@Cka, малата моја беше во изолација, ни јас ни мм не бевме. Користевме одмор. Истото прашање му го поставив на епидемиологот одговорот беше тој што ти го пишав. Ми рече вие слободно одетеси на работа, доколу сакате може изолацијата да ја пишете на адреса кај баба дедо па вие да го посетувате детето.
Каде и кога ова? Во моментов не е така, ви кажувам од моментално искуство. Иначе проверуваат родители дали седат дома. Не може баба дедо ако иде во градинка, во спротивно зошто го носиш ако има кој да го чува нели?
Во изолација си? Ме интересира решението како гласи. Оти ако не оди дете у градинка (како моето) а било у контакт, дали ќе дадат решение и за мене? Оти не е фер свекрва со 100 болести да чува потенцијално заразено дете, ко осуда за смрт е тоа.
На телефон не ми креваа, а кога ја зедов рекоа дека не смеат да кажат која е заболена, ако ме интересира нешто повеќе да прашам кај главната во канцеларија. Реков добро се надевам дека ќе остане на еден случај, ми рекоа и ние се надеваме, чао. Се прокашла дете пред 5 минути. Да се обезбедам сега со парфеми, благо, солено, за да пратам ситуација со мирис и вкус.
А сите други врботени идат ли? Мислев барем од истата група воспитачките во изолација ќе одат. Се надевам ќе биде се ок
На 09.10 и заврши изолацијата. @Cka и да оди и да не оди во градинка, доколку само ќеркати била во контакт со заболено лице само таа ќе биде 14 дена од контактот. И мене не ми беше фер да ја чуваат моите, и јас се расправав со епидемиологот ама џабе. На решението пишува само одговорно лице (ти или мажотти), но вие не сте ослободени од работа врз основа на решението.
Јас бев ослободена на добра волја на работодавецот 1 недела, другата недела сопругот. Не се мешавме со луѓе ама си одевме на работа заштитени како и обично. Во изолација одат само тие што се прва линија, во случајот децата.
Да да групата е целосно затворена, сите воспитувачки и деца се во изолација до 28.10. А знаеш ли ќе добиваат плата родителите? Во таа група одат само деца на кои двајцата родители работат на цело работно време. Убедена сум дека најкасно за 30 дена ќе ја затворат и групата на малата.
Инаку најсмешно од се беше епидемиологот кога ми рече детето од 3 год ако можиме да го изолираме во посебна соба и да немаме контакт.
Искрено не знам околу плативе. Кога имаше варичела, а Ели невакцинирана, мораше изолација, мене ми даде боловање педијатарот...ама ова е сосема друго.
Не сум ама го имам видено решението, дете и 1 родител, и се јавуваат кај одговорниот родител и ако не е дома ако дојдат на проверка казна плаќа родителот. Глупо е што и двајцата родители се нели потенцијално заразени, ама само 1 добива и со тоа решение е ослободен од работа. Ова е во случај градинка и корона во група. Секојдневно се расправаат во група баш за ова и им е проблем пошто на работа приватњаците не им го прифаќаат како изговор. Е сеа кај тебе со оглед на тоа што дете не иде во градинка како иде не знам, стварно не знам за каков случај ми збориш, зошто дете ако е контакт ваљда и ти си, не знам искрено. Ова Кики рики што кажува ме буни, зошто кај нас на родителите им било напоменето од полиција, ако не сте дома казна, изолација важи и за 1 родител.
И јас знам дека е вак,мојот при крај на изолација сакав да го тестирам и епидемиологот ми кажа ако испадме позитивен,еден родител пак ќе седи со него во изолација. @Cka Кога си во изолација плата 100% зимаш.
И мене ме чуди колку од град до град има разлика. Како да не важат исти закони. И решението го гледам сега само за малата е нигде нема ослободување на родител. Кај нас втората недела од изолацијата кога почнав на работа ќе се јавеја од полицијата да прашаат за детето, јас им кажував дека сум на работа, а малата дома и тоа беше тоа. Никој ништо не рече.
@Cka @AngelOfArh нема никогаш да се дообјасните... Еве сум во изолација заради дете, двете наставнички од училиште позитивни. Прваче, следеше настава со физичко присуство. Седам дома благодарение на разбирање од работодавец, башка и работата речиси 100% можам да ја завршувам и на Марс да сум. Решението, колку што разбирам од прочитаното, се однесува само на детето. Не не прашаа ни кој ќе седи со него, ни на која адреса. Дали од ЦЈЗ или од училиште, од старт грешка во чекори. Пишале мајката и адреса на живеење, податоци преземени/дадени од училиште. По протокол требале тел да не контактираат, јок. Две решенија добивме, со 2345 грешки, едно без, друго со потпис И јас зборев со епидемиолог, вика решението е за детето, ама и тебе ти служи за покривање отсуство од работа. Друг вика, не, снаоѓајте се за чување Веќе не знам што пишав, што не. ХПЛ...прашајте конкретно нешто ако можам, што можам да помогнам. П.С.Детево во решение има друга мајка, ми го утнале презимето На прва проверка од полиција не бевме дома, логично, се изолиравме на викендица. Свеки ја начекале била да земе нешто, се збунила. Тука живее Пупче? Да. Аха. Вие што сте му? Баба. Ок, дајте ни ваш моб. Им дала. Фала, пријатно си кажале