Ќерка ми веќе не оди во градинка, а кога одеше не ми барале потврда. Навистина не знам како да постапиш. Разговарај во градинка, може ќе имаат слух , ако не не знам дали сопругот има договор со клиентите со кои што работи. Да пробате со таков договор. Иако, тешко дека ќе помине За жал ние сме многу обесправени во државава Јас @Cosmi ќе ја означам, она мислам исто е фриленсер, можеби ќе ти даде поинаков совет.
Ако работи на фриленсерсерките платформи за секој проект постои договор,тој ке го испринтате како и профилната страна . Ако работи со приватни клиенти ,сигурно исто има некој договор,мислам НДА го викаат. Тоа ке однесете,не дека ке разберат,ама вие објаснете им.
Вакциналниот картон е потврда, или ако немате картон, тогаш здравствената книшка кај што се заведени вакцините. Ние однесовме копија од картонот.
Во нашата градинка не ја признаваат . Сакаа исклучиво потврда за мрп извадена од диспанзер. И јас им отидов со картонот ама ништо. Секаде е различно. Зависи од управата.
@duffi @Sexybaby86 Фала женски. За во градинка ми е. Ќе ја прима, да знам пред време кај да барам, да не лутам.
Здраво, нова сум на форумов, па ме интересира како функционираат сега периодов со корона градинкиве, како сте задоволни, бројот на деца... ние одевме во градинка, но од короната навака сме дома, ама кај и да е ќе треба повторно да почнеме со градинка, се почитува ли протокол (језда со мали деца колку е тоа возможно) но сепак...ваше мислење општо... Фала ви!
На список околу 12, а реално 6-7 одат. Кога ги примаат и изнесуваат се со маска, а внатре дали се не знам, не верувам, а и не знам колку е возможно и практично тоа сп оглед дека постојано активбо комуницираат со децата и се напрегаат сигурно. Засега сум задоволна, можеби е до возраста а може и повременото дезинфицирање допринесе за значително помалку инфекции, отколку пред пандемијава кога одеше.
Ke Ve molam za sovet of gradinka mi rekoja deka posto ne odi dete poveke od mesec ke ja otpisat a taa ima respiratorni problemi bronhit pheumonii cesti, vo uslovi na pandemija so vakvi rezultati I visoki pozitivni nemozam da ja pustam, od gradinkata ne sakkaat da mi izlezat vo presret I mi rekoja ako ne doaga ke ja of pisat, sovet?
Мајки очигледно ќе морам да го отпишам моето дете од градинка поради сериозни здравствени проблеми. Дали некоја знае колку се движат цените за чување на дете со 4 до 5 работни часа. Како да најдам најлесно жена /девојка за чување?
Градинките почесто се дезинфицираат, тоа го гледам кога го земам често жената што чисти со пумпа со дезентал или нешто слично дури и надвор прска. Помалку деца се во група и воспитувачката и негователката се со маски на носење и земање. Верувам дека и внатре носат маски поголем дел од времето. Во нашата градинка на список се 12 деца сега, ама секогаш во група има не повеќе од 10 деца.
Супер испаднаа градинките. Јас како страшно ги замислував - со инфекции, со чести болести, настинки... Нашата градинка функционира со по 9-10 деца во група.Релаксирани се и учителките и децата. Хигиената е на ниво, немам зборови. Со помалку деца е подобро, секогаш треба да биде вака, повеќе внимание им се обрнува. Воспитувачката е многу ангажирана, мислам дека и тоа што го пропуштија седејќи дома за кратко време го надоместија. Се спремаат приредби, се црта, се учи... Приредбите се снимаат и ни ги праќа на Вибер. На Вибер секојдневно сме известени за секоја активност на децата, темите кои ги обработуваат и кога треба помош од родителите (во смисол, да се изработи нешто за време на викенд) сме на време известени. Секоја недела имаат различна тема.