тоа секако. Јас пишувам за она што сите се опнаа на мајката да готви порано. Подобро јајца него крофни и чок млеко.
Јас тргнав од себе. Двајцата работиме до 4, дур се прибереме 4 и пол. Таман работа тогаш да се почне правење на ручек месо компир е минимум саат време, па у 6 ќе јадеме. Инаку готви кој ќе стигне од нас двајца. Но времето е тоа. Па затоа у наша куќа ручек се спрема од вечер, она што може. Она што не стои се јаде во не работни денови. Немав намера да ја напаѓам мајката Моиве се јадачи, ама пак е исто. Ако нема ручек мене ќе ме изедат.
го носи ли некој своето дете во Аеродром ,клон ЛАЛЕ,поточно ме интересира искуство со персоналот на најмалите што е
Здраво, ако некоја од вас носи бебе во градинка во гази баба да ми каже како е задоволна и име на градинка
Јас го носев мали таму. Во таа група беше 2 месеци само, ама бев задоволна. Дете веќе 3тата недела беше цел ден. Таа воспитувачка или како и да се вика во најмалата група Бети е многу пријатна женичка (таа е и медицинско лице мислам) и има една Ката, таа е многу забавен лик за децава. Трета незнам која е, зошто таа што беше ја преместија во поголемата група кај што прејде малиот после тоа. Незнам што друго те интересира?
Искрено не. Бар не беше во наше време. Ќе прашам една познаничка, што малата и беше во таа група после нас, ама не сум слушнала да се пожалила од било кого во групата.
Давам Бекутан веќе две недели сеуште нема ефект истото е,не јаде. Ми правеше проблем и порано пребирлива е но проблемов се продлабочи откако почнав да работам. Прво работев во две смени и кога одев втора смена не ја носев во градинка,доручекот и го давав јас дома и ќе зготвев ручек и оставав ручекот маж ми да и го даде односно да ја нарани. Кога ќе дојдев дома во 22:10 таа веќе заспала,за ручек јадела макарони,виршли,пржена сланина со јајца (нешто што зготвил маж ми затоа што му одбивала грашок или гулаш или тоа што сум зготвила за ручек,неможел со лажица да ја нарани се шлакале се валкале и се снаоѓал со свои рецепти кои се прилично суви,со вилушка да јаде и тоа сега бара во градинка. Лошо е што кога ја носам воспитувачката ја прима а кога ја земам друга ја изнесува и секогаш кога ќе прашам што јадела ми велат незнам,или “па лепче”, “па нејќе”. Неколку пати во ташна и ставам чоколадно млеко и крофна или домашни мафини,никогаш не и ги даваат. Од ранчето само памперсите ги земаат ништо друго не чепкаат. Реагирав,барав да и даваат барем тоа што го ставам во ранчето ако веќе нејќе да јаде и пак дома го враќам полно. Ја прашувам дома зошто не јадеш во градинка ми вели зошто треба дома тато да ми даде виршли или тато купи млекце,такви одговори добивам. Предолга сум но незнам како проблемов да го решам.
Пробав со пица и не ја сака. Од пици само затворената проаѓа. Порано јадеше гулаш сега кога ќе го види вика ова е кака,кафена боја. Сите јадеме гравче заедно на маса она бара виршла. Порано ми правеше проблем дур го проба јадењето,па со цртани ја залажував,таа во телефонот гледа јас ја хранам. Сега вика ова е кака нејкам и залуден е секој напор,не проаѓа. И давам бекутан и крвната слика и е ок,незнам дали влијае бекутанот,на апетитот воопшто не и влијае. Во градинка менито ми е разочарувачко ништо од менито не јаде. Знаејќи дека нема да јаде таму од дома и ставам нешто во ранче и кога ја земам истото во ранче го наоѓам. Млеко неотворено,крофна,кифла. Барем тоа од дома што и го ставам во ранец да и го дадат.
Ама како да и го дадат? Другите деца кога ќе видат чоколадно млеко и крофна, ќе сакаат и они и општ хаос ќе биде. И јас имам мака со кадењето во градинка, а и дома ама дома колку толку јаде. Пред градинка му давам убавк да доручкува, таму некогаш ќе проба нешто некогаш не. Бисквити и леб му се главно мени. Го зимам пред три и дома руча.
Ме изнасмеа Така и со цуцлата беше општа тепачка и сега ја остава дома пред да излеземе. Како ти јаде толку рано пред градинка? Во колку го будиш?
И моето не јади во градинка, месец дали оди, во изолација е до утре, ми велат само леб јади малку, дома во 3 не знај колку јади, гладен, неколку пати му дадов пред да оди попара бисквити, сутлијаш, ама рано му е нејќи да јади одма ко ќе стани, плус сакам да се навикни таму да јади, од друга страна ми е грев гладен до 3 сепак моето е уште на почеток па се надевам ќе смени. Едит ако станува 7ч пак касно заспива 22ч најрано му е.
@Mama993 не знам како очекуваш во градинка да му дадат да јаде ти што си ставила во ранче Да не ме разбереш погрешно, но, ти дома не можеш да го ставиш во ред со исхраната, не пак тие во градинка. Што ќе биде ако секој пушта по нешто во ранче. Дури и во приватна градинка не знам дали би ти излегле во пресрет. Од друга страна, велиш кс е ок, тоа во ситуацијава е позитивна работа. Биди среќна со тоа, така и да остане. Помири се дека имаш нејадач. И мојов беше сличен, па нешто од нешто пројаде. Пробај давај Пиковит, кај мојов како да помогна нијанса за отварање апетит.
Преспива? @Mama993 вие јако сте заминале во лош правец со исхранава, првин дома воведете ред и направете му мени на детето кое е здраво. На Бекутан ова ти е Мултивитамин, ќе зедеш на база на Б комплекс, по некои 3недели има резултати.
Да, прво одеше 3 дена па на 3тиот ден почнаа мрсулите, фати викенд па почна во вторник пак, од вторник до петок седеше од 8ч до 11 и пол, ова му беа 7 дена вака по 3 и пол саати, после од понеделник остана со спиење, од прв ден заспал, од тогаш уште 2 недели мислам беа си одеше со спиење, сега 2 недели дома е, од понеделник изгледа ќе почнат, пак наново се, таман се поднавикна - изолација
Ќе си пукнам од мака Имавме корона 1м не одеше во градинка, почна пред две недели,првата недела беше ок,вторава на предавање еве трет ден се пика во мене и плаче..душа ме боли..внатре плачел кога ќе излезат од занималната негователките. Што можам да преземам?
Скоро сите деца се исти на почеток. Една негувателка нека останува во занималната за почеток, баш на мојава кошивка сега почна и цело време седело до воспитувачките првата недела и од втората си игра со децата. Сите сме поминале низ истото на почетокот и душата не болела ама ќе помине. Моево веќе две години оди во градинка па сабајле се молевме пола саат пред занимална, плачеше, не сакаше да се оддели од мене. Ако плаче само кога го предаваш и кога тие ќе излезат од замимална немате никаков проблем. Само ти биди силна, децата се посилни од нас. Скроз е нормално, ако не си ти сака да е друг возрасен до него ама со тек на време, постепено, како и сите деца, ќе станува се понезависно и самото ќе влегува во занимална. Што да преземеш? Да му кажуваш дека во градинка е убаво, има многу дечиња, убава храна, ќе си игра, ти ќе го чекаш или ќе одиш на работа и ќе го земаш кога ќе си доигра, значи само зборење и да не попушташ да го враќаш или оставаш дома затоа што така само го одолговлекуваш привикнувањето.
Он тргна лани во ноември. Си одеше 2м редовно,околу нова година една недела не одеше зошто јас бев дома,после тргна без проблем. И од 5ти фебруари пауза еден месец. Инаку и кога тргна прво беше нели со плачки цело време,па после плачеше кога ќе излезеа,па на крај воопшто не плачеше. Знам дека не треба да се попушти,во еден момент помислив кај мајка ми да го носам дека работи преку еден ден,ама не е тоа решение,ако ја викнат на работа пак ќе треба во градинка. Инаку цело време ги збориме воспитувачките, децата по име ми ги кажува, така и се будиме од сабајле ајде ќе одиме кај децата кој оди во градинка.. Се надевам ќе ги надминеме плачкиве. Вчера дури не сакал ни да јаде,лапнал две три лажички и и реков стави таму (за на маса да го остави). Си викам денес порано да го земам ако не јаде пак,но ако го земам порано ќе се навикне така без јадење
Супер, ќе се навикне како и првиот пат. Не го земај порано. Најдобро е секогаш во исто време да го носиш/ земаш ако имаш можност, така ем ред ќе имате ем ќе се навикне побрзо.