Кај нас е до 2 години, плус минус. 1 е до годинаипол, 2 до 2 и 3 до 2ипол. Синко беше 2 и 4м кога тргна и не го ставија во 1 мала туку во 3 јасли.
Нема јасли 3, над 24м тоа се веќе воспитни групи. Јасли се до 24м, а зависи секоја градинка различно ги дели. Некаде се сите мешани од 9м до 24м, а некаде се поделени од 9-18м, 18-24м. Во нашава над 2г веќе е првата мала група.. До 24м.
Кај нас се 3 групи, Бебе, Ѕвездички и Пајче, Бебе е до 18м, Ѕвездички до 24м, Пајче до 30м. Матео беше 28м и не го ставија во 1 мала, го ставија во Пајче.
Прв пат слушам таква група да има, обично се 9-18, па следната е 18-24, или пак овие две мешани 9-24м. А после си се 2-3, 3-4, 4-5, 5-6.. Може дека има многу деца и простор плус ги делат и така..
Јас што сум читала, праела муабет, само кај нас е вака. И искрено ми се свиѓа. А не премали за 1 мала, па со пелени и цуцли да треба да учат песнички.
Пајче не се јасли. Воспитна 2-3 години се. Нема креветчиња бебешки, сами јадат (друг распоред е, различен е од бебињата), имаат нокширчиња. Само просторијата е кај бебешките групи.
три дена како што почна по еден саат го држат цело време плачи вез престан незнам дали ќе се навиќне:/
Во јасли се, прва мала е од 3-4. Моето лани беше прва мала, а пред тоа во Пајче одеше. Иначе да, друго е, дури и учат песнички.
Ние после 4 недели имаме напредок. Не се секирај. Јас бев избезумена, вриштеше со саати, бев на раб да го отпишам, уште спиењето да го прекршиме. Таму се смирува, си игра, јаде, сеа и потплакува ама не е ко на почетокот. Дури сега и чао им вика на негователките.
Кај нас се делени генерациски по година кога се родени. Пр кај мојата сега се втора мала и се генерација 2017, лани беа прва мала.
Кај ќерка ми во градинка има заболена воспитувачка и негувателка, цела група е во изолација. Директорката кажа дека немало мешање на групите и на колешките меѓу себе, па нема потреба останатите во карантин да одат.
Да и кај нас така. Минатата недела заболе нашата воспитувачка само нашата група е во изолација. Другите групи не се бидејќи немаат контакт меѓусебно.
И во нашата градинка имало некое дете позитивно, ни јавија пред некој ден. Групата била во изолација.
Што е потребно за во градинка ? Во смисла на топлинки,резерва алиштенца....што носите во ранче? Да знам што треба да спремам наскоро ќе трга бебе во градинка. 12месеци е,ако има некаква врска воздраста
Пелени, крема за газе, резерва комплет облека и влажни. Ние и пластични чаши однесовме, ама тоа ќе ви кажат од градинка.