20 деца по 200 денари е 4000. Или по 100 ден е 2000. Тоа не е ситно. Ситно е едно цвеќе од сите колку да се одбележи.
Не знам, и јас се мислам. Кај нас нема заедничка организација со родители, а и мене првпат ми е откако оди и не знам дали воопшто нешто и што да дадам, и дали е дозволено сега со коронава којзнае За роденденот на мојата не дозволија ништо да се однесе, ни спакувана храна (сакав барем по една крем банана или киндер за секое дете), па се мислам да не ми го вратат купеното
Јас цветче ќе однесам некое, немам појма што, некое цветно за 100тина денари 59ден има примула во Веро, па може и тоа Кажете кога престануваат песните на идење Секој ден има нова дијагноза, денес нешто тешко му било, па сакал да се бања газот го болело Значи дури стигнеме е пукнувачка, а пресреќен искача од таму Иииии девојките викаат баш се вклопил, соработува на се што прават, има и другарчиња, по сликите секогаш е со некое до него
Јас носев торта од слаткиши. Па еднаш му е бдеј. Сега китка ќе биде. Сосем доволно е по мене. Колку да биде одбележано.
Многу страшни проблеми имаат.. Еве мојата плаче неќела, викам зошто зошто не сакам ти да одиш на работа мама вааааа, а ако седам дома ќе одиш? Да, може и се смее... 3 ден не и дале супа, трагедии. Она два пати сакала пудинг, ама еднаш јадела, вика па ти им побара не...епа како да ти дадат. Драма, драма... Само неќе да спие таму. Ама вероватно лежи само. Не знам дали ќе се врати у нормала со спиење. Какво искуство имате вие со тоа? Што прават така кога некое не сака да спие?
Мм и кажа на воспитувачката што кажуваат децата. Луѓе, толку изненадена, толку навредена, толку глумење вие не сте свесни (таа и претх беше глумица). Дури и му се испонаша на мм, он и вели со убаво те прашав, кажи, деца се може лажат. Ова прв пат и се десило, нема шанси од нејзе ова И сеа не ни праи муабет, само добро утро и пријатно (а претх чао мила, убав ден, децата ти се супер )) ). За 8ми Март една ружа и толку од мене
@Bibi30 ич да не се осеќаш глупо ради тоа што сте спомнале на учителката.Секако за свое дете ќе прашаш,па ако треба и очи ќе вадиш влакно ако му фали. Само што тргна син ми во градинка на година ипол,збореше помалку,се пожали дека учителката го удрила по уво...па после рече другарче го удрило....Детето вечерта крена тт(од воспалено уво),но кас сепак прашав што се случило наредниот ден во градинката..Навистина детенце го бутнало и се удрил во плакарот... Кога оздраве си се вртати во градинка...И среќен е.И јас сум пре презадоволна од учителките на син ми.Огромна посветеност и педагогија. Така да,добро што си и дала до знаење дека тие дец имаат родители штоприметуват ствари и малку да се собере учителкава. Во контекс 8ми март, со мерак бирам цвеќиња....Што викате до кај 200ден,ама обрнувам пажња да е свежо,ако може декориранко со машна...Навистина предобри учителки му се паднаа на моево.
Еве го месечното мени за градинката каде што треба да тргне син ми следната недела. За ова зборував пред некое време кога сите се нафрливте со секакви коментари. Значи не даваат чокобисквит само за родендени, редовните ужини се полни шеќери. Имате ли сега некој коментар за менито?
Јас да сум би реагирала искрено, еве ако сакаш ќе ти го пуштам нашето мени за споредба каде има добра здрава храна според мене и немаат вакви ужинки. За 8 Март и јас мислев нешто симболично за учителките максимум до 200 ден да чини за една учителка можеби некој сукулент би зела ќе видам денес утре.
А што е проблемот со тоа да им се подари нешто на тие жени, па и да не е симболично? Не разбирам а слушам и други мајки со такви мислења
@happygirl навистина малце се чудни ужинкиве,малце поише блашко за мој вкус. Јас би реагирала на твое место,а каде и како оди тоа-неам појма. Ја па од нашава градинка менито,си се запрашав јас дома дали добро го хранам) Единствено ми смета цедевита(или некој таков мултивитамски пишува) сок што даваат...
Малку? Има денови со три оброка шеќер. Да не искочи дека малиот на Хепи е на брокули растен ама мајка му е една од оние кои од петни жили внимава на менито на малиот. Од раѓање до сега може и преглед на менито на малиот овде: https://forum.femina.mk/threads/Што-ручавме-денес-за-деца-од-1-3-години.12755/page-318