Со среќа тргнувањето. Ме утеши малку, мислев на сите ви се тргнати во градинка Како јас да се читам (само јас влегов првиот пат попладне кога беше само учителката). Од следниот ден сам влегуваше прво 30мин, 40, 60, 1,5h, па 2h. Кога радосен, кога лут, кога расплакан, ќе видиме утре како ќе биде. Минатата недела го носев откако завршуваа со доручек и седеше најмногу до пред ручек, спиење. Последните два дена видел дека местат креветчиња и носат ручек. Му понудиле ама зима и шише, ранец, топлинки и ме влече за дома. "Некоја супа мешана" имало за ручек вика, не било како дома . Претпоставувам и креветчињата го исплашиле па еден период ќе го зимам малку порано. Исто се тешиме со лижавчиња, бонитоп... ама мојов сам купува,као одиме да купиме за да излезе од дома. Туку да ве прашам дали и на каков начин добивате информации дали биле во тоалет, јаделе, спиеле, како се однесувале, какви активности имале, слики... Можеби претерувам па да си прашам за да знам колку забегувам
Оставам 2 пелени наоѓам 1 за преслекување не прашувам гледам во ранчето, има резерва боди и тренерки, моето е уште до 11:30 утре ќе пробаат со спиење. Друго се ми кажуваат, дека нејади на пр, има група ма фб и таму ставаат слики секој ден што правеле. Моето уште не е вклопено со децата, уште посматраод страна, се плаши од викање, ама попуштал, петокот имало напредок. Сепак само 7 дена е досега
Во петокот од дома стомак го болеше Уште се чудам од каде идеиве Со рикање и тегнење го оставив, односно и го тутнав на девојката но одма се смирил, почнал и да соработува со активности, со другарчето почнале и да се закачаат Среќен го зимам, весел, расположен, протестира дека се му е ново, нормално, навики Слики на Вибер ми праќаат што прави, бидејќи го зимам порано ми се јавуваат, па ми кажуваат каков бил. Кога го зимам ми кажуваат дали мочкал, јадел. Секако и ништо да не кажат мојов се на широко и долго ми раскажува
Мојава дома се со уцени јаде, на неа ништо не ѝ е убаво, а во градинка без проблем си јаде, дури и ми вика јас се си изеде. До учителките ли е, до храната ли е, до децата ли е што таму сѐ јаде, не знам.
мојот тоа што не јаде дома не јаде ни таму.благо тесто, кроасан, милиброд, тоа нема шанси да изеде па макар и на Марс да е. е манџи си јаде. и дома и таму...
Во однос на сликите...Големиот, (сега 4 години), на вибер ни пуштаат слики (се погоди и воспитувачката) оваа година и лани е истата и цело време ни праќа активности што прават секој ден. Малата е во јасли, досега ниту една слика немат пуштено, дури ме фаќаат „сафри“ колку сакам да ја видам од некаде што прави. Мислам дека така и се погодиле негователките. Инаку, и градинката има профил на фб и често постираат слики таму, меѓутоа од јасли не.
Многу знаете дека навистина јадат. И внука ми “јадеше” се се додека не почна да и се испушта, ова ни во градинка не јадам
Моево очигледно јаде. Три недели оди, две кила е поправена. Се запрашав, дали сум јас лоша мајка, не му давам на детето да јаде?!
Дали знаете како им тече денот во градинка? Освен храна и спиење Што прават што си играат ? Знам дека секоја градинка различно,еве кај нас групата е од 2 до 3год може да е и од 18месеци до 3г ама не сум сигурна. Немаат некои големи активности освен редење коцки,играње со куклички,збирање играчки и читање приказни Неколку родители се побунивме,но одговорот беше дека тие се негувателки не учителки Во поголема група кога ќе биле тогаш ќе играле со боички,колажи итн... Како е кај вас стрикно оваа возраст што сте 2г ме интересира ? Или сегде е исто
Земи во обзир дека деца и подлажнуваат Само за да не јаде. Сум го прошла тоа. Све јадеше во градинка, дома ништо!
па истото би било и во обратна насока. Ќе ти каже јаде за да не јаде дома. Ене ја внука ми, нејадач до ден денешен! Нема сила што ќе ме убеди да верувам дека јадела се
Група 2,3 има баш активности. Не е само да им мине времето. Ова твоево ко јасли изгледа. Имаат и програма која треба да ја следат, соодветна на возраста. @karak може од искуство да ти каже.
Бела нашите се 2018, моето не е во јасли, во Прва мала е, имаат некои активности, засега сум задоволна, секој дена ставаат слики на фб, имаме затворена група.
Аха...епа очигледно кај нас ги сметаат група поголеми после третата година Малку нелогично ама тоа е И јас гледам на фб дека нашата градинка имаат доста активности ама поголемите
На пр сега 2019 се во јасли, едно комшивче сега направи 2 години со неа има бебиња од 9, 10 месеци. Вака се кај нас делени. Од септември 2019 ќе бидат Прва мала, па овир 2020 ќе си останат во јасли.