Само 15 мин ќе биде првиот ден без тебе ќе бидеш во холот, па пола час неколку дена, па саат, па два дома на тел да си достапна. Нормално чувство. Неоправдано. На децата им е убаво со деца. Само ние што се филмаме дека без нас нема живот тоа е друго. Ќе ти биде тешко и понатаму особено првите недели кога ќе остане до ручек и со спиење. Ќе седиш облечена, спремна да го земеш. Како на трње. Угушена у солзи мислиш во мачилиште си го оставила. И еден ден нема да сака да си иде. Ќе ти мафта за чао кога заминуваш. И ти ќе сфатиш дека таму му е многу поубаво него дома. Ќе се насмееш и никад повеќе нема така да се чувствуваш. Мајка. Сите со истите мисли. Како беше онаа да не ти се деси она што го мислам. До нас е. Цел живот така ќе ни биде. Ова е само почеток. Замислете кога ќе ги пуштиме на факултет сами некаде таму.
Истите мисли ги имав. Првите денови ме прашуваа другите мајки дали е мое детето залепено на прозорот и не мрда, само плаче. Ама нема форсирање, ако плаче ќе ја зимаш за 30/40мин додека да стекне доверба во воспитачките.
Мојот нејќе да чуе за јадење таму. Дома си доручкува, го ранам убаво, таму му даваат бисквити со чајче или некоја торти а ако имаат е тоа не одбива. Некогаш потите им ги јаде, во 3 саат го зимам и одма си руча. Мојот во понеделник се враќа во градинка па ајде да видиме овој пат колку ќе трае.
Зависи во колку е приемот Кај моето е од 8,го будев во 7 ,малце да се расони,облекување,јадење и сиктер Ама ми дојде преку глава си викам како може другите да јадат моето не? И еден понеделник и викам на воспитувачката од денес ќе појадува во градинка И си почна да јаде, ваљда не му бутаат само леб а да ме лажат дека јаде каша...
Како ги будите ви се восхитувам. Мојава ако ја разбудам ненаспана. Циркузи може и да ме затепа. Треба да почнам да ја вежбам. Ама посекако, денес прими ДТП, За мрп дури крајот на Март. Ќе почека градинка.
Ај рапорт. Денес 4ти ден седеше 1 саат и 30мин. На интервали плачел. Ама денес само што го виде објектот почна да пишти. Утре ќе седи 2 саати. Мислам дека е добро за сега. Трпелива да бидам, нели.
Па има деца и така пребирливи. Ако не апнат дома ќе се гладни до 3, други едноставно не му се допаѓа таа храна таму. Јас некогаш ја ранам затоа што и дават само леб и мармалад за појадок, а не сакам само тоа да јаде
Па нема никад да пројаде така. Не знам за која градинка се работи, ама во скопскиве не е само леб и мармалад секој ден. Менито им е ок.
Оф, мојата си јади не одбива ништо. Ама е алергична и менито и е тоа, средно жалосно. Ручекот си го јади и за ужините јади овошје, а дома си иде гладна.
И ќерче си иде гладна дома,од врата одма иде накај фрижидер мама мњам мњам Кај нас во градинката а еве и од другаркиве што ми кажуваат повеќето градинки во Гази Баба ручекот им е во 11 12часот Нели е тоа рано,кај вас како е? Затоа дома одма бара ќе ја земам во 3ипол 4 и мнг саати изминале откако јадела
Jас еднаш отидов да ја земам, беше некај 11ч, ми кажаа почекај руча. Најверојатно тогаш ручаат па после ги успиваат. А пред одење ужинка им даваат. Мојата скоро никогаш на руча дома после градинка, додуша она и не е многу по јадењето
Кај нас појадокот е во 8.30-9.00 часот, а ручекот во 11.30. Потоа спие. Ужина во 15 часот. Ако стане во 6 и давам две три бисквити за да не гладува до појадокот. Инаку е дете кое станува и појадува после саат / саат и половина. Но има деца уште очи не отвориле плачат за јадење. Така да зависи какво ти е детето така ќе се комбинираш со појадокот. Иако некако многу блиску се појадок и ручек, но во тие два и пол часа се надвор па претпоставувам затоа и така пресметале дека ќе бидат гладни.