Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ги пуштате ли периодов со растечен нос? Прокашлување?
    Држам дома со недели ама не се опорава брзо, брис чист, ама нос не сопира
     
  2. Dee*Tee

    Dee*Tee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сум на правото место за прашањево ама не можев да најдам друга приближна тема, па сакам да знам дали има некоја од вас да ми даде насоки. Ме интерсира како оди процедурата за запишување во градинка ако јас и сопругот се водиме на една адреса, ама живееме под кирија на друга адреса во друга општина (двете адреси се во Скопје). Имала некоја слична ситуација? Фала ви однапред :)
     
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Кај нас не ти го примаат такво.
     
  4. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ќе го примат секако, кога има потврда од лекар
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ajaja95

    ajaja95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    Дали со решението на детето за изолација еден родител оди во изолација? Или решението е само да оправда отсуство од работа?
     
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.356
    Допаѓања:
    119.418
    Пол:
    Женски
    Не. Опрвдува на работа. Родителот кој седи со детето може да излегува, детето не смее.
     
    На ajaja95 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.848
    Допаѓања:
    142.452
    IMG_20210316_041230.jpg
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.356
    Допаѓања:
    119.418
    Пол:
    Женски
    На duffi и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  9. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Денес 1 ден бебка 8ипол месеци почна со адаптација во градинка, иначе бебе плачка по природа е, ја земаа ми рекоа биди тука почекај 15тина минути. Јас седам чекам пред врата тишина плачки не се слушаат... Помина пола саат уште ги нема ете ја учителката по 45 мин си излага надвор вика не плаче нека седи бар 1 саат денес чим не плаче. Се изненадив дека не плачела, а со таков страв ја однесов незнаете колку бев некако потресена. Како за прв ден супер помина ќе видиме утре како ќе биде :)
     
    На 24.07, Sexybaby86, azelea и 17 други им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.840
    Допаѓања:
    77.248
    Пол:
    Женски
    Колешка моја немаше избор, дете здраво, крвна слика океј, брисеви чисти, а носе течеше... и го пушти со потврда. Алергиски да не е? Летизен да прашаш да даваш неколку дена да видиш да не престане да тече...
     
    На Autumn_, kukla21 и fana им се допаѓа ова.
  11. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски
    Како да го натерам детето да јаде во градинка?
    Од секогаш ми правела проблем за јадење но некако успевав со сила со таблет телефон да ја наранам.
    Сега сфаќам дека начинот ми бил погрешен. Два месеци откако оди секој ден во градинка и уште нема пројадено сите се нервираме и јас и воспитувачката,и негователката. Велат се е супер мирна е само уста не отвара им викала јас дома јаде.
    Пробав сабајлечки да ја ранам пред да одиме во градинка (знаејќи дека таму нема да јаде) уста не отвара вришти плаче ми вика нејќам и се откажав. Продолжив да ја носам гладна,исто не јаде. Маж ми ја зима во 4 му велат не јадела ништо. И купува крофна или смоки и чоколадно млеко. Јас дур дојдам од работа дур зготвам 17:30 ме фаќа,пак јаде со негодување и тоа и е и ручек и вечера,рано си легнува. Испаѓа дека детево еднаш дневно ми јаде.
    Пробав да и објаснам дека мора да јаде во градинка ако не јаде нема да дојде тато по неа и ми вика нејќе јаде не е вкусно. За се вика не е вкусно,слушнала од негде веројатно. Што да правам,што да и давам за апетит како да ја натерам да јаде?
     
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    18.695
    Ручекот спремај го претходниот ден за да не губиш време.
    Се заситува со благото затоа не ти јаде.
    И мојов знае да прави проблем за доручек, па некогаш додека се возиме накај градинка му давам бисквита или сув корнфлекс да му отворам апетит:lol:
     
    На Mama993 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.272
    Допаѓања:
    67.877
    Пол:
    Женски
    За тоа решение треба да најдат во градинка. Мојата исто протестираше со јадење, се супер, само не сакаше да јаде. Ама, воспитувачките не ја ни тераа со сила, и викаа, никој не мора со сила да јаде, слободно гледај ги другите да видиш како оди процесот, па ја земаа со нив да им помага со доручекот и ручекот, даваше лажички на децата, им помагаше на учителките, демек главна се осеќаше и без никаков притисок седна да си јаде. Едноставно мора некаква тактика, а не на сила, сила е најпогрешното нешто што може да се употреби. Зборувај со воспитувачките и речи им да пробаат некако, би требало да имаат искуство со нејадачи, а не и тие да се нервираат.
     
    На M.B., Autumn_, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  14. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.979
    Допаѓања:
    112.605
    Пол:
    Женски
    Повеќе нека се потрудат таму, не може 2м дете од 8-16ч да седи гладно, односно изгладнето!
    Финти, залажување било што нека употребат, барем сега се малку деца и можат да посветат повеќе внимание.
    Нехумано ми е дете да оставаат гладно толку време :(

    Сигурно има нешто омилено да јаде, секогаш нуди и пред градинка, нека стои јадењето до неа дури се спремате. Ако ја носиш со кола дај и да јаде нешто дури се возите. Ако идете пеш нуди ја по пат.
    Нешто едноставно, да може да држи и сама да јаде.
    Кај мојов пали "шарени" мафини или путер колачиња во најразновидни форми. Се тоа пропратено со куп филмови.

    И нормално дека кога си изгладнет немаш ни сила да јадеш, па ти негодува и дома..
    За цртаните џабе се обвинуваш, не верувам тоа да е финтата.

    За апетит јас од Бекутан бев задоволна, не дека се разјаде бог зна колку, ама престана да скока оброци.
     
    На Autumn_ и Annath им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.415
    Допаѓања:
    37.609
    Пол:
    Женски
    А крофната, смоките и чоколадното млеко ги јаде?
    Подобро е пица да и купи после градинка или од вчерата да имаш гулаш дома направено и директно да одат дома на гулаш.
    Во градинка ги изморуваат пред појадок и ручек? Во смисла да се истрчаат надвор за да огладнат.
    Не мора да значи дека таблетот и телефонот е почетниот проблем, како што сфатив и тогаш не сакала да јаде само си успевала да ја прелажеш со нив.
    Мислам дека ако почне да јаде редовно ќе и се отвори апетит, за почеток во 16 одат директно дома со загреан гулаш од вчера и и пушташ цртан бидејќи така ете сепак јадела па кога ќе пројаде тргаш цртани.
    Во градинка мн е битен пристапот на воспитувачките.
    Дома смислете нешто, таа да готви, таа да те храни, в маркет да избере нешто, во пекара, јадете обавезно заедно, кажи и тебе што ти е омилено јадено, што не сакаш да јадеш, постепено и мирно само, немој на сила да и даваш.
    Крвната слика ок е?
    Менито во градинка какво е?
     
    На pianogirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    @Mama993 може и треба време да се навикне. Два месеци сепак не е долг период. Може некоја финта да употребат за да ја натераат да се чувстува важна и главна. Зборувајте и вие дома колку е вкусно јадењето во градинка, какви убави работи готват тетките. Дајте и задача да проба од сите јадења па да оцени кое е највкусно. Па тоа да си го чека секоја недела и слично.
    Не знам дали дома ги јадете истите јадења (тип на јадења како во градинка) за да и биде познато менито барем (на пример грашок, зелка, грав и слично).
    Е сега ако и ти дома пред градинка не успеваш да ја нараниш може да пробаш и со сирупи за Апетит. Кај мојот многу помогна Пиковит (има многу голема концентрација на Б витамини кои поттинуваат апетит). И секако не и давајте веднаш по градинка тоа што сака да го јаде. Така го зголемувате проблемот. Детето знае дека ќе си ја добие омилената храна штом ќе ја земете од градинка. Ќе си чека за да јаде крофни и смоки, наместо манџи (што веројатно не и се омилени). Ако јадела во градинка како награда може крофна или смоки, ако не јадела нема. Ќе си чека дома ручек.
    Ова се важи ако детето дома навистина јаде се, а во градинка не јаде ништо. Ако и дома не јаде па и правте само омилени јадења тогаш се од претходново не важи. Тогаш треба детето сите заедно (и вие дома) да го научите да јаде различни јадења. На пример имав другарка чие дете јадеше само блендана храна до 6 години. Во градинка цело време јадеше само сув леб. Ама на мајката не и беше тоа битно. И даваше храна дома пред градинка и по градинка.
     
    На НаталиЛили, Annath и gjoker4e им се допаѓа ова.
  17. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    2.236
    и мене ме интересира истово, ако има некој некое инфо :bandit:
     
    На Dee*Tee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Два месеци не е долг период, уште се адаптира. Не извлекувај прерано заклучок. Ручекот од вечер спремај го. Вака дупла беља правиш со смоки и чоколадно млеко.
     
    На Bella*, Mama993 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    А таткото не може да и спржи јајца дома кога ќе дојдат?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    И да и даде јајца таткото пак нема ручек да јаде. Ќе се најаде со јајца. Ако вооошто јаде јајца. Работата е како детето да пројаде се и во градинка за да не чека да дојде дома па да јаде само еден оброк дневно.
     
    На Mama993 му/ѝ се допаѓа ова.