Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Здраво ,ме интересира тие дечиња што ви тргнале на 9 месеци во градинка,какво мени имаат? Колку оброци?
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Зошто материјали ако не иде? Башка што останаа од лани не искористени, зошто пак? Ние не плативме за материјали зошто останаа од лани. Ете минатиот месец беа дома скоро цел, изолација, и месецов ни влажни и чаши не ни бараа. До градинкава ваша е, не е до сите изгледа. А дека цените се рипнати, не да се, лани слика 60, годинава 180, абе ајде.
    Исто што и големите само блендано.
     
  3. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Добро нели се мали за толку многу оброци некако незнам ... Нели до годинката треба да имаат 3 оброка и 2 ужини ама па на 9 месеци ?
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    На 9м веќе имаат 3 оброци повеќето деца. Моето имаше. А и ти мислиш којзнае колку им даваат да јадат? По 1 голема лажица им е оброк максимум, не даваат којзнае колку не се сеќирај. А ужинки во јасли мислам и дека немаат или и да имаат тоа е сокче или бананка.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Незнам немам искуство затоа прашувам.аи прво дете ми е сегс еносс почнува со вкусови и не сум мн упатена точно што како. На веб страницата пишува и ужини да овошно пире банана компот сок чај... Ти благодарам на одговорот
     
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Ја за градинката наша зборувам.
    Материјали да, плаќаме. Ако сакаш можам уплатницата да ти ја сликам. Ништо нема логика, да во право си. Реагирав, тоа е викаат,ако не сакате потпишете го.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Ццц... Страшна работа! Да земеш да ја кренеш работава до инспекции и министерства е работава. Не знам, јас од нашава градинка сум презадоволна, вакви небулози нема. Ние не плаќавме дур бевме дома.
     
    На redhead му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Здраво мајки, јас сум уште во тема бебиња но мислам тука ќе добијам повеќе информации. За во градинка со коронава каква е постапката за упис за во јули да ми почне? Што документи треба и дали има шанси да го примат без врски ако сега аплицираме. Ми треба информација за во Кисела вода. Фала ви :*
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Во јули не примаат деца. Од септември. А сега некои општини воопшто и не примаат, нашата на пример. Центар примаат, некои, некои не. Запиши си го на листа и чекај. Мислам @monik55 има искуство со Кисела вода.
     
    На ni.na и fana им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.384
    Во сите градинки е различно.
    Најдобро е да одиш и да си прашаш. Кај нас може во било кое време да го пуштиш. Не прават проблем .
    Оди и распрашај се. Плус сега не се многу деца.
    За почеток ти треба потврда оти и двајцата работите.
    И потврда за примена МРП , ама тоа ќе носиш дополнително.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.757
    Допаѓања:
    7.693
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Бебе е 12+,утре ќе го носам најверојатно да прими пневмокока 2 доза затоа што со оваа вакцина некако се погоди одложувања, сѐ ми крева тт околу нејзе. Сакам да го запишам од следниот месец, но еве ако утре ја прими пневмокока нема да може мрп уште барем месец дена да ја прима (отприлика како што сум читала). Дали ако доктор ми потврди дека ќе ја прими откако ќе помине тој период после пневмококава ќе го примат во градинка? Исто не ми е јасно, детево треба да е со стакло крвна слика и општа здравствена состојба за мрп. Дали ако по некоја случајност ако доктор не дава зелено светло за да се прими вакцината одма, ќе се пролонгира целиот упис во градинка? Не ми е јасен овој дел. Нема да фаќам врски и ќе ја примиме мрп, само не ми е јасно ако детево пример не може од Х причина да прими мрп, дали тоа автоматски значи дека тргнувањето во градинка се пролонгира на неопределено време?
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.384
    Веројатно со потврда од матичен лекар нема да има проблем.
    Детето треба да има општа добра состојба, да биде здраво. Стакло кр слика е релавантна состојба.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Во повеќето скопски градинки без примена вакцина не примаат. Не ги интересираат ни потврди ни заверки ни изјави. Ако им дојде инспекција сите деца треба да се со листа со мрп, ништо друго не ги интересира. После морбили пандемијата многу се строги.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    119.548
    Пол:
    Женски
    Нека ја прими мрп, таа задолжителна е, пневмокока не е :)
    Не верувам дека би го примиле без мрп. Потврда од матичен не важи, мислам треба конзилијарно мислење.
    Така што додека не ја прими - нема градинка :)
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Доколку неможе да ја прими од здравствена причина, се праќаат извештаите во скопје ( не се сеќавам каде) таму комисија одлучува дали може да се одложи вакцината. После тоа решението го праќаат во диспанзерот од каде сте и тие според решението од комисијата диспанзерот ќе ви издаде потврда за в градинка дека не смее да ја прими таа вакцина. Само така инаку нема шанси да ви издадат потврда без примена вакцина.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Можеш да ја прими сега прво МРП,па после да ја прими Пнеумокок.Секако втората доза има рок да ја прими до 2 години. Или и двете да ги прими во ист ден,моево така требаше да ги прими,ама јас си кажав дека не сакам и двете во ист ден.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    5.564
    Дали вие што правевте пауза поради короната од градинка сега кога ви одат децата се разболуваат со ист интензитет?
     
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Мојот два пати се разболе напочеток со мали вирусчиња, ама општо мислам дека помалку се разболуваат сега целаат група. Е сега и поголеми се па можеби и тоа игра улога.
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Двете деца ми одат од октомври па навака. Едното, 4+, кое често знаеше претходно да се разболи зашто беа многу во група и ете можеби лесно префаќаше, еднаш во месец секако имавме нешто, сега воопшто не е разболен. Можеби дека е поголем. Меѓутоа, второто дете во октомври прв пат тргна во градинка и воопшто се нема разболено. Групите се помали и реално сметам дека сега бројката е таква каква што треба да е и во нормални услови. Многу им е убаво.
     
    На Lisicko, Spidy, karak и 7 други им се допаѓа ова.
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Што убаво... Мојата една недела оде, две дома. Повеќе од една недела во низа нема отидено и се е само мрсоли..