Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    43.488
    Пол:
    Женски
    Вчера имавме завршна приредба во градинката каде ја носам ќерка ми.Толку убаво организирано,немам зборови.Време е за ,,Збогум градинке".На крајот од приредбата им доделија миниматурантски дипломи на децата кои од есен тргнуваат на школо.Мама пушти и по некоја солза.

    А ќерка ми ,а и син ми ,ме прашуваат дали ќе ги посетуваме учителките и градинката некогаш.
    Секако дека ќе ги посетуваме.Градинката ќе им остане еден од најубавати периоди во детството.

    Родители,не се двоумете,давајте ги вашите деца во градинка,таму за нив е ПРЕКРАСНО.
     
    На Ariel, Annath и lolyta777 им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.408
    Допаѓања:
    48.502
    ^ Во Корчагин да не оди?

    Јас се потрудив да фатам врски за градинката у соседството. Уште да не се погодат учителките, тешко нив :D
    Всушност, уште не знам ни дали е запишан сигурно.
    Врски за градинка... сешто :D
     
  3. lelena

    lelena Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0

    И ние веке 2 недели протестираме. Не јаде, не пие, не моча....За јадењето и не сум изненадена, ама без сокче и вода....малку ми е чудно. Ми викаат ке се навикне, ама знаејки колкав и е инаетот не знам кога ке биде тоа. Веке почнав да се нервирам.
     
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    84.257
    ^^^ Сега ќе има помалку дечиња во градинка, па ќе се опушти, а и воспитачките ќе можат повеќе да му се посветат на детето...да се мазат и гушкаат :)
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.271
    Допаѓања:
    5.121
    Не се нервирај. И моето протестираше 2-3 недели па после си легна на брашното :D . Нормално е, им треба период на адаптација, само по себе ќе си се среди
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.408
    Допаѓања:
    48.502
    После купишта врски, конечно успеав да го запишам синот во најблиската градинка! :party:

    А сега почнав да се плашам како ќе биде. Се плашам најногу за јадењето, а малку и за социјализација, ама дека му треба - му треба!
     
  7. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    71
    Хихихих врски за во градинка значи држава неможе попатетична да стане
     
  8. Tamarce34

    Tamarce34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Мојата ќеркичка почна да оди во градинката Буба Мара во Ново Лисиче на 2 години и одеше по една недела во градинка па 3 недели дома бидејки нонстоп се разболуваше од бронхитис и пневмонии. По совет на лекарите после 2 години ја отпишав од градинка и седеше дома се до поаѓање во училиште и ниту еднаш не се разболе од бронхитис или пневмонија (според мене имаше нешто во градинката)....а за социјализацијата....да ви кажам ништо не и недостасуваше дома и надвор пред зграда со децата...сега има 8 години, супер се вклопи во училиштето и се е добро....за мене најбитно беше да биде здрава да престанеме да лежиме и да се лечиме нонстоп во Козле (затоа што сите тие пневмонии добиени од обични настинки сигурно оставаат траги на нејзиниот организам)....а се друго си дојде на свое место. Сега со второто дете сум повторно пред истиот предизвик градинка или бејбиситерка...сепак ќе пробам повторно со градинка само поради финасиски причини па ако не оди ќе седиме дома со бејбиситерка
     
  9. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    Се двоумам каде да ја записам керка ми во пчелка 1 или пчелка 2. Ве молам споделете искуства
     
  10. elidi75

    elidi75 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ве молам дали некој има искуство и може да ми каже нешто повеќе за градинката Росица објект Калинка во Хром?
     
  11. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Ako mislis na pcelak 2 vo lisice jas bi ti rekla tamu. Pcelka 1 e mnogu star objekt i ucitelkite se poarni vo pcelka2.
     
  12. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    121
    јас мое дете не би носела во градинка....прво зашто јас не сум идела и ми беше супер....си седев дома уште мала научив со мајак ми да пишувам и да читам и такви работи.
    не би носела...зошто? Мајка ми работеше еден период во градинка и ако ви кажам какви работи ми кажуваше,што све им правеле на децата...како ги занемарувале уфффф
    дома ќе си го гледам не ми треба градинка
     
  13. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Paulina2, ne bi nosela ama sigurno imas koj da ti go cuva ili imas pari da plakas zeni.
    Da si kako mene 4 zeni za edna godina koi gaz ne gi boli za deteto gledaat samo da si gi zemat parite, i minus na smetka do kraj, poinaku ke razmisluvas.
    Ke ide vo gradinka pa ako saka sekoj mesec na boleduvanje da bidam.
    Taka bese so golemata kerka edna godina non stop razboluvanja, lezenja po Kozle ama stekna imunitet i posle redovno si odese vo gradinka. A doma ti ili nekoja baba nemoze da mu go dadete toa na deteto. Na kerka mi non stop im organiziraa pretstavi kade ucestvuvaa decata, peeja vo univerzalna, igraa narodno oro vo etnoloski muzej,setaa po zoloski, po muzej a da ne zboram druzenjata zaedno so roditelite i decata. Koga imase nekoj rodenden site idevme komplet decata si igraa a nie roditelite si muabetevme. Tolku se zblizivme sto sega decata imaat po 10-11 god. se uste si ideme na rodendeni i si se organizirame vo ABC na kafe kade oni ke se istrcaat a nie si muabetime.
    Jas od prvata kerka imam preubavo iskustvo od gradinka.
     
  14. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    121
    види веројатно постои голема разлика од градинка до градинка,и од воспитувач до воспитувач...јас гледам како е ситуацијава овде
     
  15. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.491
    Минатата година воопшто не бев задоволна од градинката и воспитувачката на керка ми. Кога ке ја однесев наутро, повраќаше од што и беше мака. И јас неможев да се опуштам, сум го пратила детето на измачување. Ке излезе воспитувачката да го превземе детето, наместо да се насмее, таа со поглед го убива... Ги отпишав во мај за да не плаќам за две места бадијала.
    Од досегашно лично искуство и од пријателки, ако не те познават во градинката (не сум од Скопје) и ако немаат некаков интерес од тебе, не го гледаат детето како треба. Познавам една сосетка на мајка ми која работи во граднка, па ги запишав во таа иако е на друг крај од градот. Се надевав дека барем едното детенце ке биде кај неа. На жената и доделиле голема група па моите две дечиња, мала и средна група се паднаа кај воспитувачки кои во живот не сум ги видела. И презадоволна сум во моментот! Првите денови ги земав порано и видов како ги носат на ручек, како ги мијат, како ги облекуваат, ги молеа да пијат вода бидејки било жешко надвор.... А во другата градинка напротив не им даваа водичка за да не им се мочка на дечињата, дали да ги носат во тоалет или да пијат кафе надвор? Керка ми вториот ден кога дојде од градинка, миејки рачиња почна да си пее нова песничка. Толку ме изненади, солзи и потекоа од радост. Малиот ја засака негувателката и сега ја вика учителка мама. Дома за јадење го молиме со часови а таму ке си седне, ке го нахранат, си игра со дечињата, друго дете е.
    Ми се врати надежта дека сепак постои нешто човечно во луѓето... Моментално се дома настинати, инаку едвај чекам да оздрават и да тргнат пак бидејки добро ми доаѓа тишината во домот тие неколку часа :)
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.408
    Допаѓања:
    48.502
    Јас бев под стрес како ќе се навикне малиот во градинка - и за социјализација, и за болести.
    Првите денови не беше најсреќен што оди, но денес ме изненади. Го оставив дома бидејќи е настинат, и за млаку ќе се расплачеше - сакал да оди во градинка :D

    И за болести, среќа, ок е. До сега, за месец и пол имаше само еден стомачен вирус што траеше еден ден. Не ми беше страв од такви вируси, туку тој често развива пневмонии, а сега за сега на мое големо пријатно изненадување - супер се држи.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. plazma

    plazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    16
    Моето оди во градинка од 1,5 годинка. Во почетокот не да плачеше, туку урлаше, ама со тек на време си се навикна и сега му е супе (има 4,5 години). Според мене градинката е најдобро решение за децата и во поглед на едукација , исхрана и се останато. Го обожава дечиња со кои е во група, одиме скоро на сите родендени, се дружиме, супер е.Јас сум посебно задоволна и во поглед на исхраната,бедејќи кога беше дома се галеше и не јадеше се, а таму со сите деца заедно си папкаат ТОП. Инаку,свекрвами е дома може да го чува ама градинка е најдобро, верувајте.
    Поздравче...
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.960
    Пол:
    Женски
    Колку што се сеќавам, јас немав некои проблеми кога тргнав во градинка. Бев во забавишна група (така ја викаа групата од која потоа се тргнуваше во прво одделение) и имав 5 години. Бев на целодневен престој, значи од 8 до 16h. Јас дотогаш бев навикната да ме чува баба ми и ми беше малку тешко, но за брзо време се навикнав.
    Првенствена улога имаат воспитувачките од кои зависи дали децата ќе се чувствуваат пријатно во градинка. Јас имав две прекрасни воспитувачки, кои беа одлични педагози и не се сеќавам некој некогаш да плачел за мама или тато.
    Според мене, градинката е одличен чекор за едно дете и еден вид припрема за во прво одделение. Јас таму научив многу, не само во однос на песнички, бројки, букви, цртање, боење, туку градинката за мене беше одличен начин да ја побијам својата срамежливост и да почнам да комуницирам со другите деца. Во градинка стекнав многу пријателства и горда сум што до ден денес една од моите најдобри другарки ја запознав токму таму.
    Пред да тргнам во градинка бев повлечена, срамежлива, се дружев само со неколку деца од мое маало и имав проблем при воспоставување на контакт. Но, таму научив многу за дружбата и тоа ми помогна понатаму да можам полесно да стекнувам пријателства. :)
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    И јас одев во градинка, 2 години. Моите на работа, и од 8 часот си ме носеа таму. Потоа ме земаше или татко ми или дедо ми, крај 15 часот некаде. Воспитувачките им беа познаници на моите, и немав некој проблем. Си имавме таму јадење, одредено време за преспивање, во училницата секакви играчки, занимации. Кога беше потопло излегувавме надвор. Таму научив да пишувам, читам. Цртавме, боевме. Најважно од се е тоа што бев помеѓу деца. Како што кажа Ана Каренина, ја отфрлив колку- толку мојата срамежливост.
    Убаво е децата да се однесат во градинка, но сепак можеби и зависи од тоа каква воспитувачка ќе се погоди. Затоа што знам некои другарки кои немаат најубаво искуство со градинките.


    Не може секоја да биде воспитувачка, не се сите за работа со деца, сепак...
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Одев во градинка скоро неполна година пред да тргнам забавиште некако одвај.
    Бев во група кај што беа деца поголеми една година од мене и неколку една година помали од мене.
    Не се сеќавам се до детал знам дека многу мразев да одам. Дали мразев да станувам рано, па паметам дека многу им се противев за станување, па живи маки додека ме станат и однесат.
    Првите неколку пати плачев за назад ич не сакав да одам, после тоа се привикнав, ама некако како сосила.
    Сеа си викам, колку сум била глупава, па таму им е најинтересно, дружба, песнички, играње, ама ете не ми се седело мене. Дека не бев навикната преку ден да преспивам се случувало цело време додека другите спијат ја да лежам и да се преправам да спијам, па некогаш и знаев во кревтчето да си заплачам што не сум дома и што сум приморана да спијам :devil:
    Паматам еднаш воспитачката не пореди сите и како што врвевме по ред не корнеше за коса и од тогаш неа ич не ја сакав, другата беше подобра. И секогаш кога ние спиевме(креветчињата беа мали, ниски како сеа ги памтам како беа наредени) тие нешто плетеа и ја ко ѓаолче од под око ги гледав преправајќи се дека спијам. :) Некогаш се случувало и да заспијам.
    Значи ако некое дете има желба да оди да го носите во градинка, тој е првиот чекор на детската социјализаија и учење на некои навики. Ако е мало и не знае кај оди, мислам дека брзо ќе се навикне и да прави отпор.