Моето скоро по месец ипол убаво се разболе,ама тоа препишувам на паднат имунитет после вакцината. Втора недела е дома, од понеделник само да биде добар се враќа во градинка. На почетокот секој ден ми праќаа слики на вибер што прави кога заспал. Со јадењето имаме мака не го јаде ручекот нити доручекот само ужинките. Па се договоривме доручкува пред да го однесеме па после си руча дома. Секако они таму пак му даваат ама јок не јаде. Ќе имаат давање пакетчиња за нова година, ни пишаа да однесеме по некој украс за да ја докитат занималната. За две недели му е роденден се надевам дека ќе ми одобрат да однесам за дечињата нешто.
Кај нас си тераат родендени. Хартиена торта , внатре 2-3 ситни работи, само нема грицки како порано (квики, смоки,грисини, сокчиња..)
Е оти да неможе да се слави ? Нека кажат една логичка причина. Никој фешти не прави !! Дете е тоа, како секој ден, така и тој ден ќе им помине на учителките, плус што треба ,,хепи брдеј,, да ја испеат.Толку е тешко тоа? За секое дете по едно лижавче, пакувано бисквитче и нешто друго ситно , дома нека си ги јадат, ама нека се обележи денот. Еј, како се нервирам за вакви работи.. Се рекло корона и претпазливост, ама па да одбијат да слават роденден - еве незнам...
Кај нас има и грицки и сокче. Баш некна му беше роденден на едно детенце и ни испратија слики. Си се мезат децата
нема од надвор носење ствари. јас предложив и да дам пари тие да купат, рекоа не. ќе славеле со тоа што имаат таму. коа го прашав см дали славеле ми рече не.
Еј баш глупаво. Ние праќаме таканаречени частенки и без причина во градинка. Си делат едни на други бонбони или лижавчиња. Нема како порано часетење со смоки и нешта каде што сите од исто земаат, ама частење со индивидуално спакувани работи е ОК: Како се сироти деца по стрес со коронава и пазење па уште и роденденот да не им го обележат баш жално.
И кај нас има честенки без потреба. Учителката го одобрува тоа. Вели - децата така се учат да ДЕЛАТ меѓу себе. И една чоколада да е, треба да знаат подеднакво да ја поделат, така се ствара другартство. Јас не сум пратила чоколада, ама квики - да. Понекогаш некои бонбони..гледам мајките лижавчиња, една мајка имала јаболкница во двор па јаболки прати... Убаво им е на децата.
Секако, само треба да одберам на сите исти да бидат да не се тегнат. Предложив и некое балонче да однесам да наидуваат да се радуваат и добив одговор а кој ќе ги дува И во право се ич не ми текна.
Во џамбо имаш мали боенки со мали боички внатре мислам околу 60-70 денари се со новогодишен мотив се баш се интересни.
Мајки, знам дека е рано, но сакам да се информирам на време. Синко има 6 месеци. Кога ќе наполни годинка, планирам да одам на работа. Ме интересира кои се документи се потребни за во градинка? Колку време пред да тргне, треба да го запишам? Секоја информација е добредојдена. Благодарам однапред.
Потврдава за работа што ја бараат има рок на траење? Уплатив, потпишав договор, ама нема веднаш да почне да иде. Можно е кога ќе почнува да бараат нова потврда од работа? Ми нагласија дека само потврда за здраво дете ќе треба да носам тогаш. Издадена истиот, или претходен ден од матичен.
Кога ги пуштивте бебињата во градинка? Моето ќе има 8мес. кога ќе почнам на работа. И ќе морам да го пуштам во градинка. И што ми е потребно?