Е тука има тв Им било за кога децата си одат, па да не ги оставаат сами инфо од прва рака. Јас не знам што мода беше ова тв во градинка. Разбирам некогаш да се пушти да се види нешто едукативно, ама мр.бин и слично и дома ќе гледа.
Е што ќе направат со мобилен? На едно дете ли ќе му дадат, ако го остават некаде секако некое ќе се влечи да го докаче.
Да се чудиш како тв во градинка е прифатено како нормална појава. Пак ќе кажам, во ред е по некогаш да се презентира некоја содржина која ја работат за да визуелно се запознаат.
Обично нема распуст. Ама ако добро се сеќавам, лани некои викаа дека спојуваат, ова низ помалите градови во Мк.
Во нашата градинка ангажирале некое фото студио и ни бараат по 200 ден за слика новогодишна. НО ради коронарна треба детето ти да си го сликаш, да им пратиш слика и они ќе ја ставиле во новогодишна рамка т.е технички ќе ја обработеле. Обично не реагирам на небулозни работи и собирање пари за се и сешто, ама ова е не видена глупоќа. Мислам, мене нека ми ги пратат сликите, ја цели позадини ќе им направам у фотошоп.
Изгледа сме во истата градинка, мене само ми спомнаа дека треба да го сликам дома на бела позадина и дека ќе го монтираат дедо мраз,ама не ми кажа дека се плаќа Дека нема сликање со дедо мраз,па си мислев самоиницијативно од градинка си праат, ама нема ништо бесплатно изгледа... Па уште 200ден бар една чоколада да има за тие пари Дали реагираше?
Можеле прво да прашаат дали некој може од родителите тоа да го изработи, секако не е некоја голема работа.
Детево оди месец ипол во градинка. Кога и да прашав дали јадел доручек ми викаа не, само кришка леб. Ручекот го јадел само со залчиња леб макнати во ручек, ретко со лажица (Ок ај ќе поминам и преку тоа,може има трауми од лажицата заради капките што му горчат,од сега растворени со вода ќе му ги давам) Зошто не сакам детето да се храни само со леб,им реков јас ќе му давам дома доручек, они да му понудат од доручекот во градинка ,ако сака да јаде,а за ручек да го нахранат како што треба. Да тераме така некој пероид па да си јаде и доручек таму. После 3,4 недели адаптација почна и да преспива. Најчесто спие околу 9ипол,10. Завчера заспал во 10ипол,спиеше до 13. Ми го носи со кришка леб во рака. Викам па он ручекот го преспал,а јадење за него? Вика му тргнав јас на страна порција, кога стана му понудив ама нејќеше(сигурно го утепала од молење ),па само леб јадеше. На почетокот не им сметаше на негувателките што заспива порано, вчера ми реагира дека не требало да спие тогаш,требало да спие кога спијат и другите,во 12. И викам за да не заспива порано да не го става во креветче пред времето за спиење на другите,за да заспие истовремено со нив. Денес во 9 го извадила од креветче, а му се спиело, кога другите заспале, он не сакал да заспие. Бидејќи тогаш бил во креветче плачел , па за да не ги разбуди другите го шетала во ходник. Не сум себична, не ми целта моето да е наспано па да ги буди другите, исто така разбирам дека и негувателките сакаат да здивнат кога децата спијат. Ама ако не сака моето да спие во времето за спиење ,можат прво едната,па после другата да го анимираат со играчки за да биде тивок додека другите спијат Обично го зимам од 12:15 до 12:30 (тогаш стигам од работа со брзање) Завчера спиеше до 13,се јавија дека станал па отидов. Вчера си завршив некоја работа после раб (без грижа дека ќе плаче зошто веќе е адаптиран) , 12и55 ми ѕвони да праша кај сум,1 саат фатило. Денес ми доаѓа на врата и вика дај кажи решение (јас да и кажам решение) он ги буди другите не сака да спие во времето за спиење. Од таму другата дофрла и носот му тече многу и многу е нервозен фрла цуцла,фрла лигавка. Викам му растат заби затоа може е нервозен,а утре ќе правиме брис за носот. Се навикнаа дека до 12ипол го зимам,па сега од страв да не остане до 1 или не дај боже 2, дури сакаат и пред спиење да го земам. Физички е невозможно да го направам тоа,работам на 30км од градинката и најрано што можам да завршам со работа е 11:45. До градинка имам најмалку 30мин возење. Уствари јас никаде во документите при упис не наведов колку часа ќе седи детето во градинка. Дури и размислував штом се адаптира и да почне да јаде како што треба да го оставам и до 13, 13ипол, за јас после работа да завршам нешто што не може да се заврши со дете,знајеќи дека детето ми е згрижено. Ми набија чуство на вина дека јас сум крива што детето не сакало да спие и ги будело другите...па нив прво дете ли им е и не знаат да употребат некоја техника да го научат на ред како другите? Детево има 14м и само месец ипол оди во градинка, што очекуваат и добар ден да кажува? Ве молам споделете совет,искуство,тактика...? Мака ми е кога ги читам во темата мајките во Германија какви се услови имаат во градинките. И секој паѕ се каам на моето "не"кога мм ми викаше да ја здувнеме од тука Таму ќе те пријавеле ако му праќаш секој ден салама за јадење. Овде нема ни да му понудат јадење
Ние имавме 3 дена адаптација, односно ја носевме во 8 ја зимавме во 12 и 30 пред спиење. Третиот ден отидовме 12 и 40, она заспала и ни рекоа да не ја будат. Јас и мм у кафана ни пишаа дека се разбудила и ја земавме. После си остана на спиење секој ден . Со месеци навикнување не ми се свиѓа баш, ама зависи од дете.
И кај нас слика на Вибер да пратиме а 200 денари е табло А пакетчето е 250 днари. До сега ( а детето ми оди во градинка со години) никогаш не сме платиле, секогаш давале од таму. Оваа година - криза.