Кај нас појадокот е одма кога ќе дојде некое дете. Ужина у 10 па ручек у 12, па супа со лебче у 3. И се јаде и репете барала и пак гладна, и некогаш купувам нешто за у кола оти е гладна.
Ee супер е така да има накај 3 супа леб Јас кога ќе ја земам тогаш гледам во раката и ставаат мандаринка или банана
Кај нас според протоколите, нашата група има доручек во 8.оо бидејќи последното дете доаѓа во 07.20. Ужинка имаат во 10.30. Ручек имаат во 12.30/ Втора ужинка имаат во 14.30-15.00 За хранава сум задоволна, сите мајки се фалат дека децата им јадат во градинка. Менито не е баш најдобро,имаат зелка манџа (што на пр за деца од 2 години не е баш ОК) ама пак благодарна сум зашто детето ми се научи да јаде манџи.Таму нема како дома , не го сакам ова, дајте ми тост. Првата ужинка им е кифличка со сирење или мармалад,, втората им е овошна. Ги изнесуваат надвор во дворчето, играат, трчаат (им организира игри за да бидат сите на купче), па трошат сила и јадат точлу често (на 2 часа). Убаво поминуваат во градинка. Јас дома колку и да се трудам, неможам така да уредам и да се посветам.
Зошто не е ок зелка манџа? Јас зелка манџа му давам на мали од година дена, здраво е, зелката е еден од најздравите зеленчуци. Мене ми се свиѓа менито, не ми се свиѓа кога втората ужина е кифли и лебови, пре би некое овошје. И цевитаната за втора ужинка што уствари го викаат овошен сок, витамински напиток или нешто така. Супер им е јадењето воглавно.
Некоја мајка има искуство со градинките во Драчево, ако има некоја со градинката во ОУ Климент уште поубаво,сакам искуство од двете за конечно да се одлучам каде да го запишувам мали.
Па супер може да е ама далеку од здрава исхрана. Манџите би биле ок да немаат брашно и пипер. Па и топената торта @Bella* и кај нас втора ужина е овошје што мислам повеќе и ги огладнува.
Каква е таа топена торта? Кај нас нема такво нешто. Има лења пита со вишни ама таа уствари не ја даваат веќе туку даваат леб со џем. А кај нас маните не ги запржуваат веќе. Патем ние пораснавме со запржени манџи, не е толку страшно.
Лили тоа е само партиципација. Од државата имаат остаток. И мислам дека доаѓа 5000-6000 по дете. Не е најдобро менито, ама не е ни најлошо. Сепак треба да се трудат да се подобрат. Здрава храна не значи скапо.
Кога првпат тргна моето во градинка се изнервирав зашто еднаш во неделата имаат цевитана како ужинка, еве сега ја имаат пак иако никогаш не кажал дека им дале дури и да го прашам. Сега сама му викам ај ќе пиеме цедевита во кафич, му мачкам крем за вечера, стандардите од чување на едно, до чување две деца со мала разлика драстично ми се опаднати. Така што презадоволна сум од храната, иначе и за лебот на жито лукс ќе сум се нервирала порано, дека ги носат надвор не знам, веројатно кога ќе се стопли повеќе
Искрено баш здраво рачунам дека ми се хранеше детето во градинка. Не чувам мени од градинката дека моментално не оди, ама даваа леб црн, манџи (најчесто правени од пашканат, брокула, карфиол и сл) , овошје секогаш, е да, за ужинки кифли имаат, ама па и јас давам кроасани 7 дејс да јаде од време на време.
Инаку сама имам слушнато жена што работи во кујна во градинка, кога ја прашаа како ја прави тараната (мислам дека за тарана се збореше) зашто сите деца ја сакале, гордо оговори дека "повеќе зејтинче се става за да биде убава" вика "у принцип на се повеќе зејтин и одма е повкусно" пробав да го потиснам ова сеќавање ама еве излезе, ама пак ќе кажам, јас пржени компири им давам, така што не би се бунела и за зејтинот, дома кога ќе дојде руча пак па имам прилика ,а тоа да е нешто баш здраво
Не напомнав дека се страшни, туку не здрави. Впрочем може да се направи густина од зеленчук нема нели потреба од брашно. Торта зборам за онаа потопена во шербет (незнам точно име). Точно. Муабетот ми беше дека има начин таа храна да се направи во по здрава варијанта. Како што напомнав за манџата. Тортата е тотално не потребна, иако на моето дете не ја дават зборам општо за сите. Посебно не за дете од 2г. Инаку вашиот распоред е сосема ок, не е секаде исто изгледа.
Скроз океј уште шугар фри фали и зденка намаз аут со ајвар и иде во идеал фуд за градинка. Едноставно не смее шеќер во градинка. Па цел свет е шугар фри. Вие дома давајте ако сакате и шеќерна волна ама кога е во јавна институција мора да се хранат здраво. Мора. И од тоа не смее да има отстапки. Манџите ги прават со запршка во градинки сеуште. А ние оти многу здраво се храневме затоа сме идеално здрави. И уште се храниме додуша. Здрави навики од мали нозе и никако поинаку.