Вчера нѐ пуштија. Малата таму беше во ред, не крена температура. Откако нѐ примија, и земаа крв, урина, и нѐ сместија во соба. До отпуштање доаѓаа само сестри да ја видат дали има температура. Среќа имаа соба како игротека па можевме да сд позанимаваме колку толку. Овде никој не те есапи. Дојде докторката со плик наменет за педијатарот, ми спомна дека е воглавно сѐ во ред, дека првичните испитувања покажуваат дека е добра, па затоа не направиле понатамошни испитувања. Да водам календар како што водам досега со податоци за кога е болна, да правиме евентуално крвни слики на две недели кај педијатаркава заради опадната неутропенија во крвта... И дека е сѐ во ред. Откако замина, отворив да видам што е направено - урина, диференцијална крвна слика, црп, детален преглед на шеќер, калциум, серумско железо и т.н. и имуноглобулини, седиментација (која е драстично опадната и на граница). Толку. Сѐ е во ред, освен гореспоменатото. И серумското железо ѝ е малце опаднато, ама ништо страшно. Пак не е АСТ направено, ниту пнеумо слајдови, ... Сѐ било нормално. А и дека зима било, па повеќе вируси. Добро, викам, вируси што траат 10 дена со 39-40? Ми вика да. Кои по давање на амоксиклав исчезнуваат? Си смени тема. Патем, овде амоксиклав е чиниш амброзија. Докторот претходно се чудеше од каде ли сме нашле амоксиклав... Тука сѐ се лечи со амоксицилин. И така. Уште една неуспешна борба со системот. Лежевме 24 саати во болница за урина и крвна слика. Немам коментар. Денес со мене беше дома, оти јас се споболев... вчера кога си дојдовме мислев од неспиење ми е така лошо, ми беше суво грлото, прскав спреј, но што да видам... црвено, гној на крајниците, и отечена жлезда на вратот. Ме фати нерва. Требаше да одам на општ лекар, да ме препрати на ОРЛ, па на ОРЛ термин да чекам (на маж ми така му закажаа за 5 дена), за на крај да ми препише амоксицилин... Не. Немам време за тоа. Почнав антибиотик. Значи не знам дали е до мене, може сум јас понервозен тип, може и целата околност си го прави своето, но искрено сум страшно запрепастена од организацијата на здравствениот систем тука. Од свилени, посвилени нема. Не смеело ова, не смеело она, гледам - сестри не боцкаат, само доктори (ни за крв да земат од прст)... Сега ќе оди во градинка, и за 5-6 дена кога пак ќе крене температура, ќе биде весело. Не велам дека детево ми е болно, или дека има некој проблем, но понајмалку би сакала да се разболува цело време од лечено - недолечено, а требало да се направи минорно испитување, како брис на пример... Се расприкажав, се извинувам.
Немам зборови навистина.Дај боже само малата добра да биде во иднина.Ти си се разболела веќе и од стрес,замор паднат имунитет.
Од последниот пат што сум пишала, после два дена во градинка пак се разболе. 40 пак. Викенд беше, па во понеделникот отидов кај новиот педијатар. Инсистирав за испитувања, АST, инсистирав за брис од нос и грло. Зема крв, па од кратката крвна слика ќе сме виделе што понатаму. Зема и брис само од грло (не знам зошто од нос упорно не земаат) и демек ај краток тест да направат за стрептокока. Резултат - позитивен. Крвната слика стандард - покачени леукоцити како резултат на инфекција. Ни даде пеницилин сируп, и откако се напи детето, не крена пак температура. Од средата беше и во градинка (поминати повеќе од 24 часа од првиот пеницилин), и еве ја добра е, да не ја урочам. Е ќе си пукнам. Да бев дома, ќе земеше мајка ми брис, ќе добиеше резултати со антибиограм, и ќе знаев што да дадам. И работава немаше да трае со месеци, и да е со толку нервози, џабе испиени антобиотици на кои сигурно стрептококата е резистентна. Сега ми е страв од рано прекинување на антибиотикот, или од тоа како ќе ја контролираат дека е излечена. Сите што пишавте искуства со стрептокока се тешки и долги со подолга терапија. И пак ќе речам. Со официјален допис од градинката дека меѓу децата е забележан случај со стрептокока, ние тек после месец дознаваме дека е стрептокока. Од моево искуство можам да го заклучам следново - не се толку страшни градинките колку што може да се страшни незаинтересираните и неписмени доктори.
Падобранец сум во темава.. Ајде поискусни мамички споделете искуство. Размислувам да ги пуштам од есен по малку и моите, ама стално се премислувам.. Во неврзан муабет со две мајки, една од Ох друга од Ск баш денес и двете ми споделија искуства - ќотек во градинка Едното детенце е потемпераментно, побесничко...и воспитачката и сама си кажала дека воспитно реагирала Другото е пак повлрчено и не сака ни дома да јаде, па оброците му ги давале насилно, со плескање лажица од уста, скубење за коса.. Другите деца кажале за ова на мајката.. Знам какви се деца на таа возраст, плус 20тина на една жена, плус туѓи... Ама било какво насилство не оправдувам под никакви околнисти, ни од родител ни од воспитувач... Искуства!??
Абе како не прават бриз, па на биро ќе и се качам. Педијатаров на бебуш е немам коментар. НА 4 месеци мм опасно се разболе и бебуш ни темпе ни бутур само по некое мрсулче и цело време сакаше да цица. И покрај слабо затнато носе одма не прати на бриз да види со што си има работа (немаше ништо). Не е она Ванѓа па да гата што има. И тоа иде у параноична крајност. Малце да не било црвенко грлцетооо ај крвна слика. Пред вакцинација ми праи детални прегледи. Значи ако не ти го бива педијатарот ништо. Секое идење таму мора детално се да види. Јас идам обично со список на прашања ама нема потреба сите ги поминува па и бонус работи му гледа што не сум ги видела. Да си смениш педијатар! ИИИ да не избегам од темата сега со 10 месечно бебе се мислам дали да го оставам кај баба или во градинка... или кај жена... Мало ми е некако за во градинка беее..
Баш така. Бесплатно е, ама и тука ми делува дека е "колку пари, толку музика", каде што песната секогаш завршува со амоксицилин. Не знам дали сум само јас, ама толку сум запрепастена од здравството тука, што буквално ми е deal breaker како фактор за живеење. А да сум дома, точно знам што треба.
Леле @Kaetana, читајќи ве тебе и @Mariangel со нејзиниот гинеколог, дури сум среќна со здравствово што го имаме.
A da bidesh srekjen so zdravstvoto vo Makedonija, znachi stvarno neshto ne shtima kaj nas Jas da mozham samo vremeto da go vratam, ne znam shto da mislam samo epten se kaam shto ne ja sfativ tolku seriozno nezainteresiranosta na doktorot Za pamet mi e, ama barem da mozheshe na ne tolku tezhok nachin da me opameteshe zhivotot
Претходната недела бевме на контрола, и малата во вторникот сабајлето крена 40.3... Кашла многу, секрет има еден тон. Бевме кај докторот, стандардно - уши, грло, диши-диши. Среќа ѝ зема крвна слика и пак зема брис од грло. Го провери на стрептокока - негативен. Кратка крвна слика покажува пак бактериска инфекција. Добро, викам, значи е пак бактерија? Да. Каде? Епа во грло или нос. И викам, а нема ли начин да се открие која е за соодветно да ја третираме? (ова од околу сакам да му кажам брис дека сакам)... Ааауууу, тоа било многу комплицирано, па тука не правеле така, ептен во исклучутелни ситуации... Леле ми пукна филм, го погледнав лошо, ќе го задавев. Отиде, зема брис од грло. Ете, не било тешко. Сега чекаме резултати, оти време требало. Во меѓувреме ни даде амоксицилин. Е преку такво. Не дадов амоксицилин. Си го продолжив пеницилинот, кој на моја иницијатива го имав намалено на два пати дневно наместо да го прекинам, и пак си го вратив на три пати (на 8 саати). Малата уште следниот ден се врати во градинка, од тоа 40 не крена уште еднаш... Ко нова беше после 24 часа. Е деновиве за право само ја инхалирам, ја аспирирам, капки со цитерал ѝ давам, оти сигурно има нешто во нос - аспираторот три пати минимум го мијам на едно аспирирање... Инаку, не знам што да кажам. Знам дека бегам од темава, но не можам да ви ја опишам фрустрацијата со здравството тука. Една обична крема за хемороиди со хидрокортизон не можеш да купиш без рецепт. За сѐ мораш на доктор. Беше еднаш маж ми на општ, па на орл, и му вика - сакам брис да се проверам, малата ми е болна, да не пренесуваме ние... Не му дозволи докторот... А ви спомнав за прикателкава која бременоста ја води тука, и на која крвна слика и урина ѝ прават два пати - еднаш на почеток, еднаш на крај, димери никако, скрининзи јок, отпор на проток на папочна врвца, колор доплер, гестациски дијабет ...ништо. Буквално ништо. Знам дека кај нас се претерува, ама овде е страшно друга крајност. Нашето државно е ужас, приватните знам дека те љуштат за пари, ама барем знаеш дека имаш опции. Од потребни 10 испитувања ќе ти направат и наплатат 30, ама сто пати е подобро така отколку да ти направат едвај 3. @Mariangel немам зборови за твојата ситуација. Алал да ти е за сѐ! Прееемногу се извинувам за офф топикот.
Пнеумослајд душо... со тоа се открива жариште кое не може да се открие со брис од грло и нос. Ама штом толку многу те тормозат за обични брисеви, за пнеумослајд нема шанси да ти го направат без мрчење. Имуно препарати само... може не сакаш, ама ќе мора некое време да даваш, да ја зајакнеш.
Мајки да не има некоја од вас што го има запишано детето во Автокоманда градинката, односно во Детска радост, под неа се неколку градинки во оваа област. Не ми текнува кога рекоа дека ке има листа на примени дечиња за во Септември...
Ah pa ovde vo Mk deka e so pari,mnogu podobro e. Pokraj parite,treba i strucnost i uka,koi za zal kaj nas se pomalku gi ima.