Сите 55 се во една група. Колку учителки имаат и во колкава просторија се. Јас до сега нема слушнато за група од 55 деца. Најголема што до сега сум чула е 34 деца со 3 учителки. Знам дека такви има, ама 55 во една група ми е тотално неразбирливо. И сите сега не одат а плаќате? Нешто не е во ред.
За жал, точно е ова. Ако не се лажам, станува збор за Буба Мара во Ново Лисиче. И во основното училиште одамна одат во три смени.
Да точно читаш 55. До 3 години беа со три учителки, над три со две. Училница нормална. Имаме потпишано согласност дека се сложувам моето дете да оди во група каде бројот надминува, без неа не го примаат. И кога не одат сите деца, пак одат околу 40. Се догради нов дел од градинката , дел од родителите ги префрлија децата во новата, се израдувавме, но запишаа нови. Таква е општината, многу деца има, притисоци се прават. Реагиравме за уште една учителка од општината не давале. И покрај бројноста јас сум задоволна од работата со децата,учителките навистина се трудат со децата се што е до нив. Моите деца одат редовно од мали што се вика. Никогаш не ми вратило не пресоблечено, гладно, испотени дете. Син ми година дена не спиеш. Сите спијат,тој со нив си седеше и тоа го истеравме без притисоци. Децата со радост си одеа. Кај малото групата е нешто помала, не знам точен број но околу 35до 40 се. Останатото исто важи. Ова зборувам за ситуацијата пред короната. Во короната групите се до 15 деца ( по налог на министерството) конкретно кај малото три деца се повеќе ( меѓу кои и моето) но не смееле. Солуција е другите деца по другите клонови каде што има место. Некои општини ( за Скопје зборам) ги ослободија родителите од плаќање на 520 ден дур беше затворена градинката , но нашата општина не. Од октомври наваму си остана исто кутечки и тоа е.
И мојата не оди, со еден вработен родител па плаќам... За слика и пакетче не се бунам, секако е перење пари, ама си мислам, едино е тоа нешто што ќе ја поврзе со градинкава во последнава скоро година. Криво ми е што не оди ептен, сега кога највеќе и треба. Ама што да правам... Најдов работа, ама ради коронава ништо, па работам нешто од дома колку да има плус некој денар, ама не пријавена и немам никаков основ за потврда. На една другарка и кажале дека и да донесе потврда сега, нема место за детето и нема да го примат пошто веќе се изјаснила дека нема да го носи, а и за слика и пакетче демек не им следело пошо детето не одело во градинка, иако редовно плаќаат паушал. Што да кажам не знам...
Мајки пишав и понапред, но никој не ми одговори. Синко има 6,5 месеци. Планирам кога ќе наполни годинка да тргне во градинка. Кои документи ми се потребни за да го запишам? Планирам MRP вакцината да ја одложам, додека не почне убаво да зборува. Дали тоа ќе претставува пречка за запишување (одложување на вакцината)?
Нема да ти го примаат никаде без примена MRP. А за документи, ќе побараш во градинка кај што планираш да го запишеш, ќе ти кажат точно. Знам дека треба потврда заверена од матичен лекар (они ќе ти ја дадат), картон со примени вакцини, изводи.
Zdravo. Nova sum na forumov, pa me interesira dali ima nekoja majka da spodeli iskustvo za gradinkata Majski cvet, objekt Jasmin. Kerkichkata treba da ja nosam vo jasli taka shto sekoe iskustvo e dobredojdeno
Јас сум многу задоволна од градинката, ама мојата ќерка е во поголема група. За јасли немам искуство.
Потврди дека сте двајцата родители вработени, копија од вакцинален картон и другите формулари од градинка. Еден од нив треба да го пополни матичниот педијатар, од него треба да земеш плус потврда дека детето е здраво ( таа не смее да биде постара од 3 или 7 дена,зависи од градинката) За мрп ако имаш луѓе нема да ти ја побараат, пиши ми лп.
Ама и кај нас рекоа дека децата за кои се чува место ќе одат во друг клон ако треба да тргнат во градинка. Но додека седат дома, не се плаќа ништо. Договорите ни се ставени во мирување. Што значи, кога ќе тргнат пак, ќе се потпишуваат нови договори, како што потпишувавме секоја година во септември.
За 4 часа најмалку 7500 ден. За 5 часа повеќе. И зависи што очекуваш. Ова е само доколку е ангажирана околу детето. Ако очекуваш да прави и јадење за детето, или нешто плус, повеќе пари. Пошто најветојатно не планирате да и плаќате придонеси туку само плата, треба да и плаќаш најмалку колку што е минималната плата. Значи ако е 14 500 минимална плата, за 4 часа би требало најмалку 7500 ама може и повеќе затоа што не и плаќате придонеси. За повеќе часа, повеќе пари.
И во Карпош и во Центар се плаќа 521 денар од Март наваму и за деца кои не одат. Тие што одат плаѓаат полна сума односно зависи колку оделе месецот во градинка. Колку што знам на тие закои немаше место во градинката каде што оделе им се нуди опција да одат во друга група/друг клон на градинката каде што има место.