Во ред е да тежнееме кон здрава храна, ама едно е на форум, друго е во живо. Колку мајки имам сретнато у градинка зошто ова зошто она а дома за ручек кебапи од Стокомак. Не дека јас не давам, давам. Ама не од Аргентина шеста класа седум пати мењат рокот. Така да пак ќе речам, да. За 1500 ден сум задоволна. Велам 1500 зошто од мој џеб толку давам. А ако сакам барени брокули да јаде ќе го запишам у приватна.
грешни ти се очекувањата! Не даваш 1500, туку и секогаш кога плаќаш данок од 10% со шифра на општината во која живееш.
И јас кажав не можам да сум лицемер и дека дома јаде raw food, а во градинка еднаш неделно 150мл цевитана ми е проблем, ама фактот е дека тие кујни се со намена да готват за децата, не го прават тоа како дел од црвен крст, плата земаат. Јас работам 8h, две деца, плус обврски тон, кога јас им давам пржени компирчиња е затоа што немам време за друго а така ќе бидат најадени и ненервозни, а во градинка имаат обврска да им зготват по мени. Јас не можам да го запоставам моето работно место, за да готвам и да надокнадам за невнесените нутриенти во градинка
Кој данок мислиш? Иначе да, дел од парите се обезбедени од даноци. Едно дете во градинка повлекува мислам (не сум 100 % сигурна) 9000ден, 1500 од родителот, а останатите од општината и министерство за труд и социјала. Иначе не е точно дека градинките сами се реновираат, ги реновираат општините или пак некои грантови кога има. Не, не е идеално. Кај нас е мислам ок менито, ако замижиш пред цевитана и кифла со мармалад 1 неделно. Е сеа имаат и бонжити, што исто не е најсреќно решение. Дур се бира цена наспроти квалитет тоа е. Единствена работа на тендер е таа, цената да биде најниска и да не се смени во текот на цела година. Кај нас млечниот намаз е путер, јајце варено, морков варен, урда и сол, а рибината паштета ја прават од ослич и зеленчук. Голема работа заврши на времето Револуција во исхраната, нешто што го смени комплет менито во многу градинки, ама сеуште има фалинки. Не знам искрено дали ги запржуваат манџите, мислам не, а што се однесува до алергии се придржуваат строго, знам зошто моето не смее млеко и не го пие, а за чаевите пишува дела се со мед. Секогаш може повеќе. Мене искрено ми смета повеќе што немаат интересна програма, што во секоја занимална има тв и гледаат цртани, што спиењето е задолжително и се ствара револт кај децата.
Ќе сакаш ли да сликнеш или споделиш мени од вашите градинки? Многу сакам да знам каква е таа шугар фри исхрана? тнх
Не знам дали е за овде ова, ако не е префрлете. Моето дете за неколку дена ќе наполни 11 месеци. Пред 3 дена појде во градинка, засега го оставаме на 1саат. Не е делен од мене воопшто (освен за ситни потреби по дома), плаче многу таму не сака ни да јаде.. многу ми е тешко. Првиот ден липаше дури и дома кога си дојдовме Нема кој да го чува, плус многу сакам да оди во градинка..ама тешко ми е, не знам дали му се посветени доволно. Ве молам за искуство како беа вашите деца на почеток, дали брзо се навикнаа? Воопшто не сакам да му правам стресови
Ова е менито за јасли од објект јасмин градинка 13 ноември,каде одеше синот пред повеќе години. И тогаш менито беше горе долу исто како сега. Не е до толку лошо,а подобро може секогаш.
Моето дете за неколку дена ќе наполни 11 месеци. Не е делен од мене воопшто (освен за ситни потреби по дома), плаче многу таму не сака ни да јаде.. многу ми е тешко. Првиот ден липаше дури и дома кога си дојдовме Нема кој да го чува, плус многу сакам да оди во градинка..ама тешко ми е, не знам дали му се посветени доволно. Ве молам за искуство како беа вашите деца на почеток, дали брзо се навикнаа? Воопшто не сакам да му правам стресови
Па кај поголеми деца пред школо е проблем. Моево има моментално криза за спиење, не сака да спие секогаш, а мора да лежи и тоа е голем проблем. Детево што идат заедно со моето од комшии имаше 2 недели кога плачеше нон стоп за да не иде у градинка, нејќеше и крај, не сакам у градинка зошто ме тераат да спијам. Башка во 1во спиење нема, па им заспиваат на клупа на учителките во 12 (зборам во нормална ситуација кога децата идат целодневна не за ова корона време кога се скратени часовите)
За 2-3 недели се навикна. Инаку градинката во вис ја дигаше. Една недела одеше само пола час, другата од 1 до 3 и третата со спиење. Е сеа измеѓу имаше паузи дома затоа што се разболуваше.
Секое дете е различно. Прв пат кога го пуштив имаше 11 месеци и му беше огромен стрес. Вториот пат имаше три години без еден месец и појде топ.
Здраво мајки, Дали во градинкте им прават систематски преглед? Дали го најавуваат претходно за да присуствува и родител? Што опфаќа систематскиот? Дали им прават и стоматолошки преглед?
moeto e 12 meseci place isto 4 dena dosega bevme na adaptacija i loso loso pominuvame .Ama druga opcija nemam mora da se navikne.
Ќерка ми не носеше топлинки летно време. И облакав crocs сандали. Ептен се грди, ама многу практични. Се уште ги носи.
Мајки прашање. Плаќам за детето паушал за градинка. Поради корона не одеше, бидејќи сум бремена, а свекрва ми која живее со нас е дијабетичар долги години. Сега треба да се породам и бидејќи нема да можам со двете деца на почеток да излезам на крај ќе мора да оди во градинка. Ја контактирав градинката и ми рекоа нема место, може да се обидат да побараат во друг објект, но не веруваат дека ќе најдат, а и да најдат ќе нема кој да ја носи и зима ако е подалеку, сопругот не вози, а е на работа до 18 часот. Мислев ќе ги зголемуваат групите, но рекоа не. Некоја да се соочува со ваков проблем?