинките, сега нема место за групи да направат, не па за секоја група одделна просторија за спиење.
Vo Kisela Voda vo "Soncogled"imaat posebni prostotii za sedenje i jadenje, posebno za spienje i sekoja zanimalna e renovirana. Taa e najgolema gradinka sto ja znam so najubavi uslovi, e sega so najmalovo ke bideme vo druga, od sega i se tresam kako ke bide!
Soncegled e kaj parkot so pecurkite,na Lokov. Sega ke sme vo druga zatoa sto ni trebase mestoto ,nema mnogu prostor za biranje so pandemijata, inace najmnogu ni odgovara mimoza.