Офкорс. Ружите се за богатите Овај, брокулите. Баш оти има луѓе што не јадат брокули дома, градинката треба да биде местото кајшто исхраната е балансирана. И баба ми знае да нахрани дете со смоки и крем банани, ама деца во група, тоа што гледаат тоа прават. Затоа и полесно цуцла ќе остави, и брокула ќе пројаде во градинка, јер како сите така и тоа.
Никој не храни со крем банани во градинка, не претерувајте сеа.Ако не сакате да јаде за роденден кој ВАУ не се случува секој јебан ден у годината-кажете им да не им даваат. Има и овошје и зеленчук за ручек. Пуштив поназад слики. Не е врв ама опрости извини не е ни дно. Превише иронија ама ај... овој пат ќе преќутам
Сакав да прашам кога и е роденден на учителката што се дешава? Идат Анѓушеви или како е според договор? п.с Има право да се бунат не им го минирајте со ставот ќути има и полошо. Не прават ништо лошо бараат подобро од што е. Човечки е.
Не ви го следам муабетот, само осврт на влијанието на колективот врз брокулата дадов. Не реков ни дека е дно, само коментар на муабетот- ако не ми свиѓа, ќе пратам во приватна. Инаку многу е тешко да кажеш нешто да не даваат на дете. Јас не знам дете што сака да двои во колектив, па макар и за една бомбона да остане покусо. Високи политики преку исклучување на деца не се тераат.
Нека се бунат. Мене не ми пречи брокулата. Ним им пречи крем бананата. Јас ако не јаде за роденден крем банана дома ќе му дам како и да е. Затоа јаде и брокула и чоколадо и месо и манџа и овес и шо му стаам пред него сем блага кифла и омлет. Упс..
Па шо ми е муабетот од преска?25 мајки не им смета да јадат. Една крем банана у недела. Една!!! Додуше една тортичка на Винчини е. Готово смак света. Ова се мајките шо не идеа на екскурзија нели? Абе.. сами си ги зезнуваме децата али ај. Немаме умереност у ништо. Дупка е државава ради Винчини тортичка.Па ајдеее драмите одма да се постелат овде, небаре ракија им сипаа ... ај.. нема везе. Секој своето на свој начин нека си го дорасипе. Само прво бар еднаш у живот нека зборне со дефектолог или психолог.. да види шо уствари е битно.
Храната во градинките е во ред. Пред да ја критикувате. Колку пати сте им дале пржени компирчиња дома на деца под 3? Колку пати тесто? Колку овошјето и зеленчукот прскани со се и сешто се многу здрави? Имаат вкус ли на овошје или на пластика. Клучот е во рамнотежата,дете треба да се храни здраво,да,но не и да му забранува една крем банана. Тоа дете ке порасне,ке проба и ке си купи и само, чоколадо , чипс и смоки ,ке пие можеби и кока кола. а ке балансира само ако некогаш пробало се. Ако не,ке се чуди на примливиот вкус и ке го конзумира почесто од тој што јадел се и џанк и здрава храна.
Мене уше не ми е јасно како не им викнале трудова за таа Винчини тортичка... мислам.. шо е ова аматери??
Јас скоро дознав дека им пуштале по пола саат, цртани на македонски. Друго имаат активности сее тоа ок ама на цртаниве не им е таму местото.
Ве читам и дури не ми се веруваат некои коментари. Поголемиот одеше од јасли во градинка до школо. Храната беше стварно ок, доручекот најчесто млечен, прва ужина овошје, втора компот,сутлијаш и сл. Ручек месо со зеленчук еден ден во неделата без месо, еден ден со риба. Па и дома така се храниме. За родендени кога беа поголемки и разбираа од прослава, имаше по некоја частовка, а до претходно ни ги праќаа во ранецот за дома. Шо знам, за мој критериум не беше толку лошо. Мене повеќе ми пречеше шо беа по 28 деца во група па си разменуваа бактерии многу често. И активностите беа тамам за возраста, ни серии ни глупости не памтам. Незнам што се случува во вашите градинки, јас имав позитивно искуство.
Ајде бе од пола саат цртани што ќе му биде. Ако ти дома го анимираш што штета ќе му направи тој цртан во градинка? Ќе им кажеш таму во градинка дека такви работи коа ќе има, несакаш да пуштаат на твое дете. Или затварање у вц да не гледа....
Не споредувај молим те бидејки нее споредливо 1 крем банана на роденден и цртани секој ден. Моето дете сигурно нема да биде затворено во вц. Ајде сега договорете се со што да напаѓате.
имавте онлајн родителска? зборнете, нека се изјаснат и други родители. верувам повеќето не би се сложиле..
И ова си функционира, прават учителките торта огромна од сецкано овошје, свеќички... Деца среќни, мајки среќни... Нема штетна храна, учат дека за веселба не треба да се предадат штетно јадење, и не знам на кој му смета место кило чоколадо да купи од пазар неколку кеси овошје и да им однесе за роденден да прослават. Кога имаше родендени ќерка ми не јадеше смоки оти не ни знаеше што е тоа. На четири години не знаеше што е чипс и грисини. Се уште прв избор и е овошје па благо. Не дека не и давам, давам, ама навика има за здрава храна. Не би сакала да се ја уништат. Ужината мора да е овошје и крај. Дома е задолжително смути од неколку овошја, оти таму јаде само една мандарина или едно јаболко. Малце овошје е тоа на ден.