Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.238
    Допаѓања:
    24.681
    Пол:
    Женски
    Моево е помало и сега почна пред месец, никако нејќи, не ја има уште засакано, ако го прашаме како си помина, што правеше ќути и менува одма фаца па менува тема, едноставно се прај дека не не слуша :)
    Плачи на оставање и после бил мирен, не се дружи уште со децата.
    Насабајле не му велам одиме в градинка, оти одма ќе плачи, додуша сега веќе знае кај оди :) па некогаш се расплакува и дома и вели Не одиме гадинка. Му велам не в градинка Чао ќе одиме :D
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    22.822
    Пол:
    Женски
    Абе слики ми праќаат си игра со децата вклучена е во се, насмеана од 5ка до5ка...
    Не плаче таму, малце само пред ручек ама брзо и поминува.
    Уствари мислам е проблем што ја тераат да јаде и спие..
    А сама кажува, денес бевме надвор тоа и тоа правевме, денес врнеше и учителката рече не може надвор итн итн..
    Не знам зошто толку одбивност
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740

    Што ти кажува? зашто не сака?
     
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    22.822
    Пол:
    Женски
    Така не сакам, сакам само дома да си седам.
    Ја прашував дали ја скарале, да не се зарчкала со некое дете вика не.
    Ми пратија слика со другарка фатени за раце цела окезена.
    Воспитувачката вика ок е нормална реакција после цела година.
     
  5. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Би сакала колку толку да го спремам за тргнување во градинка. За еден месец ке е 2 години. Дали вие им зборувавте пред да ги пуштите дека таму ке има дечиња ке си играат и сл... не е многу дружен со деца заради ситуацијава малце не е социјализиран.
    Проблем бр.1 заспива само во количка.
    Проблем бр.2 има цуцла лажливка.
    Проблем бр.3 пие само од шише негово.
    За спиење акде на почеток ке го земам пред спиењето (да сака барем 4 саати да седи) но цуцлата и шишето колкав проблем се?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Сум му зборувала ама не нешто премногу. 18м имаше кога почна лани. Не сум сигурна колку ме разбираше. Ама му кажував дека ќе оди во градинка, ќе има дечиња. Ќе играт, ќе јадат, ќе ги чуваат две тетки.
    Исто имаше цуца, шише има уште. И му го носам. Пред спиење му го полнат млеко. Лани носев и АД оти не пиеше уште кравјо.
    Кај нас не прават проблем за тоа.
    Цуцата на 2 ја откачи. Па сега пуштам само шише.
    Не значи дека ако не е социјализиран нема брзо да свикне. Пробај и ќе видиш како ќе реагира.
     
    На emkaemka, Sexybaby86, Happyinlove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    И мое дете спиеше само во количка, ама во градинка после 2 недели сам заспал во креветче, од прв ден проба за дремка.
    Шок беше за мене, зошто не верував дека освен во количка ќе заспие сам,и на друго место.

    И лажливка и шише му праќам за таму. Без своите не заспива, а и таму не ни прават проблем за тоа.
     
    На Sexybaby86, lackygirl, Happyinlove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    5.867
    Пол:
    Женски
    Дали има стрикно кога се прима дете да почне во градинка? Мпра да е ли од сепѕември илу ако родителите не се вп можност да го чуваат може и за време на летните месеци?
     
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Мојот заспиваше само со цуцла кога појде во градинка. Таму почна да заспива без цуцла. Во креветче како и сите други. Му се приспало и заспал после 3 недели од поаѓање во градинка. Во градинка се други односи, друг извор на моќ, многу поинаков авторитет од дома. Така што таму ќе се однесува како и сите деца. И ќе пие од чаша како и сите други деца, ќе гледа што прават другите и ќе го прави истото.

    За да го подготвиш одете до градинка, видетее го дворот, зборувајте му како ќе му биде убаво, ќе игра и слично.

    @Tsukinory обично поаѓаат или во Септември или Февруари/Март. Ретко која градинка прифаќа нови деца во лето бидејќи им се годишни одмори па немаат доволно вработени за адаптација на нови деца.
     
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    18.695
    Мојот заспиваше само со цицање,во градинка почна да преспива по 2-3 недели,сам во креветче легнат со цуца.
    Ја користиме некапечката чаша за вода и таа му ја праќам и за во градинка,секој ден со свежа вода.
    Јас лично му зборам нон стоп за градинката,учителките,децата.
    Сега имаше 1м пауза зборев дома,зборам и кога го носам натака. Малце беше кенкав ама се среди,сабајле со радост влезе внатре.
    Има 16м,во ноември почна во градинка.
     
    На Sexybaby86, Happyinlove и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Женски
    Моите требаше во Јули да почнат, ама почнаа во Август (ние одложивме за месец) пошто јас тргав од Септември на раб и треба бар месец дена дур се навикнат. Не ми правеа никаков проблем.
     
    На Tsukinory му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.356
    Допаѓања:
    119.418
    Пол:
    Женски
    Јас и зборував дека ќе има деца и играчки.
    Не заспиваше сама ни без цуцла, во градинка заспа и сама и без цуцла (не е дозволено).
    Млеко однадвор не е дозволено, можеше на стартот само шише празно, а сега ни шише не е дозволено.
    Пресреќна е во градинка :)
     
    На Sexybaby86 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Премногу и зборевме ја спремавме :)
    И она не беше дружена мнг со дечиња поради пандемијава
    Ние немаме цуцла мнг одамна ама затоа шишето оф оф
    Таму недаваат шише (а со цуцла има мнг деца ги гледам по сликите на вибер) значи даваат цуцла а шише не кај нас пфф (facepalm)
    Ама бидејки не и даваа таму шише,можно е и да беше тоа некоја помош за преку ноќ да го фрли и повеќе да не бара,ама еве незнам...битно се спасивме од шише

    Мојава имаше проблем со јадење и со спиење
    Не спие преку ден од 16 месеци дома - сега спие во градинка по 2ипол саати замисли
    Јадеше во градинка само корки леб со сиренце - а сега јаде се што ќе и дадат Дури и месо што дома нема шанса да ја натераш да проба :)
    Се ова се адаптира и среди после 2ипол месеци,ајде 3 нека се...затоа што на почеток тој месец секој трет ден беше болна (да се подготвиш и за тоа психички плус и дека со бебче си)

    Искрено сега ми е раат,сака да оди се дружи јаде спие јас мислам 90% од дечињата навикнуваат кое порано кое подоцна ретко е краен случај воопшто да несака
    Ама и во секој случај треба упорност и од дома и од негувателките за да прифати

    Јас имав на почеток во нашата градинка доста неспоразуми,и една дешавка од нивна страна,ама сега фала богу се среди и издржав среќа,ќе се каев сега ако ја отпишев
    А и секое лошо за добро е,поради некои дешавки сега повеќе и се тресат ја гледаат и така...
    Се распишав :*
    Ич да не го мислиш ќе прифати само дај му време ќе видиш :l:
     
    На duffi, emkaemka, BabyT* и 4 други им се допаѓа ова.
  14. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.978
    Допаѓања:
    112.601
    Пол:
    Женски
    Мојов не сака да го прашувам ништо, нешто ќе одговори само кратко, друг ако го праша се прави дека не слуша. Јас престанав да прашувам.

    Игнорирам, он се буни, рика, вади солзи, мрсули, јас си терам, бришам солзи и мрсули пред врата и чао. Оваа недела тек почна да не рика, не е воодушевен, ама не се ни буни.
    На сликите да има и 6ка и таа ќе му се види :D

    Нема опција да ја играат ако не и се спие?
    Да седи во некое катче да си игра?


    Ние сега сме во фаза да почне да руча и вика на девојката дека не и биле убави јадењата и мами поубаво готвела :D
    Битно почна да седи на маса за време на ручек, пробува од секое јадење, досега само шпагетите ги бендисал :D
     
    На 24.07, kukla21, Mari-Li и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    22.822
    Пол:
    Женски
    Абе си лежи она не се буни... Не викаат ништо за тоа, ќе се навикне нормално е, еве денес спиела.
    Јаде не дека не, ама иста приказна не и било убаво на мама е поубаво..
    Ама онака сама си се фали, јас веќе.нема да одам во градинка, ко у стил готово завршив работа хахаха...
    Нека си плаче, што да и правам....
     
    На 24.07, fana, emkaemka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.978
    Допаѓања:
    112.601
    Пол:
    Женски
    Не престанувај да зборуваш колку е убаво!
    Мојов мислам се помири дека како и да прави ќе иде, па виде не виде престана да плаче :D

    Мојов вика досадно, не е убаво, глупаво е таму и секој ден прашува дали денес ќе иде, едвај чека сабота да дојде :rofl:
     
    На 24.07, Coco31, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.238
    Допаѓања:
    24.681
    Пол:
    Женски
    1. ДОМА заспива само во раце со нишање, таму на прв обид заспа, уште се чудам како успева :o
    2. Моето не фати цуцла никогаш, ама има во групава деца кои носат цуцли.
    3. Пие само од шише негово, ги земаат нашите шишиња внатре и му ги оставаат да си пијат кога сакаат. Ми кажуваат дека мн пие вода му го полнеле ко ќе испиел :)
    Не јади сеуште ништо освен леб, мрсули на 3 ден појави и цел месец си ги носи ]:)
    Ова со настинкиве дури поминат :@
     
    На Bella* и Happyinlove им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    22.822
    Пол:
    Женски
    Абе она со воодушевување раскажува што правеле.
    Абе глумица е реално, не пробува.
    Проблем е што е таков карактер а нешто не сака да праи одма се лути и кенка, сега неќе да јаде и спие таму а они ќе и принесат и не знае да каже неќам туку одма се натажува и вика сакам дома.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Iki lepi

    Iki lepi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Мајки како со нејадачите и дома и во градинка никако,се гади од чорбите бега плука,кажете финта со јадење,само неколку јадења,во градинка е 1 месец ниту еден ручек не пробал
     
  20. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    @emkaemka како брат и сестра да се нашите :rofl:

    Почна да оди септември 2019. Тоа рикање колење, па повраќање дома. По пат па глумење дека се нешто ја боли. Една недела одеше, две дома заради настинки.

    Таман се под навикна после неколку месеци затворија градинките.

    Октомври 2020 почнуваме повторно. Првите дена воодушевена, па кога виде дека секој ден треба да оди и помина возбудата.
    Исто беше досадно и било, сите ја нервирале, досадни и биле децата.
    Па плачење пак, па бегање од кола ја имам бркано низ градинка. Плачките почнуваја од пред спиење кога ќе прашаше каде ќе оди утрото и кога ќе добиеше одговор в градинка се уклучваше сирената.

    Февруари 2021. Конечно доживеав да сака да оди, да не прави проблеми на утро. Да си јади се таму. Сама да ми рече дека сака да оди пак наредниот ден. Има денови кога пак ќе рече нејќам да одам ама не е страшно, обично доаѓа крај на недела и се смачва:)

    Кај нас само упорноста успеа, и непопуштање. ((еднаш мм попушти пред градинка му плачеше него и не ја однесе ја врати. Е оттогаш само него го бараше да ја носи,,знаеше како да го манипулира, ) секое утро иста песна таа плачи, јас облеквам. Таа рика јас ја мијам. Бев упорна пошто таму знаев дека се смирува, си игра, најнормално се. Плачките беа додека влезе. Кога ќе ја прашав како помина ми кажуваше супер.
     
    На 24.07, emkaemka, lackygirl и 5 други им се допаѓа ова.