Браво ,вас ве пуштиле внатре со него, мене не ми дозволија ни пред врата да седам , а камо ли да влезам внатре да ја видам просторијата кај што ќе поминува пола ден моето дете...
Пројдоа две недели веќе. Дете не прави толку проблем, колку што воспитувачките не сакаат адаптацијата да иде побрзо. Стигнавме до 3 саати седење. Он не плаче веќе, а она упорно не му го зголемува временскиов период. И викам од понеделник сум на работа, детево не прави проблем зошто не зголемиме на време? Снајди се мајка, за негово добро е. А-ха.
Не им попуштај штом немаш мака со малиот. Кај мојов кога не спиеше викаа уште да преспива и ќе биде супер. Почна да спие ама не во време кога спијат сите,па воспитачките на тоа гледаа како проблем и ми бараа решение на мене , што да прават. Во смисла,да си го земам пред 12. Практично невозможно,најрано 12 завршував со работа,со брзање да стигнам 12и30, 40. Кога реков немам решение морам на работа,вие средете си го,да видиш како можел да седи и до 14 часот. Така да биди упорна и зголемувај време сама штом нема проблем кај него. "Закасни" 10-15мин денес, уште 20 утре и така. Јас така би постапила. А тие ќе видат не видат ќе попуштат. Најлесно им е да се откачат од дете. Секоја чест на тие што си ја сакаат работата. Мене ми поставија услов во 14 да го земам (кога едната си оди), го земам од што ми е жал да не дреме и да чека инаку ќе го оставам и до 15 (наводно до тогаш најкасно можел да седи)
ПочнаВМЕ да идеМЕ да, денес двајцата у пакет Тешко иде со нашиве тригодишни фластери, иако мислев ќе поигра барем, бидејќи беше веќе еднаш без деца и едвај се убедивме за дома. Ама и оваа година дена контакт со деца е речиси никаков, на една рака можам да избројам кога си играл со дете. Он не ни знае како, што со деца, тажно ми е Битно вика утре ќе иде пак
Исто и мојов фластер. Таа сака деца ама и мама да е тука. Ако има играчки се само за неа и ако земи некој нешто вришти Ќе треба и јас да седам таму постојаноо со неа,оти ако ја изгуби мама од видик беља ќе биде. Крај Март планирам да ја пробам.
Во која градинка така дозволуваат влезеш со детето? Јас уште не знам училницата како изгледа, го земаат и го враќаат од ходник, а и по протокол е така.
Ве пуштија внатре?! Топ..нас не не пуштаат, само до врата и толку а мислам да може барем 20 мин да поседам ќе се опушти и после да си одам..а вака шок е за нив стварно
Приватна. Небитно е тоа, во државна блиска сега адаптира дете од 4г, со него седеше, сега веќе во некоја канцеларија, уште се адаптираат Мојов мислам никогаш не би се адаптирал да го земат од ходник, врата.. Самите девојки вака предложија, првин да го научи просторот и да стекне доверба. Многу ми е битно да не створи одбивност, задоволна сум со самото тоа што кажува дека утре пак ќе иде. Па набројува сега што видел и со што утре ќе игра, спомнува и едно девојче, веќе го вклучи во игрите
Ќе си почнеш на работа ти, и дете ќе си оставиш таму. Ќе ти се јават да го земиш ти ќе речеш не смеам да излегувам од работа, а не може ни маж ми и тоа е тоа
Во ред. Моите се во приватна, и искрено со оглед на ситуацијата не би сакала некој возрасен освен учителките да биде со нив во занималната (ништо лично) тоа е надвор од сите правила сега. Може и добро што не сподели, да е во нашата градинка ќе ме вознемири инфово.
Јасно, ситуацијава не е едноставна.. Родителите се известени! Не се шуткав по занимална и мешав со деца, маска, дезинфицирани раце, растојание се има.. Јас и се затеков од предлогов, мислев ќе го оставам само, па ќе плаче и што знам, као уште утре заедно, па понеделник да се тргам Не знам ниту дали ова е добро или лошо за него..
@emkaemka според мене, лошо. И колку подолго трае твоето присуство таму, толку потешко и подолго ќе ја мине(те) фазата на адаптација Едноставно, остави го и прошетај до молот, на фризер, до пазарче Со среќа и со лесно нека ВИ е И најдобронамерно до сите мајки, молам да не бидам погрешно разбрана Сите сме биле во тој период, некој полесно, некој потешко прошол низ него, некој се адаптирал за три дена, некој за толку недели или месеци. И знам дека срце ви се пара. Но, колку повеќе размислувате за се, барате, а не ви дозволуваат присуство во/пред занимална, сала или што и да е, толку агонијата ќе ви биде поголема и подолго ќе трае. Едноставно, мора да се мине периодот. Не инсистирајте, а не е ни дозволиво, во ситуацијата со Ковидов па ич, да ѕиркате на прозор, низ врата, не знам што. Тие што дозволуваат, свесно кршат (не)пишани правила, протоколи. И сите желби и барања да ви ги исполнат, само навидум ќе ви направат услуга, верувајте ми Контра ефект ќе добиете. Правилата се и треба да бидат исти за сите деца, како за вашето, така и за моето. За условите, протоколите во приватна градинка, нема да коментирам. Не ги знам, а и немам потреба. НИЕ веќе школарци сме. Мој наклон и поклон за „Сонце“ во НЛ. Секоја препорака П.С.И дефинитивно, колку порано се пушти детето во градинка, толку побрзо и полесно ќе се адаптира. Да, почесто ќе се разболува, но и побрзо ќе стекне имунитет Градинката е благодет. Верувајте, не сакате да знаете од блиски околу мене колку тешко децата се адаптираат во училиште, бидејќи претходно само нецела година посетувале градинка.
Од прееска се мислам и јас сум со некое мислење дека лошо е така и јас со него @PUPICA Кажав затечена се најдов, бебе чу и толку беше.. Мислев просторот го виде, девојките ги запозна и тоа е тоа, денес да го оставам и нека им е со среќа Утре ако не сама да пресечам и да им кажам повелете, секако презборев на бебе дека таму не седат мајки За шетање наоколу има што сакам и која потреба и да ја имам
Вчера Прв ден во градинка Државна. Го однесовме во 8ч, го предадовме од врата на воспитувачката, плачеше секако, заминавме одма Ни рекоа ако седи не ве бараме ќе дојдете во 11 и пол часот да го земите. По пола час ме извести воспитувачката со слика дека е Ок и дека не плачи воопшто. Во 11 и пол го зедовме. Не јадел ништо, седел настрана , не играл со децата само гледал, пелена му смениле без проблем. Ко отидов да го земем се стрча во мене и велеше Одиме дома Денес, втор ден потполно исто како вчера. Ме изненади дека не плачи. Се нервирам дека не јади, ама ќе се среди мислам.
Pa neznam kako ke bidam, ako e so carski malku potesko. Nemam pomos od nikogo. Malata mi e 3 godini, mnogu e temperamenta I privrzana za mene. Daj boze da se oslobodi mesto. Ke vidime
Во нашата градинка се почитуваат протоколите, а тоа значи на прием има учителка што ги прима децата и ги носи до училница каде што престојуваат во договореното време зза прием. Накај училниците никој не иде, сите се по папучи децата, и редовно се чисти и дезинфицира. Родителите не се бунат што од ходник ги подаваат децата, и јас на почетокот сакав да одам да зирнам, ама сега ми е сеедно се додека гледам дека детето ми е среќно кога оди не ми менува дали ќе знам каков е просторот. Реално и јас не би сакала некој друг возрасен да е шуња во училница. Ние го земаме последен учителката го шета во ходник пред училница додека дојдеме, не се мешаат со други групи.
Лично баш ме занима во каков простор ќе ми седи детето, не само од љубопитни причини! Она дете прв пат гледа простор и девојките, го предаваш на врата и очекуваш дека треба да е нормално лично ми е неприфатливо.. Јас мислам дека супер е што имавме можност и претходно да отидеме, видовме простор и запознавме девојките. За денес немам што да дополнам, за утре мислам е "спремен" да направиме примопредаја на врата, јас видов тоа што требаше, он нека истражува Бебе нацрта цртежи, утре ќе им ги носел