Ништо не му е ако сте седеле заедно. Мене пресурово ми е остави и ајт чао. Читај ги "германките" какл прават адаптација. Секако со детето се, па постепено намалуваат. Со лесно и да ужива баткото.
Ние од понеделникот почнавме во приватна градинка. Од прв ден супер, без плачки и еве фала богу уште така тераме. Си играл со децата и учествувал во активностите. Едвај чека да оди, само шо ке ја види вратата нестрплив е да излези од кола. Само исто како вас @lackygirl јадење ништо. Одбива да го хранат, сакал сам и само лепче јадел. Еднаш само гибаница за ужинка имало па ја изел, директорката вели очигледно само тоа шо сака тој јади. Денеска не го однесов, од сабајлево е со растечено носе и поткашлува. Шо давате за имунитет?
Мене лично ми е ненормално некој да ми го одземе детето на прв ден на врата. Или да го оставам само да се адаптира како знае и умее. Така да браво за градинката која применува европски стандарди. И јас адаптирав дете во најголемиот ек на корона не еднаш два пати. И секој пат процедурата е иста полека постепено до целта. Со медицинска маска и растојание, дезинфекција не си опасност за никого. Да не правиме узбуна од нешто што не е така. Ниту корона се пренесува така ниту бутур. Секоја чест и со лесно да се адаптира малиот.
Ако ти имаш нешто и малото ќе има, поголема е веројатноста децата да си пренесат дека не носат маски. Да не се маваме во гради, кога слободно си пуштаат деца во градинка а родителот позитивен на корона. Не ги пуштаат родителите внатре ама затоа Адаптација 3 недели со рикање.
И јас се слагам дека на родителите треба да им се дозволи влез во градинките. Прво зошто детето пола и поише од денот таму проаѓа, друго зошто детето ќе биде посреќно така. Но! Замислете 1ви септември 25 деца и 25 мајки внатре, во државна градинка, не е можно. Може само доколку се прилагодува пополека, група по група, друго нема. На нас мајките детето ни е се, факт, и секоја си гледа само за себе, ама не е баш така. И да не е корона, малце е безвезе 25 деца и 25 мајки внатре, а е во ред на прв ден да има како прием, да влезе мајката да провери, со соодветни мерки и се тоа. Јас немав влезено се до прва родителска во големата група, 2 години и кусур ми беше мисла како поминува таму и каков е просторот.
Не тргаат сите заедно. Затоа има менаџер на градинка да изменаџира адаптација. Едно заминува друго иде. Нема две адаптации во иста училница. Има само едно дете во одреден час. Или две ама едните идат од осум, другите у 10. Не се гледаат. Јас во новата бев во осум од десет беше друго дете. Ама моево не сакаше адаптација по стоти пат и си тргна регуларно.
Втор ден! Девојките си направиле план за бебе, бевме претходно на проценка и по тоа они одлучиле по европски метод да се адаптира Убаво ми рекоа, план ни е детето да ви иде во градинка и да ја сака, без трауми и рикање, па која сум јас нив да ги побивам Идеата им е да стекне доверба првин во едната, денес девојката беше максимално заангажирана Виде дека игра со деца не сака, па само ги вклучуваше и другите, без инсистирање. На крајот успеа да ги здружи со едно детенце Седевме пак заедно, едно 15минути се убедуваа со девојката да одат да играат, дури и едно детенце го молеше да дојде да си поиграат Успеаа, али се повраќаше кај мене на една минута, па на 5, па на 15, 30 Кликот беше кога му понуди вода, па алат и поправаа некоја чешма По 2ч сам кажа доста било, да сме си иделе. Излезе пресреќен, во понеделник пак ќе одел вика, убаво му било, влеговме и во Вајкики да купел нешто ново за носење За имунитет јас ништо не давам, тоа регулар што пие, Мултивитамин, омега, д, ц.
3 ден денес подобро помина. Сабајле пак плачеше на оставање ама одма се смири внатре со воспитувачката. Седеше пак до 11 и пол, ко отидов да го земам јадеше, ете почна и да јади, се израдував мн, почекав во салонот и ете го иди, се познаваше дека е опуштен, почна да кажува што јадел, ми го покажа рачето печат му ставиле и почнал со децата да се дружи денес сум пресреќна Одиме на подобро
Моево оди во градинка од 8 месеци, државна, сеуште не сум влегла внатре да видам какво е. Се служам со сеќавањето од кога јас сум одела, па само си замислувам какво е. И ако пратат некоја слика на вибер, па наместо деца, ја гледам околината. Единствено, не ми е јасно, зошто креветчињата им стојат наместени цело време?! Ние ги вадевме од шкаф, и ги враќавме по спиење. Сега, имаат како полици ниски, шкафчиња, па просторијата е поделена. Но, какви ли се постелнините во петок, кога тие деца скокале цела недела во истата просторија?!? Јадењето, да речеме е ок. Ама може многу лесно да биде подобро. Комбинациите од рибја паштета, леб и макарони и уште некои не ми се јасни. Многу лесно може да се поправи менито. А, и салата за ручек секој ден им е кисела краставица! Ако си однела потврда, прави им притисок, врти на телефон, оди. Барај администратор, директор. Нека се јават на децата кои не доаѓаат, нека ги прашаат и нека кажат дека има дете што ќе оди, дали ќе ослободат место. Може па некој нормален ќе се повлече. Нека го примат детето во друга група, во тој клон. Па кога ќе се ослободи место, ќе го префрлат. Притисни ги малку. Збркај врски во општина (за жал така најбрзо ќе завршиш работа).
Јас градинката на детето ја видов уште првиот ден. Го однесов до врата од просторијата и таму во превзеде учителката. Потоа вее го предавав од врата. И секој ден зголемувавме по пола саат. Преспа првпат кога сам реши што беше околу три недели од првиот ден. Ендоставно легнал на креветче и заспал. Во градинката креветчињата се вадат и се враќаат во плакар секој ден и секој си го знае креветчето за да нема мешање. Истиот знак е на креветчето и на шкафчето каде што ги чуваат работите. Во просторијата за децата првпат поминав подолго време на првата родителеска што се случи додека моето сеуште бепе во фаза на адаптација. Потоа секој месец имавме активности за деца и родители на одреден тема. Така што одев секој месец на некакв акивност (правење јадења со здрава храна. правење новогодишни украси, пролетно украсување на градинката и слично). Сега искрено со КОВИД баш тие активности најмногу ми недостигаат. Поттикната од жалбите за менито баш го гледам и мене ми се чини сосема во ред. Имаат два пати неделно нешто благо (еден доручек и една попладневна ужинка). Дефинитивно има разлика од градинка до градинка ама јас сум презадоволна од градинка на моето дете.
Како оди пријава за упис преку сајтот на градинка Срничка - Аеродром? Откако ќе се пополни пријавата, се јавуваат или никако нема да го примат без врски? Во која градинка ова?
Не сум видела. Ако е приватна, најверојатно ќе оди во приватна секако зошто не може на ред да дојдеме во државна. Затоа прашав. Фала Фана.
Оди дирекно во администрација. И договори се. Стално се вадат со тоа нема место. А одат по неколку деца, другите фигурираат само на список. Посебно кај малите групи.
Ќе одам. Фала. Искрено одма можам да најдам врски и преку општина и преку работа, ама ајде демек регуларно.