Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Оде во градинка и кога јадат другите деца торта она јаде овошје.
     
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.357
    Допаѓања:
    119.428
    Пол:
    Женски
    Има здравствен проблем детето?
     
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Со алергии е на млечно и кикиритки.
     
    На fana и LiliBoz им се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.971
    Допаѓања:
    14.734
    Пол:
    Женски
    Е тоа е, во градинка здраво ќе се храни само ако има медицинска причина, па од страв воспитачките нема да и даваат тортички.
    Ко божем толку е тешко по една мандарина да им излупат на децата, па сите да јадат нешто паметно.
     
    На Snowflake92, mal.ecka и kukla21 им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.942
    Пол:
    Женски
    не знам кај вас, ама кај мојот секој ден има овошка.
     
  6. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    5.037
    Пол:
    Женски
    Ама јас неможам така. Пред други родители ми кажа на врата дека имал дијареа и едвај го преслекле, како да го однесам денес пак? Ке ме гризе совест. А исто така на многу родители пред мене им кажаа дека се настинати, за да утредента ги видам дека бабите ги носат пак. Како да не се срамат родителите, па ај друг нека ги носи.
    Незнам, ама стварно е мачно.
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    Кај нас е дозволено да се носи храна од дома за роденден.
    Носиме овошје, зеленчук, мафини и торта.
    За исхраната во градинка многу не му ја мислам, секако само ручек имаат таму и верувам менито е составено од стручни лица кои се специјалисти во својата област.
    Појадокот и ужинката од дома спремам и е здрава.

    Имало случаеви, во старата градинка, деца со алергии на јаткасти и ни беше кажано да не им праќаме тоа на другите деца. Сепак деца се, може ќе му даде нешто на детенцето и ете беља. Правилото го почитувавме сите и го земав во обзир кога нарачував торта за градинка.
    Доколку некое дете со соочува со друга здравствена состојба и тоа би го зела во обзир при нарачување на торта.
    Доколку родителот забрани неговото да јаде торта ... негова работа искрено.Жал ќе ми биде ако се чувствува малото неубаво во тие моменти кога сите слават и јадат а оно гледа, но одлуката е на неговиот родител а мојата одлука да однесам нешто не е во спротивност со правилата во градинката.

    И јас пазам на храна, праќам скоро секој ден брокули, краставици, моркови, леб со семиња, овошки...ама парче торта не забранувам. Нема ни да забранам.
     
    На Bozica1980, KuklickaSk, manako1 и 16 други им се допаѓа ова.
  8. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Какви „глупости“ се изначитав, а се тоа најлошите и најдобрите мајки да биле собрани во групава. Значи, со првото дете се притресував ако некој даде чоколадо за роденден во градинка, со второто не ни видов кога лапнало чоколадо оти му дало првото :D (немајка)

    Менито во градинка е особено за пофалба. Манџа секој ден, месо, риба, млечен производ, овојшје. Баш тоа што ми е најважно да внесе детето во текот на денот. Брокулата не ми е баш да паѓам во несвест што не ја даваат, ќе им дадам дома.
    Крем банана дале за роденден....Не ми е проблем (немајка)
    Кај малата во јасли им пуштаат музика на тв во текот на денот, не се возбудувам. И пуштам и јас кога ќе дојдеме дома зашто цел ден на работа, они во градинка, морам да ја анимирам пола саат да направам за јадење, па и да пијам кафе со цигара на тераса (немајка). Пак ќе кажам, ако ви се први деца ќе се буните за се, со вторите ќе видите дека ако дома се правите како што сметате вие дека е правилно, ако посветувате доволно време во игра и анимација и учење и играње, крембананата и песничките на тв во градинка нема да ви се проблем во животот.

    И плус, тортичка кај нас во градинка никогаш немало на мени. Еве да си кажам.

    Ај чао сега
    Учивајте во денот. не се нервирајте за крембананите, „губите на лепота“

    Децата сакаат среќни и насмеани мајки
    Така добивате и среќни деца :*
     
    На Zumbulka86, Lady*Bug, manako1 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Кај нас нема тортички на мени, секој ден за ужинка има овошје, компот, цеден портокал, чај со мед и лимон, сутлијаш и слично. Како и да е, и да има нема да се возбудувам зошто и јас му давам некогаш благо за ужинка, но благото никогаш не му е основен оброк, како доручек ручек или вечера, си јаде супи, манџи, чорби, зеленчуци, зашто да не му дадам и нешто благо ако јадел убаво ручек. Му давам и животинско царство и пудинг и крем бананче и кроасанче, некогаш не ги ни јаде или ќе изеде малку па ќе остави. Сметам декa треба да јаде од се, се додека чоколадото не му го заменува оброкот ручек, за мене е во ред. Пред некој ден имаше детенце во групата роденден, па ни пратија спакувано како поклонче, чоколадче, крем бананче и бонбонче, ни ги дадоа кога си го земавме.
     
    На azelea, kikin и forumce им се допаѓа ова.
  10. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Во групата на моето дете има едно дете со алергија на не знам точно која состојка, ама на благо, банани, кечап...
    Вчера роденденската торта на друго дете беше како парена торта кај нас би дошло ама нз дали е до тоа или така си сакале ете.
    Јас би однела таква торта од која ниедно дете во групата нема алергија. Зошто од мало да се чувствува запоставено заради тоа што толку невино и недолжно е алергично на нешто.

    Славеникот секако и дома ќе има торта. Во градинка нека одговора буквално за сите деца, дома каква сака торта таква.

    Еве ова алергично на банани и не значи дека другите не смеат да јадат банана за појадок, ама децата гледаат поинаку на родендените, сите се среќни, возбудени, пеат песничка, зошто да не може секое дете подеднакво да ужива.
     
    На manako1, mal.ecka, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.174
    Допаѓања:
    111.267
    Пол:
    Женски
    На нас еве сега ни се ближи роденден и ќе носам искрено овошје, другите носат и тортички и грицки, ама јас одлучив овој пат така, бананка декорирана со колаж како диносаурус и нацртана со фуд маркери. Тој ни е филмот.

    Проблем да јаде џанк немам зошто денес ќе изеде два квалитетни ручеци, вечера и обавезно некое овошје. А ус тоа и некое благо-солено обавеазно индустриско ако немам дома нешто направено. До 4 години јадеше само домашно, индустриско ретко кога, е сега попуштам. Пица, тост, помфрит само домашен, сендвичи од сендвичара не јаде тоа ништо, сувомеснато исто не јаде, е ако изеде денес едно чоколадце, некоја смока или испие еден сок, големо чудо. Исто и за цртан ако изгледа, ако работам со него саат време колаж, логички игри или цртаме,големо чудо ако изгледа некој цртан.
     
    На emkaemka, flower55555, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.942
    Пол:
    Женски
    дозволено е?
    кај нас сеуште е забрането било што од надвор.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.174
    Допаѓања:
    111.267
    Пол:
    Женски
    Па изгледа е. Кажуваат мајки дека носеле и таму деца јаделе. Јас знам кај нас е забрането торта како торта форма, да се носи, мора да е запакувано.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    А како отворена банана сецкана од дома е дозволено?
    Нее подобро цели парчиња па они таму нека им љупат.
     
    На mariz и fana им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.357
    Допаѓања:
    119.428
    Пол:
    Женски
    Исто. Се е забрането и она што беше дозволено (смоки, тортици и сл.) пред короната сега е забрането. Овошје не ни можело некогаш од надвор.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.848
    Допаѓања:
    142.453
    А зошто е поопасно овошје да однесеш од крем банана?
     
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    Нее поопасно туку е не хигиенски, некоја непозната личност да го го сецка декорира па разнесува.
    Нели и епидемија е.
    Затоа реков цели овошки е подобро.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.848
    Допаѓања:
    142.453
    Па цело де... Не сецкани, ќе засмрди со саати сецкано.
     
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Кај мојот во градинка не ни беше забрането частење за роденден. Сите частеа од почеток. Ама со напомена да биде се само запакувано. Не овошје сецкано (цело овошје пример банан може), не торта, не мафини, туку нешто што секое дете индивидуално може да го отвори и изеде.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.942
    Пол:
    Женски
    Сеа за пандемијата све забранија. А претходно само пакувано.
     
    На fana и mal.ecka им се допаѓа ова.