15 ama ne idat site 10 maksimum vo grupa od 2-3 Inaku ubalakam hulahopki, helanki , bodi bez rakavi kratka maicka i tenka bluzicka Vo rance imam 3 takvi kompleti i eden par hulahopki. Po potreba dopolnuvam
Како почна од октомври па навака трет пат со антибиотик сме Кашлање,мрсули,бактерии,гнојни ангини страшно! Се си мислев моево дете е преосетливо ама ве читам наназад повеќето сме ист случај.. и чаре ? Се на се дали 20 дена одела Еве од утре пак ќе ја пратиме,со 300 стравови сме,памет веќе немам и бебево од неа префаќа и тоа сега на Алмацин е. Сакав да ја отпишам ама претешко ќе е,и од март почнувам на работа...а и едвај ја запишавме. Се осеќам на моменти крива дека како да ја пуштам за да се разболи
Ако немаш друг избор, а и декако штом од март почнуваш на работс и ќе мора во градинка нема зошто да ја оттпишеш. Никој намерно не си го праќа детето да му се рсзболи сите ѓи пуштаме во градинка бидејќи нема друга опција. Смирено само ,нема зошто да се чувствуваш виновна. Земете некое сирупче за имунитет. Дефендил го фалат консултирајте се со педијатар. Јас моето ќе морам да го пратам во градинка од 9 месеци....
Бимунал има најголема количина на бета глукан, пробај со тој, кога ќе појават симптоми на настинка им давам дупла доза, ептен сум задоволна од него
Јас 8м го праќав во градинка а не работев, може и поише да беа. Мора да заоди убаво го градинка за да почнеш, никој не толерира од старт нон стоп боловање, нажалост така е. Си тргнувам од себе, да имам своја фирма и нон стоп да сум отсутна, фирмата пати, не работи, пре ќе се одјавам и ќе вработам некој друг отколку вака. За имунитетот, мене Дефендил со витЦ и омега ми помогнаа најмногу, 3 препарата значи. Давам секоја зима еве трета година по ред. Бидејќи спуштае на плуќа моравме да видиме што го мачи, излегоа алергии, тргнавме млеко и видовме раатот. Ама реално кај нас имаше големи причини, спушташе ептен на плуќа. Немој да се оптоваруваш, нема мајка што сака детето да и е болно, пре би јас да сум болна он да е здрав. Ќе се среди, ќе видиш, само смирено. 9м бевме како вас, 1 недела у градинка, 3 дома, на крај доби и варичела, па ајде дома 3м, жена го чуваше, па да чукнам у дрво од варичелата навака е многу подобар.
Ако почнувате прв пат тоа е нормално и очекувано, колку и да бустате имунитет мора да помини низ тие настинки, мрсули... И гледај на позитивната страна од разболувањето, така го создава својот сопствен имунутет и го јакнее. Бидејќи еднаш ќе ги помини тие вируси, бактерии, после ќе е отпорно детето на нив и нема да ги фаќа, и секако разболувањата ќе се сведат на минимум. Немој да се обвинуваш, градинката е убава работа за децата, сега и со ковидот се помалку деца и им се обрнува повеќе внимание. Барем кај нас е така. Со среќа и бидете јаки
Првата година во градинка е таква. Нон-стоп нешто се фаќа. Де вирус де бактерија. Моето има големи крајници и тесни ушни каналчиња па мака видовме и со увото. За жал мора да се поминат тие вируси и бактерии и да се научи имуниот систем да регира на нив, па потоа е полесно. Нас ни помогна комбинација од Дефендил, Бекутан со Омега 3 и Бекутан Имуно (давам наизменично во текот на денот сируп со Омега 3 и сируп Имуно - овој вториов има пробиотик). Ова го давам само зимскиов период потоа пролет, лето и есен правиме пауза. Сега годинава Дефендил му давам само по потреба ако го видам со затанат нос и слично. Лани пиеше три месеци како што пишува дека треба да пие за да има ефект. И на најмало течење нос ставам два пати дневно Спреј со диво оригано во нос и прополис спрејче од Бачеф во грло.
Пак јас со недоумиците околу тргање во градинка на малово (годинка само што направи). Значи, ништо не јаде од класична бебешка храна, каша е максимум 30-40гр во добри денови, ужинка јаде со раче (банана, мандарина, малку кифла, бисквита), млеко од шише не пие а не знам дали воопшто е опција за во градинка. За килажа не мислам ич, над граница е за возраста, ама периодот додека пројаде таму ме плаши, сигурно се раздразливи дополнително тие што си поседуваат гладни а секако ужасно плаче, вреска, како ли ги смируваат. Немам опција да намалувам подои сега, научи дека цица кога сака и премногу плаче, грешката е направена, како ли ќе пројаде таму
Таму сите деца јадат се(барем кај нас). Се чудевме на родителска како може да јадат и тоа што не јадат дома. Се чудевме за редот што го имаат. За тоа дека сами се успиваат. Не се секирај, во јасли ги хранат ги успиваат ако треба. Јас искрено имам многу позитивно искуство. Мојата пример иако јадеше од пред годинка не блендирано се плашев што се враќа на каши, ама напротив, а почнела да плаче и викале ајде сега ќе јадеме и таа се смирувала. Сега ја спремам дека ќе.оди пак, ја учам кажувам и ивикам ама таму мораш да раскреваш играчки, ми вика да, и другите деца ќе ми помогнат. Не знам ама ко некоја магија да се случува таму и сите се послушни. За млеко не знам, јас ја имав веќе одбиено, а друго млеко не прифати одма,носев само вода. Е едино чајот не им го пиеше дека со шеќер а она го пиеше без... Верувај полесно е мало.. ќе јаде, полека, да не осети форсирање... Ако си со намера да го одбиеш.од цицање ова е шанса, полека да намалуваш. Да не се научи само дека штом те види ќе добие цицка. Децата гледаат едно од друго,кога ќе види дека другите јадат ќе јаде... Мојава еден период седнуваше на ѓаса и викаше ручек ручек ручек...така викале у градинка,смешки... Ќе видиш колку се интересни кога ќе се здружат, па ќе се сретнат на улица па се радуваат едно на друго...
Моето беше таков случај, почна на 13 месеци, исто беше научен да цица кога сака и колку сака, не му имав намалено подои, ептен беше пребирливи за јадење,.. Тешка беше адаптацијата, месец дена се адаптирање додека почна да седи цел ден и да спие таму, ама тоа е и до учителките верувај, може твоето побрзо ќе се адаптира, и сега таму си јаде се, се што не јадеше пријаде и среќен си е во градинка, со кејф си иде. Млеко нема потреба таму да пие, не е мал, си има млечни оброци и ужинки. За цице си надохнадува кога ќе дојдам од работа, одма ме носи на кревет и да цица.. Ќе си се навикне таму без цицање. Мене уште не ми се верува кога ќе ми кажат дека сам заспива таму, дома нема шанси тоа.
Не можеш ни да замислиш во моментот како ќе јаде таму се. Запомни ми ги зборовите. Со истиот страв почнав по цели ноќи само тоа размислував нема шанси моето да јаде таму гладна ќе ја остават нема да ја молат како јас. Тргна на 13 месеци уште не беше ни проодена мислев ќе ја газат по раците. Риалити: прооде за две/три недели, не пиеше млеко како дома пред спиење и јадеше се. Буквално се што ќе и дадат. Само првите три недели им одбиваше или појадок или ручек. Ама кога сфатила дека ќе биде гладна следниот оброк репете. За болестите погоре @Bella* не би требало да е малата на антибиотик на овие години, особено бебето. Да зборниш со друг доктор за второ мислење? И мојата е болна секоја втора недела. Ама ниту еднаш не добила антибиотик. Исклучиво капки за нос, солени капки и хомеопатски глобули за настинка (на природна база налик глобулите за заби искачање што ги давате доле). Инаку период е кој секако ќе го помине. Само околу терапијата да се посоветуваш и на специјалист за уво, нос и грло да ја однесеш да видиш што е причината зошто на секое има детето гнојна ангина - стрептокока е најчеста за тоа. Премалечка е за тоа и таква терапија.
Овде антибиотик е прв избор, матичен педијатар ретко да ти даде опција хомеопатија. Од бебиња им даваат антибиотик, нема долна граница за антибиотик. Супер е развиена кај вас свеста за хомеопатија, ама кај нас на тоа викаат Секта, нема шанси и слично. Јас имам среќа да имам супер посветен педијатар кој го знае како диши моево и искрено на прсти се брои колку пиел антибиотик а беше болежливо дете. Јас познавам и родители кои сами на своја рака даваат антибиотик иако нема причина, плачливо е детето, пикни антибиотикот, не спие, пикни антибиотикот, сакаш да заспие порано, пикни парацетамол или уште полошо лоратидин...Далеку сме ние среќо од вашава реалност, нажалост!
Со гнојна ангина нема играчка. Се добива антибиотик и крај. Изгледа наивно ама ич не е. Лани имав студент кој заврши малтене со оштетување на срце зашто касно добил антибиотик за гнојна ангина. Знае да направи многу проблеми гнојната ангина. И јас како мала имав многу проблеми со гнојна ангина и синуси и знам дека синусите ги лечев со инхалации и слично дури и ако имав бактерија, ама за гнојната ангина мора антибиотик.
Имаше стрептокока (закачена од градинка) и одма па потоа гнојна ангина,и во систина и во ремедика бев истото ми го кажаа дека е за антибиотик Зациментирано и беше цело грло се гледаше дека и треба нешто појако не јадеше ништо и едвај дишеше. А за бебево памет немам уште на уво нос грло не ја однесов Останатите викаат пренежна била ако не дадат сируп на плуќа ќе иде
Ќерка ми тргна на година и 3 месеци. Се нема разболено, споредбено со син ми кој често фаќаше стрептокока тогаш со спуштање на гради. Дали е до детето, дали е тоа дека нема многу деца, дали дека има примено пнеумокок, не знам. П.С. ти немаше поголеми деца или јас одамна не сум била активна на форумов па не знам дека имаш уште едно ? @BabyT* хулахопки не, ем им е многу топло, ем е мојава склетџија. Облекувам боди на кратки и блузичка со долги, доле само тренерки / хеланки. На големиот исто халахопки не иако се секој ден надвор, ама па внатре им е претопло.
КАсно е да се редактирам, ама @Autumn_ сум те помешала со друга членка,.... Очигледно долго не сум била активна на форумов хехх
Не сум и јас многу активна, ама може во други теми сме се читале, поголемото ми оди некое време во градинка и мислев како за второ ќе сум похрабра, ама слабо