Мојата само од 1 воспитувачка не плаче. Таа ја зима, ја чува и ми ја носе. Сабајле ја зема друга и плачеше многу, па внатре ја слушнав нејзината како вика еве ме дојдов, малата секундарно престана да плаче. Нормално е на почеток во 1 да имаат доверба, другите не ги познава...
Nie pocnavme vo gradinka, denes ni e 3 den. Prciot placki mnogu,vcera malku, a denes uste pomalku pa duri i zaspala. Sega ja cekam da ja zemam t.e da stane. Se nadevam ke se navikne vtornike mama na rabota...
И кај нас е исто,трети ден замо првиот плачеш,вчера многу малце денес само ма влагање. Еден саат седеше,супер бил ама бил многу немирен се качувал на столчињата и им ги зимал играчките на децата. Се надевам со тек на време ќе се смири.
Тоа значи дека брзо ќе се привикне. Обично деца што се опуштаат да прават “бељи“, да се “немирни“, брзо се привикнуваат. Со лесно!
Само мојата ли неможе да се навикне.. 2ра недела еве, 4 дена плаче, 1 не... Од 1ч подолго нема останато.
Фала ти, ми дадоја сметки за Март и Семптеври, потпишав изјава и толку, е сеа ке одам да си ги земам работите, пижамчињата и папучките
Ќе се навикне не се нервирај , само позитивни работи и збори за градинката и ќе биде. Едно дете се адаптира до 8 недели така да има време ќе научи.На мојата 2 месеца и требаа може и повеќе со болестите ама откако свикна не сум имала фрази и фази"не сакам на градинка"Со лесно
Фала на позитивата Зборуваме само убаво, се надевам дека ќе се навикне. Денес со мрсоли па си седиме дома Пред да почне во градинка имав друга замисла, дека ќе трча на кај неа
Мојот 4 недели плачеше, на раб на нервен слом бевме, мн долга адаптација, таму одбивал да јаде, да пие вода, буквлно до 12 часот беше прегладен и преморен, мислевме никогаш нема да се навикне. Саквме да го отпишеме и да бараме приватна градинка. Среќа преку ноќ почна да јаде и спие и да си игра таму после еден месец. Сега викаат супер бил. Уште не ми се верува и со страв го носам. Не сум раат цел ден додека ми кажат дали заспал. Еве два дена спие, уште сме на трње, ама валда ќе фати веќе ред. И ние втората неделa бевме на еден саат.
За отпишување не помислувам сега за сега, проблем е што вриште и не се ни заигрува затоа далеку ми изгледа адаптацијата.
Мајки со мм сме во мисла многу Сега со ситуацијава одкако почнаа градинките одеа редовно освен овааа недела цела беа дома бидејки се со затнати нос и кашлица Се мислиме да ги отпишеме заради ситуацијава а и со оглед на тоа дека и двајцата сме дома Малку сум во мисла мм вели догодина керката почнува со училиште јас мислам дека сега и е потребна градинката да учи да пишува Она и дома работи со мене кога сака ама почесто играат игри двајцата Незнам како да постапам како би било најдобро за двајцата Секој совет би ми бил добредојден да се одлучам што да направам
Па како ги пративте ако сте дома и двајцата, нели услов беше да се двајцата родители на работа. Неважно, само ме зачуди. Иначе и да не беше коронава пак носовите ќе им беа мрсулави. Ако немате потреба не ги праќајте.
Од село сум Градинката е во село и прашавме дали може да одат во градинка иако сме невработени и двајцата ни рекоа дека може и почнаа со градинка Знам дека и да не беше коронава носовите ке им течеа тоа си е секоја година Туку овааа што нон стоп даваат по телевизија дека станува се полошо тоа ме плаши Мм остана без работа во Март месец, одтогаш си работиме дома така да не бевме баш дома ама не бевме ни вработени
Ако немаш потреба не ги носи, ама јас би носела. Ризикот да се заразат дома е ист, сигурно излегувате од дома, ви доаѓаат, имате контакти, подеднакво е можно да се зарази дома како и во градинка.
Секако дека можноста да се зарази во градинка е поголема. Никому не солам памет, секој со своето мислење, ама да не се лажеме. Детето дома ќе има контакт со луѓето со кои имаат контакт оние со кого седи дома - најчесто родителите и бабите. Ако оди во градинка, тој ризик останува, но се додаваат и луѓето со кои имале контакт децата во групата и воспитувачките, значи експоненцијално поголем ризик.
Доколку седат дома домашните да, ама доколку не и се движат во кругови во кои Короната е прогласена за умрено (пример на нашиот златен југоисток во корона не се верува дури и со 50 болни на ден) богами не е така. Апсолутно дека контактите се поголеми, кругот е поголем, ама животот мора да продолжи, мора да се работи и да се функционира.
@AngelOfArh и јас сум од југоистокот и знам дека многу не веруваат Мене ми е страв имам пишувано за керка ми дека има тромбофилија и затоа не сакам многу да ризикувам Мајка ми на аеродром во Германија излезе позитивна а со неа бевме најмалку 8дена пред да заминат заедно каде беше таа и ние бевме Да не требаше да заминат и да не и направија тест таа немаше да знае дека има корона бидејки нема никаков симптом и не и е баш ништо