Катастрофа. И да се буниш не знам колку би се сменило нешто ако другите родители се ок со ова. Стварно си во незавидна ситуација. Да пробаш во друга градинка?
Ова дефинитивно нешто не е во ред. Кај син ми во градинка има една попладневна ужинка неделно со шеќер, еден доручек со шеќер (мед една недела, мармалад другата недела), еднаш чај со мед за сабајле ужинката и толку. Овде секој ден е со благо. Кроасани, крофни, бисквити секој ден. Дефинитивно нешто не чини. Тоа што ќе биде и детето и ти нова во група не знам колку ќе помогне нешто да успееш да смениш, ама успееш на сите деца ќе им направиш услуга.
Ужас.Јас затоа и двете ги отпишав од градинка.Среќа имав услови да седам дома и да ја чувам малата.Знам дека сите неможат така.Настрана лошата исхрана ама понашњето им беше уште полошо.Врв беше кога на ќерка ми,оризот и го истуриле во супата бидејки несакала да го јаде.Па ја терале да го јаде со сила така измешан со супа.Е тука ми се споија жиците. И на крај џабе е кога сте сам во се.Кога големата тргна основно можевме да бираме дали да си носат од дома храна( домашен сендвич,овошје,мафин,проја) или да јадат во менза(кифли со крем и мармалад) јас бев едина шо ја остаив од дома да носи.При што добив коментар Е шо твојата керка посебна да не е?Да посебна е,фала на прашање
Си изгубила од системот. Си ја отпишала, менито останало исто во Гостивар, детето останало дома. Затворен случај. Јас ја бодрам да иде до крај овде. Прво се разговара со надлежни, па на повисок степен со градоначалник па идеме со министерство за труд. Ако никој нема слух идеме јавно со тв, фб и се што следи нели. Ама дека не се решава ваков проблем се решава. Не е нешто што не може да се реши, само ете ги мрзи. Се принтаат менија од градинки ширум Скопје и се ставаат на маса. Како може таму може и тука. Прво бараш, па се караш нели. Јас и овде идам до крај. И овде ми беше дете пред бркање ради мене. Ама станува збор за мое дете. Или ќе биде како што треба или нема да биде. До крај и никако поинаку.
@FreeMind знам,така е.Ама тешко тука да издејствуваш како шо викаш ти.Директорот е Албанец,заменикот исто,градоначалникот исто.Им задрма за мојот режим на исхрана.Искрено така е. Башка сите останати кјутат.Као ако ти одговара нека иде,ако не чувај си ја дома.Инаку ја секогаш се бунам за мн нешта,ама без подршка. Еве ти пример од денес.Се собираат пари за 8 ми март.Ај налет шо е мн 150 ден него одлучиа парите у плик да се дадат на учителката 150*30 деца(првачиња).И пак само јас реков дека идеата е преглупа.Сите останати како чурки кјутат.
Ќе бидам благодарна ако ми испратите во ЛП менија од градинките на вашите деца, зборувам за прва мала група, од 2 -3 години.
Кога нешто не ви одговара бунете се соодветно. За тоа што не ми одговара јас приговарам. Тоа што не секогаш е сослушано, е друго. Менито кај нас е далеку од ова. Имаат еден ден мрсна торта и пудинг. Другото е ок. Заправо, тоа го давам и дома. Па не ми смета. Едната ужинка е овошна. Другата е нешто месено. Како проја, солена пита , итн. Еднаш ме изреволтира тоа што бананата, им ја даваа по пола. Боже сачувај, демек баш е скапа. Веднаш реагирав. Па одговорот беше демек мали се, доволно им е. Па од следниот си добија цела. Брокула нема жива. Ама имат манџи секој ден со зеленчук. Брокула и јас не јадам, а ни малиот. И не нудам. Освен во супа. Ама тука некои само за потсмев доаѓаат. Јас сум супер задоволна и од персонал. Детето ми е згрижено, наиграно и весело. Секој ден добиваме слики и видеа во приватна порака како поминал денот. Од училната веднаш имаат врата за во двор и често се надвор. За се што не сум задоволна во управата. Ретко кој слуша ама веројатно некогаш ќе се најде некој да послуша. За роденден носев слаткиши и не се бунам за тоа. Еднаш им е роденден. Сега се едвај 10 деца. Па еднаш месечно нека имаат ваков настан.
Па зарем не е тоа сликата на цела држава? Застанале на -10 или + 40 и блеат у еден приглуп човек од типот на зз и мицко екс гвујче. Мислам замисли да им стојам на нозе на овие двајца и да им аплаудирам треба да ми фали дел од мозокот нели. Со Дуи уште потешко нив мува не ги лази они се богови на земјата ама сепак ако покажеш заби моето искуство со нив говори дека ептен се “кревки” Особено со жена стварно мислам дека можеш да делуваш кај нив. Само ете си имаш фамилија и си викаш ексик да не се деси нешто. Ама ако така сите викаат кај е крајот? Мора да се покажат заби. На форум овде ете има нон стоп се рчкаат. Ако молчат у живо нека се утепаат боље. За 8ми Март не ни почнувам ете @PurpleMind ќе им даде и од мене поклон. Нели? По глава и по уши да се преслушаат зошто е тој свет ден за женска популација, а не да ми собираат каранфилчиња во 2021. Пу. Роза салта праи.
Гледам дека пак се фати за родендените. Никој не ги спомна родендените тука, менито што го ставив е месечно. Секако дека ќе реагирам каде што треба, колку и дали ќе сменам нешто не знам. Ама не можам да стојам настрана и да викам 'тоа е менито веќе 20 години, и крај'. Разбрав дека од 01.01.2021 на државно ниво сите градинки добиле наредба да направат промени во менито, и тоа некаде се почитува веќе, како во Скопје, Струмица, Кочани. Овде зошто даваат толку благи работи, не знам, ама ќе разберам Затоа замолив ако не ви е тешко да ми пратете табели со менијата, чисто за споредба.
Јас го немам сега сликнато. Имав од лани. Слично е. Имаат промена во директор па нема официјално од месецов. Старото е закачено. За ручек е манџа или супа. Едната ужина измеѓу ручек и доручек е овошје. Втората, кога си одат е месено или пудинг еднаш во две недели. За доручек имаат кори, трано( не ми текнува соодветен збор, ќе ме разбереш) урда со испечено лепче, и тоа ми паѓа на памет. Едит: сум кажала имаат доволно буџет по дете за да имаат ок мени. Само треба да се работи на тоа. Имаа и банана чоколадо. Сега е тргнато. Подобро жива банана.
Моето е во јасли ,еднаш неделно им даваат пудинг, а во поголемата група 2 пати неделно има или пудинг или лења пита/крофна со крем. Погледни на линков https://www.gradinkabubamara.org.mk/ishrana/320
Ако родителот на детето е позитивен на ковид, треба ли да се тестира и детето иако нема симптоми? Се става ли цела група во изолација или како?
Ама кој ќе се буни за менито кога во реалниот живот има и родители на деца што одат во градинка што даваат цигара, пиво, благо колку сака...ѓ По новата година се гледа дека 95% од поклоните се чоколадо и каков е менталитетот. Наместо да се купи боенка, боички... Полесно им е кекс отколку да измијат и исечат овошје. Вработените немаат живци за деца. Понудете се родители доброволци да носите од дома овошје за ужина, а тортата нека си ја јадат воспитувачките. Знам, знам дека не се сите исти ама повеќето се.
Кај ќерка ми кога се појави позитивен пар родители отидоа во изолација 3 дена(плус викенд фати) сите цел клас.Она додуша е прваче ама чисто да ти доловам пример наш.
А врз основа на што го испратиле одделението во изолација? Еве, јас сум позитивна, ќерка ми е во изолација, ја тестиравме беше негативна и немаат основа од училиште да ги стават во изолација, да беше она позитивна, автоматски ќе беа сите во изолација. И јас не сум прв случај на позитивен родител во одделението, можеби половина ако не и повеќе го поминаа вирусот, ниту еднаш одделението не беше ставено во изолација.
Незнам,решение на лист не добивме.Само од школото така бевме известени.Дека настава нема да има тие три дена поради позитивен случај кај родител.Дали сакаа да видат дали некое од децата ке пројави симптоми...Битно така бевме известени дека групно сите остануваат дома изолирани.Од понеделник пак сите се вратиа на школо.