Ние за десетина дена ќе правиме годинка. Денес бев во една од градинките во Кисела Вода и пополнив изјава за запишување во градинка. Ни рекоа дека штом се ослободи место дека ќе биде примена во градинка. Таа вакцина не е пресудна за примање, ама они условуваат со неа. И мене ми е страв од реакцијата на таа вакцина и јас би ја одложила додека не почне да зборува убаво.
Да, дефинитивно претставува пречка за запишување. Документот за упис јас го симнав од веб-страницата на градинката, ама не знам дали сите градинки имаат веб-страница. Еве го линкот до нашата: https://www.veselicvetovi.mk/index.php/programa/oglasi/upis-na-dete Пресудна е, зошто така налага законот. Ако детето се запишува пред да наполни една година, не треба потврда за МРП, зошто вакцината се прима по навршени 12 месеци. Ако се запишува по навршена година, мора потврда за примена вакцина, зошто вакцинацијата е задолжителна. Ако не бараат во некои градинки, тогаш тоа го прават незаконски. Значи ние сме комшики @Starlič Во кој клон се запишувате? Мојата поголема е во Кокиче (скоро 3 години има), ама малата (година и еден месец) ќе треба да ја запишувам на друго место, дека во Кокиче почнуваат од 2 години.
Зборував со стручни лица и така ми рекоа. Има многу деца што не примиле ниту една вакцина а со јаки врски се запишани во градинка. За да запишеш дете во школо не бараат потврди од примени вакцини. Не сум притив вакцината ќе ја прими само нема да ја брзам. Секако нема да ме примат толку брзо, па ќе имам малку време. Ние барање поднесовме во 8ми Март. Блиску ми е. Јас само поднесов барање кога ќе дошло време ќе виделе каде ќе биде,нели според возраста.
Не се сомневам дека кај нас се' може со врски, најврскаџиска држава сме. 8-ми Март е многу убава градинка, најубав двор имаат, ама далеку ми е мене. Ние кај општината би ја запишувале малата, не ми текнува како се викаше тој клон.
Не знам ни јас како се викаат. Оваа градинка мислев цело време време дека е 8ми Септември, вчера дознав дека е 8ми Март Абе таква е државата, т.с таква ние си ја направивме. Инаку и внатре е многу убава, средено. Вчера ѕирнав така малку Битно ми е да се дружи со дечињата да се социјализира со други деца, крај на март ни доаѓа друга беба и морам да си ја олеснувам ситуацијата ако ја примат многу олеслително ќе ми биде. Ако не ќе се се учиме дома двете хахахаа
Пак си трудна? Ај честито, со лесно да пројдеш. Братче или сестриче? Мојава се препороди откога тргна во градинка. Е сега научи и некои глупости, ама генерално е супер, ни се погодија учителките, а и се здружи со децава, инаку дома ќе се швркнеше.
Хахаха даа Ја убрзавме малце процедурата ахахаха. Братче ќе си имаме. Абе деца се. Ќе прават глупости,ќе учат нови работи. Моево е дружељубиво и сака да се игра со сите. Кога одиме во парк нема дете на кое не се смее. Многу мајќи попреку ме гледаат ама јас не сум крива и не можам да и ја сменам таа особина. Па мислам дека ќе се снајде и таму, дека ќе и биде убаво.. Време ќе покаже.
Совет од мене ако не ургираш преку врски во таа градинка нема да те викнат. Ти кажувам од искуство, син ми оди во таа градинка и сум задоволна но мојот многу често се разболува па две недели во градинка една дома сме. Јаслито нее од страната кај што си потполнувала апликација скроз од другата страна е. И да вакцината ја условуваат,син ми ја прими и сее ок. Првично сакав таму да го запишам малиот ама многу лош однос имаа вработените од управата и ме отргна. Иначе многу се фалат и од таму.
Фала за инфо И јас сум слушнала и фалење и жалење за таму. Изгледа зависи какви учителки ќе се паднат. Како и да е, планираме да оди по неколку саати првите месеци, па ако не и' одговара, ќе бараме друго решение. Кај големава ептен ни се погоди учителката или воспитивачка, не знам веќе како се викаат .
@monik55 Па искрена да бидам незнам дали да бркам врски. Отидов така на "лепе очи" Малце шубе ми е врски да барам.. Мене убаво ми се поставија вработените за тие 5 минути. Ми рекоа дека тука се пополнува барање па после кога ќе има место викаат и ги местат таму каде што треба. За вакцината знам неколку пријатели што после примање на вакцината децата малку се секнаа со зборење. И на золвата исто така детенцето, две години е збори ама скоро ништо не е разбирливо,вакцината на време и беше примена. Знам и неколку што немало никакви негативни влијанија. Затоа се плашам и сакам малку да ја оддолжам. Здравје ќе видиме како и што ќе биде.. Ти благодарам.
Зборев за персоналот во весели цветови. Во оваа градинка се супер,и мене ми беше шубе ама кога ти жеже ќе бараш сакала или не.
ova ti e za nad 2 Mleko i biskviti, tarana, griz frutolino ( mlecna kasha), palenta ... leb mackan so bilo sto na deca vo jaslena grupa t.e. do 2 godini nema
Овоа за кај нас кажувам, во најмалата група е и вака даваат. Има распоред и си гледаш што има за јадење. Не полни 2г е. Може секаде е различно. Исто ужина цела овошка.
Се извинувам што ке се замешани, но и за упис во школо се носи вакцинален картон. И ние сме од к.вода.