Муабетот ми беше да се најде причинителот за гнојната ангина и директно да се лечи. Секако дека со антибиотик се лечи гнојна ангина. Но потоа дали направивте пак брис дали има стрептокока и како да се излечи или дали е воопшто излечена. Ако има поголемата ќе добие помалата исто и вие. И ќе игра пинг понг од една особа до друга додека вие сите не ја излечете. Да не ви се деси тоа убаво е да земете сите брис да видите дали некој друг ја има. За да не иде до вакви ситуации и во иднина. Да се реши проблемот да не се влече. Едит: Исто и во групата во градинка имаш право да инсистираш на брис. До останатите да не ве цитирам посебно...
И да има стрептокока пак ако нема сипмтоми не се лечи. Се лечи само ако даде симптоми. Плус брисот некогаш нема да ја фати бактеријата. Мојот лани имаше гнојна ангина која пооа даде проблем со увото. На повторнио брис ја немаше стрептококата ниту некоја друга бактерија зашто бактеријата му беше зад крајниците и во ушните канали. Не е секогаш ситуацијата таква каква што на форум на нас „специјалистите“ ни изгледа. Ние по гнојната ангина уште месец дена се влечкавме со разноразни терапии за подобрување на состојбата. И испит два антибиотка еден по друг. Според тебе го отрув детето без потреба зашто на вториот брис немаше бактерија. Ама реалноста беше дека му се изгуби слухот привремено од преголемо запушување. И да тогаш мораше пак антибиотик и инхалации и локален антибиотик во уво и не знам што уште не за да се опорави. Може некогаш и лекарите знаат нешто.
Мислам дека од поновие пракси кај нас да се избегне антибиотик, нормално кога не е за антобиотик, ние мајките пресериозно ги доживуваме антибиотоците. Кога треба треба, и далеку е помала штетата од терапијата отколку што нас тоа страшно ни изгледа. Се согласувам дека гнојна ангина не е играчка, затоа доктор го гледа грлото, нешто што за мајка е само поим "гнојна ангина" за докторот е знак и накаде би одела инфекцијата. Кога моето од градинка фаќаше стрептокока, доктор ми кажа дека може и генетска предиспозиција да има за да ја развива, кај нас верувам дека е тоа случајот. Едноставно и природен тек имаат тие работи, некои бактерии ќе ги фаќа почесто додека стекне имунитет во градинка, зашто факт е дека на се и сешто се изложени таму, некои лесно ќе поминат во градинка па во основно или покасно прележуваат. Многу примери знам каде и возрасни лечат бактерии едно по друго, а како деца биле без еден антибиотик. Знам и деца што постојано развиваа вирусни инфекции и кашлаа цела зима, а поминуваа без антибиотик, а родителите беа среќни заради тоа, пак ќе кажам некако имунитетот почнавме да го едначиме со бројот на испиени антибиотици. Важно е да не се даваат кога не е неопходно, да се открие што е и точно да се лечи, а дали повеќе или помалку антибиотска терапија ќе добие не е на нас, и нема потреба да имаме грижа на совест од "труење со антибиотик". Ако порано даваа рандом антибиотик на секоја температура и/или кашлање, денес децава ни се топ! Останатото е периодот на градење имунитет одејќи во градинка да можеме да го поминеме што е можно полесно, бидејќи мачно е многу, особено со помалите што често не соработуваат за да испијат сируп и не можат да се пожалат.
Тоа не се лечи ако нема проблеми не важи во семејство каде има дете со проблем од стрептокока. Не се лечи ако рандом некој земал брис, а нема симптоми. Инаку ако на брис кај дете покаже дека има и притоа се бара чист брис тоа дете иако нема симптоми мора да ја третира за да го заштитат она кое има проблем. Честата појава на гнојна ангина носи кон операција на крајници како солуција. Мора да се бара причинителот и да се отстрани во спротивност детето цело време ќе биде под антибиотска терапија. Во случајот кај твоето дете чим продолжуваат проблемите морало да се третираат. Не гледам што е спорно во ситуацијата. Уствари знам на што алудираш ама досадно е да вртиме нон стоп едно исто. Не зборам како специјалист. Туку како дете кое до 16 години се борев со двете бактерии и стрептокока и стафилокока. Имам испиено во тони антибиотици. Имав Оспен 1000ка како годишна терапија. Проблемите почнаа од градинка и завршија со оперативен зафат. Јас имав гнојна ангина нон стоп и воспаление на уши. Двете бактерии шетаа од нос, грло до уво и назад. Шетаа и до моите и назад. Јас завршив со операција моите со антибиотици. И така се спасивме од стрептококата. Среќа постојат сега вакцини и детето ми е вакцинирано. Македонија нашите генерациски деца не ја фатија ама новите бебиња ќе имаат шанса да де вакцинираат. Навидум глупа вакцина ама толку многу проблеми може да направи.
Всушност, вакцината не штити од пиогенис кој е најчест причинител за гнојна ангина. Вакцината е за пнеумоние. Операција на крајници е решение, ама не е секогаш. Кај ќерка ми, еден куп специјалисти се сложија дека крајниците не треба да се чепкаат оти се сосема во ред, а она имаше упорни, чести инфекции проследени со гнојна ангина (ние дома никогаш не фативме) Решение никој не ми даваше, барем не трајно и сигурно. По препорака на специјалист почнав со Бронховаксом, од тогаш нема инфекција, ама.... само два, три месеци потоа одеше во градинка, подоцна беше дома заради вирусов, а сега во школо се со маски, па не можам да проценам дали имале ефект или не. Во секој случај, вреди да се пробаат, секако во консултација со лекар. Инаку, не би да дебатирам дали треба атб за стрептокока или не, оти е излишно. Се разбира дека треба, оти последиците ако не се третира може да бидат страшни.
Кај си бе Анче? Овој специјалист би ви го препорачала. Кога имав јас проблеми, он беше млад лекар. Беше изврсен специјалист уште од тогаш и врвен дијагностичар во областа. Со годините стана уште подобар. Според мене еден од најдобрите со големо искуство зад себе: https://www.google.de/search?q=зоог...ZOGRAFSKI,ru_q:pzu%20ZOGRAFSKI,trex_id:MiPdkc Има ординација во Велес, но не ви е далеку.
Имам едно прашање за мајки кои се на породилно за поаѓање на децата во градинка, треба да се вратам на работа крај на март, на работа потврда ќе ми издадат дури дента кога ќе почнам на работа или може да ми дадат порано ама на потврдата ќњ биде наведен датумот кога ќе почнам на работа, прашањето ми е дали би ми ги примиле децата бар две недели порано ради адаптација, бидејки немам кој да ми ги чува, не ми е изводливо да ги носам на адаптација и да одам на работа бидејки двајцата со маж ми работиме само прва смена. Дали има некој вакво искуство?
Не ти треба датум на потврдата, секако си во работен однос во таа фирма иако си на породилно. Мене ми дадоа сега а ќе почнам од 1ви март.
Ама мене од работа ми прават проблем кога барам потврда ме прашуваат зашто ми е, и ми викаат дека морале да напишат дека од тој и тој датум ќе бидам физички присутна на работа.
Па нека пишат со задолжително присуство од тогаш и тогаш. Кажи им и да пишат дека потврдата е издадена за градинка... Јас однесов сега а ќе почне од март, за да не се пополни бројот па да ми каже нема место.. Во градинка им е битно само да стои задолжително физичко присуство
Нема да ти го примат детето без потврда. Ни еден ден не сакаа да ми излезат во пресрет додека чекав да ме пријават на работа,а веќе почнав да одам.
Кажи им во потврдата да наведат дека се издава со цел запишување дете во градинка, нека ти ја дадат порано, а во потврдата нека го пишат датумот од кога почнуваш физички на работа. Бог да чува се за една потврда, ко божем им бараш жирант на кредит да ти се потпишат.
Абе свашта, така се договоривме, да ќе ми издадат потврда порано, а на нејзе ќе стоел датумот кога физички ќе почнам на работа.
Ни за датум не треба да се врзуваат ама сфаќам дека се мораат да искомплицираат, потврдата треба да ја издадат ако работните обврски мораш да ги завршуваш физички присутна на работа, општа е потврдата, може или не може да се работи од дома. Со датата непотребно се комликуваат нештата, може да ја толкуваат дека пред напишаната дата не важи, а адаптацијата нормално треба да почне пред да тргнеш на работа
Од колешкиве знам дека заради вакви ситуации одмори користат. Исто беше со минатата фирма не издаваа потврди. Носеа потврда на 01.03 на пример а од тој момент им тече однор 10 работни дена и во тие денови адаптации во градинка...