Пред ковид одеше ама не долго зашто страшно се разболуваше, па го отпишав зашто не можев да го издржам тоа, сега е далеку подобро, еднаш нос му потече само, сигурно дезинфекцијата игра улога, проветрувањето што по протокол им го прават а може и до возраста и имунитет е
Тие што имаат искуство со деца што околу годинка тргнале во државна градинка ако може да споделат искуство, колку траеше адаптацијата, дали се разболуваат често, генерално како поминал процесот? Некако не сум храбра, мислам многу ќе плаче, ептен е драматично малово, тешко прифаќа друг да го чува со оглед на слаба интеракција со луѓе од надвор откако е родено, плус многу ни се мачни настинките (верувам на сите) ама јас сум при крај на сили, а тек ме чека тоа
Мојата тргна на година и скоро 3 месеци, чувана само од мене кај никој не седеше, адаптацијата траеше 3 дена. Прво се разболуваше на 1 недела па на 2 па на месец... После веќе кога затопли беше супер. Ама се што била болна беше од стрептококата во нос со висока тт. Сега сакам и јас да ја пуштам ама ете пак ми е малце страв од тоа разболување односно што на секое ќе се секирам да не е корона... Не знам што да кажам. ама реално тој ризик ќе си остане секогаш како и за сите други вируси.
Мојава тргна од септември во градинка, до сега само нос ѝ течеше 2-3дена и толку. Пред да тргне во градинка испи Дефендил сируп 1 шише, имам уште едно така си стое, вит. Ц и Д давам повремено кога не заборавам и мислам дека оваа зима најдобро мина, иако и пред тоа не се толку често разболувала
Со поголемото дете тоа го поминав, со стрептококи и многу мачно опоравување, високи температури, баш и од тоа имам некој страв, ама ова со 3 дена адаптација што ми го кажа ме охрабри, се надевам со тоа барем полесно да поминеме
Помали полесно се адаптираат, и јас мислев ќе е тешко. Првиот ден ај пола саат, ми ја земаа од раце а ја ко покисната излегов одев по улица и зборев со мм на телефон дека не знам шо да правам со себе. Втториот ден исто. Третиот ден ја чекав таму да поседи уште малце бидејќи била ок. 4 ден, сама заспала си легнала и заспала, договорот беше пред спиење да ја зимам. И така беше наредните неколку дена. После ја оставивме и за спиење, си и научија финта како да ја успијат и толку беше. Сите деца плачеа на оставање, мојата на зимање.
trgna vo grupa od 2- 3 godini, od prv den super bez nikakvi problemi prviot den do 10:30 vtoriot den zaspa i od togas ekoj dens i spie i si ja zemam so edna nastinka od otvaranje na gradinkite od septemvri super sme bez nilakov znaci problem. Se pocituvaat protokoli mal broj na deca, a pred se zavisi od samoto dete sekoe dete si e individua i karakter sa sebe
Му облекувате ли хулахопки? Сега поради корона немало тепих, па на повеќе ума сум, макар што било топло
Колку деца се? Кај нас 12 ќе бидат, секако е многу подобро од претходно кога по 30беа во некои групи, ама пак не се 6 како првично што најавија за најмалите
Хулахопки не, само ми нагласи боди на долги да му облакам, ваљда дека луфтираат. Џабе е се мојот по трет пат закачи бронхит.
Од тие скроз тенките хулахопки и облекувам и тенки тренерки, нагоре маичка на рамки под тренерката. Мојата сама си тражеше хулахопки, оти и другите деца носиле
Изгледа лесно спушта на гради твоето ама сигурно се настинки, мрсоли и кашлица.. Ќе пробам како ќе биде со нив.
Што се треба да содржи едно ранче за во градинка? Дали секој ден пакувате дополнителни алишта или таму се остава? Сок, вода нешто смее сеа да има, или се од таму?
Цел комплет за пресонлакање, пижамчиња во кесичка посебно ставени, пелени, влажни марамици. Сок и вода може, јас носам по едно литро вода и сок и за два дена има. Кога спие го облакаат во пижами после го пресоблакаат со тие од ранчето
Боди,блуза,тренерки,чорапи, пижами,лигавче (мојот вади заби па се лигави ,а и во почетокот кога плачеше се мокреше) и ставам 10 пелени за цела недела ( седи 5,5ипол саати на ден) Ранчето го давам во понеделник си го зимам во петок. Ако нешто се натопи или извалка ми го даваат па другиот ден носам чисто. Вода секој ден му ставам свежа во нук некапечката чаша.
Не, од октомври се нема разболено. Ама бустам имунитет навелико без престан од октомври. А да провериш алергии? Кај нас излезе алергија на млеко и интолеранција на лактоза, како прекинавме така престана да спушта, за 3м ново дете. Нас не пратија на пулмологија од кај матичниот.
Да ми кажаа вчера од Козле да оздрави сега и еден упат да земам од кај матичен дали за кај нив или на клиника.
Ај ако ве пратат за алерго тестови пиши ми како оде процедурата, се чека ли, и колку се плаќа. Сакам на малата за некое време пак да и направам ама не ми се фрлаат пари на приватно.
Па викаат дека не е веродостоен ама кај малата точно испадна барем за кравјото. На некој работи што ги пишуваше немаше реакција, а на други што ги немаше па ми даваше. Али главниот причинител го најдовме.