Чим на самото упатство стои од 3 години значи дека смееш да даваш од три. Не слушај никад рекла казала муабети за свое дете. Тие фармацевти што го произвеле тоа точно знаат од кога може. Детето ако јаде се не му треба никаков додаток. Нема препарати за да не се разболува. Не постои такво нешто. А се разболува зошто така јача имунитет кој го нема па мора да го изгради. Во градинка е идеално место за билдање имунитет.
@Mama993 овие од Зегин се над година. Исто по пола ампула. И желе ројал не е грешка да даваш. Најголем дел од лековите се означени над 3 години од безбедносни причини и тоа не значи дека не смееш да дадеш соодветна доза. Сите овие се на природна база и нема никаква штета. Освен ако е алергично детето.
Се зависи од градинка до градинка. Ама мислам дека непроодени дечиња денот во креветче го проаѓаат. Редот е секаде ист. Сабајле им пуштаат песнички додека се соберат, во 8 доручек, во 12ипол ручек па спијат, во 2ипол ужинка. Има ужинка и меќу доручек и ручек, ама најчесто сокче им даваат. Кај нас постелина и пиџами не дозволуваат да се носи, деца спијат по тренерки, кој што носи де. Алишта резервни и пелени мора да има, ако носи пелени, нас ни бараа по 3 пелени да има и ни ги зимаа на носење. Дали ќе ти го мијат, се зависи од негователка до негователка. Кај нас не миеа и буфтаа многу пудра и крема, а синко алергичен на пудра, абе уста пена ми фати дур објаснам. Пресоблакање во градинка и дома не е исто, не можеш да очекуваш 2 жени да стигнат 15 деца да спастрат, и да однесеш тупфери голема е веројатноста дека со влажни ќе го бришат. Уплатница се носи на прв ден адаптација, плаќаш аконтација за првиот месец, а деновите што не одело се одбиваат од следен месец и тоа само ако се повеќе од 5 дена. Шишиња и цуцли особено во оваа ситуација се забранети, што е исто така за очекување, нас на почеток ни дозволуваа цуцла ама откако се појави стрептокока во групата ни ги вратија, зошто си ги мењаа цуцлите или пак ќе види од другарчето и ќе му ја земе. Адаптацијата секогаш е после доручек, за да може да се обрне внимание, тоа е од кај 9. А колку ќе трае зависи само од негователките и колку они ќе се вложат и самото дете како ќе се однесува. Моето лесно се адаптира, не плачеше, за 3 недели почна да останува. Ама 3 недели одење, зошто после 5 дена остана дома 2 недели, па пак 5 дена па пак дома, па се така едно месеципол. Матичен млеч Ројал желе давав и јас, ама на имунитет не му делуваше којзнае колку, повеќе на апетит делуваше. Јас по препорака на пулмоалерголог давам 3м во зима Дефендил+Д3иА+витЦ, останатите месеци од летото само Д3иА+витЦ. ВитЦ давам 100ка, 2 по 50.
Oвие ги давав едно време на син ми, сега сакам пак да почнам за двете деца со оглед дека и второто ми е над 1 година. Е сега, претходно давав од ова 5мл и ништо плус...ме интересира дали некој дава плус д3 покрај овие, со оглед дека во составот на истите има и Д витамин?
Детево има скоро 13м Во помалата група од 8м е гужва,има уште едно или две места, додека во поголемата од 18м има повеќе 5,6 места. Вработените во градинка ми рекоа поуваво ќе му било во групата од 18м Не знам во која да го пуштам, можеби е предност со поголемите ќе учи нови работи,зборови,ама да не не го рецкаат,демек големи се они... плус не е прооден,ќе го газат ко ќе лази
Јас би го пуштила во поголемата. На 18 месеци не се сеуште "лоши". Уште им трае бебешкиот шарм. Не се многу свесни ни за "големината". А твоето многу ќе се радува на поголеми деца. Побрзо ќе учи, ќе јаде, ќе се бори. Мое мислење, не мора да е точно ова.
Со големите! Дефинитивно! Побрзо ќе ти порасне, ќе се осамостои, од што ќе ги гледа големите. Мене детето до 3 и кусур бебешки ми збореше од што ги гледаше бебињата во бебешка, тргна со големите и се очакли. Да го видиш сега, ќе речеш детево има 6 гарант, само ситничко е.
Ние и двете ги земаме. Смешка е тематска, ама мене лично ми се нападни многу боите. Инаку има супер активности и убави текстови. На моево дете повеќе Росица му се допаѓа иако е поштура. Ама има додаток со активности.
Сега со короната па ептен не смеат. Претходно ги гушкаа, ама сега не смеат. А што да им прави на 30 деца во една соба помала од мојата дневна? Ќе се закубат, ќе се затепаат. Не е правилно апсолутно, ама нема избор и она. Во исто време некое се покакало, некое се затепало со друго, некое сака да се прекачи преку ограда, некое мава со играчка по другарчето, а само 2 се. Додека има по 30 деца во група, тоа е тоа.
Или помали групи. Ама тоа е проблем што се провлекува со децении и ништо не е сменето по тоа прашање.
Ко така, поарно на баби и дедовци да ги оставаат оние кои можат The importance of touch in development
Во нашата градинка ги нишкаат ги држат,со нив играат доле. Ова за кај бебињата,три негувателки на 10 деца се. Шишиња и цуцли исто може.