Да не случајно моето детенце е во група со твоето.Да не е во 8ми март градинка? Само претпоставувам дека и мене слики за роденден ми пуштија.
Па мислам дека треба да е со адаптирано, сепак не пијат толку мали деца кравјо.. Јас конкретно не планирам да давам кравјо, а ќе го пуштам детето со 8 месеци, па да прашам каков им е принципот
За пиење не им ни даваат, ама за во каша е сосем во ред, со оглед на тоа што и адаптираното е кравјо најчесто, и е адаптирано за потребите на бебето како самостоен оброк. Кашата е секако нутритивно богата а со млекото освен што се додава на масти и протеини, им дава и познат вкус за да ја јадат, така што штетата од кравјо млеко се потенцира за да не е самостоен оброк. Идеално би било да ги прават со адаптирано, иако сметам дека полесно се внимава на безбедноста на тетрапак млеко, се сомневам дека адаптирано би го правеле по упатство
Пред да наполни 15 м, само што ги отворија граднките, ама сите деца се адаптираа. Прво неколку дена беше сам, па дојде другарче едно, па уште едно... 4 недели постепено одевме. После прекрши и воопшто не плачеше. Кога веќе има оформено група, мислам дека е полесно за адаптација.
Со кравјо ги прават, не користат адаптирано во градинка. Имајќи предвид дека на тендерите поминува најевтиното, а не е толку важен квалитетот, кравјо им е единствена опција.
Здраво мајки,како се справувате со нејадачи на 2 год,не сака у градинка да јаде само ужинката ја сака
Моето е 7 дена во градинка, уште не јади, самп лебче каснувал, сега е до 11 и 30, од понеделник ќе пробаме со спиење, тогаш до 3 нема да биди јаден, шу прајме Стварно ме мачи ова
Дури и мојот нејадач таму јаде. И ужината на земање ја јаде со страст . А јас дома истото го правам. Ама дома не било уБо.
Моево еве 2 полни недели како оди и деновиве се разјаде. Уште манџи да почни да јади, и таман ке е. Мислам им треба време дури да се навикнат.