Мојата е во јасли а во групата има и детенце 2018,некако испомешано е. Читаат приказни, играат на песички и слободна игра. Ако има помали во групата не е можно да ги делат децата. Башка и се две негователки, нема воспитувачка во јасли барем кај нас. Веќе ако групата е прва мала и јас мислам дека треба да се буните за повеќе активности.
Син ми треба да тргне во градинка здравје од средината на март. Запишан е во група од 2-3 години, прва мала. Воспитачката веќе ме додаде во грубата на ФБ, секој ден гледам разни активности имаат дечињата. Цртаат, учат песнички, бојат, плус слободна игра. Денес славеле два родендени гледам, на масите гледам ужина соленки, смоки, чипс, густо сокче, крем банана. Зошто воопшто дозволуваат родителите да носат вакви работи? Мн се нервирам за исхраната, а не е ни тргнат уште.
Се надевам од септември ќе ја стават во поголемите,она е 2018 со твоето исто Баш ќе ги прашам негувателкиве Не за друго големи се веќе си бараат други активности Ете ја ми вика досадно ми е во градинка само коцки и куклички а со неа има и поголеми деца до скоро 3год којзнае па на тие колку им е "забавно"
Јас мислев воспитачките потврдувале дека јадела. Кај нас кажуваа дека речиси сѐ изедува, и им верував, не смееја да лажат Мислев иста случка е кај внука ви, кажано во градинка дека јадела а после измислува дома дека тоа и во градинка не го јаде (а всушност јаде).
Воспитувачката зад а и докаже на снаа ми дека детето во градинка јаде и праќаше клипчиња како малата јаде. Не верувам дека деетето глумело дека јаде само за на снимка. И сега е така. Дома се тегави, во градинка јаде. И дури и кажува дека во градинка мора да се јаде, сите така прават.
Мене ми е доволно што е задоволен. За работи што ми сметат, а ги има, се бунам соодветно. Е сега тоа што никој не првевзема ништо е друго. Гледам оти јаде оти кака, а он знаеше да кака и еднаш во 4 дена. И има промена во столицата оти таму јаде чорбесто. Дома одбива.
Јас сум во главно задоволна, во почетокот тешко ни одеше со јадењето, поготово во периодот на адаптација, имаше денови кај што јадел само лебче и тоа учителките ми го кажуваа. Сега ми кажуваат дека сам бара за јадење, а можам да приметам и по мешето, кога му е полно му е подуен како на чиче, а кога не е јаден му е вовлечено. Нормално, дека има работи и што ми сметаат, ама не се бунам, зошто гледам дека тој е задоволен, среќен кога оди во градинка и кога го оствавам ми вика Чао и, ми праќа пољубац си оди со учителката. Кога го прашувам дали му е убаво во градинка, ми вика да. Сабајле не праи проблем за спремање, знае дека ќе иде. Јас дома не му давам често грицки и глупости, ама не би ми пречело ако има некое детенце роденден, па да изеде некоја грицка и да испие сокче. Сепак е дел од заедница и тоа не го прави секој ден.
Што се нервираш за исхраната? Роденден е нормално да има такви работи, родителите го носат тоа не градинката. Ако не јаде тоа нема да јаде и таму.
Нормално дека на роденден ќе јадат смоки и крем банана. Реално родителите и несмеат друго да носат. Мора да е пакувано. Не може кифлички и такви работи. Не може торта. Ти што би однела во градинка за частење на децата за роденден?
Инаку и ние сме уште на адаптација со помалата ќерка. Тргна две недели па третата недела седеше дома, се испонастина, стандард Дури и се зачудив како издржа толку долго да не се разболи. Во нашава градинка се тргнува по пола саат, воспитачка си го зима за раче детето да оди да му ги покаже играчките. Мојава нема гајле за таа работа, цела недела си играла сама занесена со играчките, децата не ја занимале Два дена по пола саат, трет саат и така натаму. 4 и 5 ден остана на ручем. Веќе од наредната недела почнавме и со доручек, и во рок од 10 дена стигнавме и до фаза спиење. Е тука малку калираме Или е со плачки, несакала да спие или со убедување легнала ама со услов одма да дојдеме после спиење да ја земеме. И таму застанавме. Зимање во 2. Морам да кажам со поголемата полесно поминавме адаптација , она тргна на 16 месеци (големава е речиси 3) имаше плачки на оставање но многу брзо се адаптираше да јаде, спие, сѐ по ред. За само 2 недели. Знам дека е од дете до дете, но мислам што е помалецко, полесно се адаптира.
Како се напнавте сите, како да смоки, чипс и соленки во комбинација со густ сок и крем банана е најздравата ужина на светот. Баш оти им дозволиле на родителите да однесат вакви работи, се зачудив. И да, и торта има на 3 спрата на сликите, бонус. Овошје на пример да им дадат за промена? И кога нема роденден, им даваат од градинката ужина како чоко бисквит, Винчини тортица, и слични глупости.
Можеби треба да реагирате за ужината. Кај нас пример нема таква ужина, или е некое пециво или банана, некое овошје, поретко и сутлијаш. А за родендените, секој родител носи она што сака да почасти. Евентуално да се договорите со родителите и воспитачките, она што донеле за частење да им се стави во ранче за дома, па секој родител ќе си одлучи дали детето тоа ќе го јаде дома. Кај нас така се правеше, па дури кога беа последната година, од 5 до 6год, тогаш ги јадеа крем бананите додека се во градинка.
Жени ве молам дајте ми совет како да постапам за детето да ја засака градинката и дали сум во право за ситуацијава. Ќерката има две год и 5 месеци. Ја носиме 2 месеци во градинка и сеуште не е адаптирана. На почеток сакаше да оди се будеше среќна,после извесен период од 2 недели се буди со плачење,со плачење влегуваме во градинка,ме тегне за блуза,кога ќе ја види воспитувачката рика пишти,како прв пат да ја носам. Во разговор со воспитувачката дознав дека и ја зимале цуцлата а малава цело време по дома е со цуцла каде и да одиме ја бара цуцлата. Воспитувачката смета дека е време да ја одвикнеме од цуцла и ја зимаат ја кријат. Како да им докажам дека и на нив ќе им е полесно да ја остават со цуцла така нема да ја слушаат да им пишти и она ќе си биде посмирена,цуцлата и е утеха во овој период на адаптација. Ми вели воспитувачката “еве ја однесов во групата јасле да види дека бебињата немаат цуцли” ,ја прашувам па не е малата во јасле ми вика па во големата група е гледај колку ти е крупна не е за јасле (и така дознав дека ја ставиле во поголемата група каде што се деца над 3 год возраст) Колку што знам до 3 треба да е во јасле. Дали е во ред тоа што и ја зимаат цуцлата? Јас сум за да и ја остават цуцлата по секоја цена барем периодов додека се навикне да јаде спие во градинка,ниту јаде ниту спие само бара цуцла и навечер тоа и се рефлектира во спиење ми плаче. Дали да барам да не и ја зимаат цуцлата или сепак имаат право и да ја одвикнувам од цуцла по дома?
Јасли е до 2 години, после оди прва мала група каде има деца од 2 до 3 год.Мене искрено ми е многу глупаво кога ќе видам толкави деца со цуцла во уста, ама тоа е само мое мислење нормално.
Скроз сум протув цуцли, и нема потреба да има цуцла дете од 2ипол години. Ама тоа што без твоја дозвола и ја одземале цуцлата воопшто не е во ред. Јаа преку тоа не би поминала. Сепак цуцлата е coping mechanism, и не може пола ден да го има и пола да го нема. Иначе цуцла за три дена се фрла. Во вашава ситуација нормално дека не функционира кога во нејзината глава таму и земаат нешто најмило а дома мама ми го дава. И јас да сум на нејзино место би имала проблем да одам во градинка.
Тераме четврта недела. Од прв ден проба да заспие, одма заспал. Цело време викам, само да можам да видам детево како заспало. Дома невозможна мисија е за дремка. Моментално таму е 7 саати. Не плаче. Ама не јаде. Поточно, не јаде ни дома зошто мака мачиме со тројки. Цуцла со месеци користиме само за заспивање, таму по цел ден му ја даваат. Освен носе, и малце шлајм на почетокот, дете не се разболи нешто потешко, а очекував доста полошо да биде. Тоа е сега за сега.