Облека за едно целосно пресоблекување (боди, тренерчиња, чорапи) 4-5 пелени, влажни, пижами и тоа за во ранче. Топлинките ги носиш и стојат таму.
Добар ден..поракава не е за тука ама морам некаде да напишам.. Ни стигна порака дека во наредните 2 недели ќе се реновираат тоалетите и ќе треба да ги носиме децата во друга градинка... се прашувам ШТО ПРАВЕА 6 МЕСЕЦА..многу сум изреволтирана, дури и несмееме да коментираме ??/ значи се претера...
еве денес трет ден носот му течи ко вода незнам стварно како се разболи. , пак плачел цел саат што беше таму...
Ние од вторник почнуваме Уплатницата уплатена ,лекарска потврда земена,договорот и досието уште да ги потполнам,шопинг во недела и Дадо е спремен
Прв ден,многу плачеше за 10 мин ми го извадија. Како ќе не биде јас незнам. Негувателката вика не ги ни погледна децата. Битно и мафташе кога го земав.
Не одеше во јасли, почнавме во прва мала група на 2 години и 4 месеци. Адаптација 2 недели по 2 часа, па 2 недели по 4 часа и еве втора недела веќе со спиење. Првото утро супер, второто веќе сфати каде оди па се расплака пред врата. Имаше утра кога влегуваше без проблем, а имаше и кога ќе заплачеше, но цело време по пат до градинка и зборувавме колку ќе и биде убаво таму и ќе си игра со дечињата и дома кога ќе си дојде и покажувам слики што ни ги праќаат од активностите во градинка и супер си е. Среќна оди и среќна си доаѓа, а знам дека ќе има утра кога ќе биде поспана и кенкава. Е носот и е неколку дена растечен, па ќе се управи и така во круг.
Адаптацијата зависи само од детето или и од негувателките? Денес за разлика од вчера поминавме одлично,малце заплака на влагање и кога го зема негувателката,осгана еден саат внатре без плачење. Го ѕиркав од прозор за мерак си играше со едно детенце,искочи негувателката и ми кажа супер е но за денес толку. Нели ако ме плаче може да си остане повеќе или вака е сегде редот по малце?
Кај нас само првите 2 дена ми кажуваа во колку да ја однесам. 3-от заспла сама... и ми рекоа од понеделник(дека петок беше) ќе пробаме со доручек и до кога ќе издржи. И се навикна одма без проблем. Само од 1 негувателка плачеше, на зимање, ама внатре се смируваше. Викаа аааа ти јазнам ја тебе фората, сеа ќе јадеме и дете мирно Е сеа тоа дете шо не можеа да го најадат и градинка, нишо не јаде ама тоа друга тема е
Незнам затоа прашувам Гледам од другите групи си разменуваат броеви за вибер група. Јас кај да ги најдам мајките од на моето групата? Или негувателката прави група? Како сум ѕиркала од прозорите се надевам не ме сликал некој.
Не знам каде да ги најдеш, јас имам комшивка па таа ме додаде, во иста група одат децата. Негователките не прават група. Внимавај да не те види Дадо на прозор, ќе плаче.
Кај нас воспитувачката направи група. Можеш да ги побараш телефоните од сите родители (има таа список) и да направиш група. Мене Вајбер групата со родителите ми е многу функционална. Воспитувачката секојдневно не известува што работат дечињата (по програма) за да знаат и оние кои седат дома (кои се во ризик-група) да следат ,,настава,, Плус секој ден добиваме слики од децата како играат , лепат, цртаат, не верувам дека постои родител кој не сака слика од детенцето додека е во градинка. Минатата недела беше недела на детето. Многу сум задоволна од активностите. Оваа недела е недела на исхраната, меѓу другите активности, во петок ќе прават зимница.
Мој совет, не ѕиркај, полошо си праиш и ти и за детето. Кога јас моето кога го навикнував имаше една мајка ѕиркаше, прво негователките и воспитачките не ја сакаа, а после и детето се научи и а ја видеше пред прозор плачеше, па после плачеше за да ја види и никако на крај не се навикнаа.
Рефке супер штом така комуницирате со наставничките..кај нас не е така.. Минатата недела праќа на вибер гурпа дека децата 2 недели ќе бидат во друга градинка. Нормално прво беше изразен револт од страна на родителите , па и не до толку негативни коментари туку општ муабет дека требаше да изреновираат тоалети додека децата не беа во градинка не сега..имаа цели 6 месеца а башка па тоалетите се најважни во градиниката..нема врска ок тоа..Наставничката "згрозена" од нас родителите од негативноста, не било местото на вибер групата за тоа, многу се растревожила и не упати кај градоначалникот на општината да се жалиме. Не ми беше јасно како во време на скратено работно време на администарција каде комуникацијата е сведена на интернет и он лине да ја нервира комуникацијата на вибер??? како може да не сака да коментираме, да ја прашуваме, се изненадив, мојот син пред 10 години одеше во градинка па таа постава на наставнички со оваа е премногу различна (за истата градинка се работи), допирна точка немаат..Многу ме изнервира ароганцијата на наставничката , неможам да разберам зошто да има негативен став спрема вибер групата и самите родители..дала информација нормално дека ќе има прашања и недоумици ..е сега баш ќе споделам дека некои наставнички споделуваат се што парват децата во градинка...
До човекот е. Оваа наставничка е отворена за соработка. Претходната не беше.Ама од што немавме видено поарно, незнаевме дека постои ВОСПИТУВАЧ во вистински смисол на зборот.