Јас не сакам родители да шетаат низ градинка. Кај нас одиш после работно време, ти покажуваат се низ градинката, со кеси на нозе, а додека има деца не, оти сите плачат после по нивните мајки.
Немој онлајн. Јас, аплицирав уште во септември. Никој не ме побара додека не побарав врски за жал. И пак ми рекоа на приоритетна листа била. Аеродром е полн. Посебно Ново Лисиче.
Нема да има, кај нас во градинка сабајле имаше објавено известување дека нема да има зголемување на бројот на групите.
3 ден петокот, после ручек почна со мрсули одма значи, вчера не го носев демек да дооздрави, денес беше и пак не јадел ништо, седеше до 11 и пол. Сабајле дома поплака малку, а таму изненади, го викна воспитувачката и си отиде со неа без плачки Уште нејќи мн да се дружи со децата...
Мајки за упис во градинка задолжително е потврда за работа од двајцата родители или може само од едниот?
Во јасли се креветчиња бебешки со огради, нормално бебешко креветче и затоа се секогаш тука. Не ги собираат, нема ни како нели. А во поголемите групи ги ваѓаат од шкафови, баш како порано, и тогаш местат постела и сл.
Дали некој може да сподели искуство со адаптација на 16 месеци? Одеше неколку недели во септември на 10 месеци , ама го отпишав, па сега ќе почне пак.
Јас го пуштив на таа возраст, топ му беше. Уште не знае што го чека, а деца го интересира да играат. За нецел месец остана да спие.
Дефинитивно бараат од двајцата родители потврди. Јас сакав да го пуштам зашто ќе се породам за некој месец, а од работа не ми даваат зашто ги користам мерките. Некој со слично искуство?
Според наведеното во темава, за секоја градинка е различно, а и за секој родител исто така, односно кој како ќе си фати врски.
Мојот на 18м почна. Првата недела до 12, од следната остана со спиење, спонтано. Убаво искуство имам. Зависи и од учителките, а и детето.
За во јасли, ок. Ова кај поголемите во занимални. Јас кога одев ги вадевме и ги враќавме секој ден. А сега, на сред занимална шкафчиња, во пола занимална играат, другата половина наместените креветчиња. Прво просторот за играње дупло потесен, второ, според мене, не е хигиенски така.
Во нашата градинка, само во јаслите има креветчиња во занималната. Во другите групи се во посебни простории карши занималните.