Врти врти, пак мажот испадна крив . Не се лути, но детето има лоши навики на исхрана. Сланина и виршли не се дава на толку мало дете. И сега како учителките не можат ручек да му дадат, па ни вие дома не можете. Јас имав ситуација кога големиот се адаптираше во градинка престана да јаде се што јадеше до тогаш. Лажица ако му приближевме вриштеше. Во предвид доаѓаше само леб. Не дадов виршли и салами, имам пишувано овде, манџите ги блендирав и на леб ги мачкав. И како само на вашето дете чоколадно млеко и крофна, а другите деца што ќе видат. Патем и чоколадното млеко не е решение, само ќе и го наполни желудникот и уште помалку ќе сака да руча. И не се секирај пак ќе ти речам, два месеци е краток период за адаптација. Не значи дека така ќе биде во иднина. Јас поминав многу тешка адаптација со големиот, ај што не јадеше, туку не ни спиеше цела година. Сите спијат, тој на столче седи два саати. Земи го после градинка хаос и гладен и нервозен не можеш да го спастриш. За после многу да ја засака градинката.
@Mama993 не можеш да очекуваш во градинка било што да јаде и воспитувачките да и даваат да јаде се што јадат и другите ако тебе очекувањата ти се дека детето треба да јаде нешто па макар тоа било виршли, сланини и други работи што искрено на деца не се ни даваат многу често. Не може да очекуваш да пријаде во градинка ако детето не е ни навикнато од дома да јаде манџи и слични работи туку е навикнато на виршли, сланина, кроасани и чоколадно млеко. Доам сте оделе по линија на помал отпор (демек да не биде гладна) и детето веќе ја научило шемата. Нема да јаде се додека не добие тоа што сака. Свесна е дека ќе го добие тоа што го сака и намерно не јаде. Почнете полека дома да го средувате јадењето, па во градинка ќе се среди. Можете и паралелно да го терате процесот. Кажете им на воспитувачките малку повеќе да се потрудат да ја наранат, ама и вие дома потрудете се повеќе. За апетит или Пиковит земи или само Б комплекс од Бекутан.
А дека е во нова средина, мајката не може да добие “стручна” помош и малку разбирање од персоналот? Да малку се искористи ситуацијата и колку-толку детето да фати некој ред? Колку двојни стандарди на темава. Кога ќе бараш нешто посебно, лавина коментари како во градинка е поразлично, па децата се гледаат едни со други, па ако дома не јаде, таму милион посто јаде... а сега, кога персоналот не сака да мрдне, мајката е крива! Сега се помалку деца во градинка, кој им е изговорот сега?? Сега не се гледаат едни со други? Некој праша за приватна, ќе му дадат да јаде во приватна. Ќе му нудат од заедничкото, па ако не сака, ќе дадат. Постепено ќе ја прифати и другата храна. Треба да се најде начин детето да се вклопи во групата, не диктаторски, тоа или ништо! едит. И носење од дома не го гледам страшно. Па ако ги читате мајките во Германија, појадок најчесто носат од дома. Нњ гледам дека нешто трагично им се случило.
Ама не смее чоко млеко и заборавив што беше другото. Смее само здрава храна и такво е правилото во градинката, сите деца носат појадок од дома, ручек во градинка. Ама ако однесеш чоко млеко одма добиваш опомена и наредниот ден залепено на лист на огласна табла дека е забрането чоко млеко. Во некои градинки и појадок и ручек е од дома, во некои и двете од градинка. Цел форум е двојни стандарди ама во случајов треба да работат и родителите и вработените. Јас посебно се изнервирав на делот каде што таткото и дал виршла или нз како беше дека со манџата се валкала мн. Моево е 4 години и две години оди во градинка веќе па често се враќа како прасе, им даваат палома или марамица нз точно после јадење ама сами се бришат и како се избрише така. За јадење дома се ми беше со флеки на почеток, маса стол ѕид облека...
Јас сфатив дека за пример е чоколадно млеко. И да е здрава храна, кај нас во градинкиве не даваат да носиш.
се ми е тоа ок, ама аргумент ќе гледаат другите не држи вода кога има градинки кои функционираат на принцип носи од дома.
Ако е принципот носи од дома, тогаш сите носат од дома. Ако е принципот се служи храна спремена во градинка тогаш сите тоа јадат. Мора да има исти правила за сите инаку ќе настане хаос. И во случаов градинката и вработените ама ич не се виновни. Детето е научено да јаде само одреден вид храна и мајката некако како да инсистира тоа и да јаде детето. Од една страна бара детето да јаде во градинка, од друга страна кажува дека детето јаде само виршли, чоколадно млеко и не знам што. Е сега ако се сеќаваш пред неколку страници се разговараше за тоа како во градинка не смее да се дава нездрава храна и сега оп ај да му даваме на детево што сака. Ете ги двојните стандари. Така што правилата постојат со причина.
А тоа што наводно јадат СИТЕ деца во градинка иако не јадат дома? Ова веќе не важи? Кај пишав јас виршли да носи? Женат кажа дека готви. Мажот давал друго, не рече секогаш дека е така! Во темана за јадење пред екран, повеќето не најдоа проблем, тука опааа мајка многу голем проблем! Тоа се двојни стандарди! Институцијата градинка не е само остави детето и некој ти прави услуга што ти го чува дур ти си на работа! Има и воспитна. Тоа подразбира и да се стекнуваат здрави навики за јадење, миење. Тоа дека градинка нема концепт на носење од дома значи дека "потешките" деца ќе преживуваат?? Дека ако од дома се донесе ќе се гледаат и ќе завидуваат?? Ако некое е алергичбо и му даваат посебна храна, тоа оправдано е и тоа децат не го гледаат и не завидуваат Институцијата треба да најде решение за секое дете. Детето ѕаму е добри 8часа и те како може да делува корективно во ситуацијава
Ама пиша жената дека од дома става во ранец кроасани и смоки и чоколадно млеко. Што не ти е јасно. Или битно контра да тераш. Ако родителите дома не се потрудат да му помогнат на детето да се прилагоди. ќе му биде тешко. Аман вече доста со префрлање на вина на сите освен на мајките. Златни се, царици сите. Ама затоа сите други не чинат. Ете има членка која мака мачи да го см,ени менито во градинка да биде подобро за сите. Ама ете ќе дозволуваме некој што не јаде здрава храна да јаде се што сака, само за да јаде во градинка. И во градинките има и те како воспитна компонента. Се работи со децата, не се оставени сами на себе. А ако не се работи во некоја градинка како што треба се реагира до управа, општина, медиуми и слично. Градинката може да делува и корективно и да помага во процесто на воспитуивање на децата, ама родителите се тие што се главни во процесот. Кај моето во градинка сеуште има деца на кои воспитувачките им помагаат во јадење (зашто не јадат се па ги ранат) иако имаат 5 години. Ама никогаш не им текнало на памет да им даваат кој што сака да јаде. Пак ќе ти кажам хаос ќе настане. И тоа носење храна од дома мене лично не ми се свиѓа. Се надгледуваат децата кој што донел, си крадат работи од кутиите. Сум го видела на дело во Германија (што ја фалиш), кај деца на 5 години. На игралиште јадеа и не беше баш пријатно искуство за сите деца.
Јас мислам дека @kukla21 зборува за тоа што тука само се пишува, моето дете дома боранија не сака да види, ама во градинка јаде по два тањири, моето дете дома не сака да пипне манџа, ама во градинка само тоа јаде... Секогаш се пишува како во градинка има посебен ред, како во градинка си имаат авторитет, како таму си заспиваат без ова или она, јадат сè што не јадат дома, а во случајов испаѓа ете, само мајката е крива и тоа е тоа. Се согласувам дека не може да му даваат тоа што става во ранче, ама мора да се потрудат таму повеќе и да најдат решение. Како што нашле решение и за многу други нејадачи.
Јас зборувам едно, ти друго. Прво, не ја фалам Германија. Кажав дека таму функционира носење од дома и никое дете нњ било оштетено од истото. Да зема, да бара, да завидува. Тука прва реакција беше (а и по твоево излагање), пази боже, како може такво нешто! Вау! Второ, ја оставале по цел ден гладна. Е до толку не можеа да најдат да и дадат нешто?? Мојава не јадеше зелка т.е. имаше лоша реакција и ги замолив да не и даваат. И давале лепче со нешто мачкано, така ми кажа негувателката. Можеле да не и дадат ништо, ама се снашле дека не сакале да седи дете гладно. Трето, дома секако дека се работи и од дома произлегуваат некои работи. Ако дома детето не спие, во градинка МОРА да лежи ко труп. Нели домашното најбитно. Ама за ова може да се потрудат, за да одморат, кафе и слично. и за крај. Овие од градинката не и даваат од ранчето дека храната е нездрава, така го вртиш муабетот?? Јас зборувам концептуално, не конкретно за оваа мајка. И доста со мамшејминг. за јадење на игралиште не коментирам. Давам и јас грицки, ужинка. Не гледам ништо страшно. страшно е како градинката се доживува како место за децата дур нема кој да ги гледа и персоналот таму им прави некоја услуга.
Јас ќе пишам од лично искуство и поширока перспектива а не би сакала да упаѓам во досегашната дискусија. Лично јас го имав истиот скроз истиот проблем со син ми кога тргна во градинка и имаше 2.5 год. (иста е возраста и на ќерката на членката која побара совет), тогаш пишував и тука барав совети секадр каде што можам, бидејќи не би сакала а верувајте и никој од вас не би сакал да се најде во моја кожа тогаш. Затоа наместо да делиме сите памет тука, прво треба да сфатиме дека на мајката и е навистина тешко, а на ќерка и уште потешко.Мислам без храна да седип цел ден скоро... Јас мојот во 12.30 го земав бидејќи гладен не им заспиваше и кога ќе го донесев дома не знаев ќто уште попрво да му дадам од фрижидер. Но изгладнето дете почнува да губи апетит, и ствара одбивност кон храна, бар во мојот случај беше така (колку повеќе часа е гладен толку повеќе можр да издржи без храна), значи детето пред мои очи слабееше, а јас со тоа не се помирував.Од градинката ни грам помош немав, таков е не сака, толку можеме ние многу деца се (бев и кај директорката да го префрлат у друга група, ме одбија), врски немав. И настапив јас на сцена и моите домашни околности (бев дома и можев да бидам и да го чувам, од финансиски аспект), земете предвид дека некои таа шанса ја немаат. После 3 месеци голгота детето го отпишав од таа градинка,и го оставив дома. Дојдовме до степен да ми плука храна, значи се што ќе дтави бо уста,бев и на психолог околу тоа бидејќи не можев сама да се изборам. Но верувам дека мајка е една и мајка мора да е борец за своите деца и направив како што мислев дека е најдобро за него. После 3-6 мес не одење у градинка детето дома ми качи на килажа 6 кг. од 12 кг на 2.5 год до 18 кг на 3.5 год. За крај, ова е форум мн од нас т.е повеќето не де знаеме лично и не можеме во даден момент точно да процениме, а не земаме во обзир дека некого може и да повредиме. Правила во градинка се правила, тука нема што, мене на памет ни еднаш не ми дојде во таа мака тогаш во ранче да му ставам посебна храна, ама го станував пола саат порано за да му направам овесна каша или банан по пат да изеде, сеедно. За се има решение ако на проблемот се пристапи со љубов и на смирен начин. Извинете што се распишав, само кој го поминал истото најубаво може да ги сфати и двете страни. И да додадам. После 11 месеци од случката си тргна во друга градинка каде секоја манџа и секое јадење го јаде, нормално со мали отстапки како и секое дете. Прв пат коа ми покажаа видео како срка зелка (дома нема ни пробано од што ја нејќе), јас почнав да си плачам од среќа.
Бебе мое по месец дена идење завчера ме праша зошто сум го земала, сакал уште да остане Поминаа плачките Со јадење 50-50 е мојов, што јаде дома тоа и таму, како го тинтрат морков од манџа му вадат, тешко дека и ќе пројаде тоа што не јаде Него најтемпераментен бил, не се жалат, не се закача, него пример кога читале книга он станувал и скокал, се вртел во место или му викал на најдобриот другар да играат "ринге ринге јаја" Како и дома, со црвите во газот е
Синко втора недела во градинка. Минатата недела одеше 2 дена и настина. Неделава 3 дена и пак носот се растече + темп синоќа. Инаку, кенка малку при оставање, а таму бил супер викаат. Демек се јадел, појадок, ужина и ручек. Останува таму до ручекот, пред спиење го земаме дома. Во ранецот наоѓам втора ужина како житни барови, тортици Винчини и чокобисквит.
Како заклучи ти дека детето не е навикнато од дома да јаде манџи? Јас напоменав дека од секогаш ми правела проблем за јадењата во однос на тоа дека е пребирлива и дека јаде со цртани,пример гравче порано јадеше пасирано со вилушка или сосот болоњезе го блендирав па го ставав како прелив врз шпагети,макарони. Супа домашна со гриз кнедли еднаш неделно обавезно јадеше,без фиде. Тоа јадење се одвива така што таа гледа цртани а јас ја хранам со лажичка. Откако тргна во градинка ми се пожалија дека не јадела самостојно и ги замолив да ја хранат,после буквално престана да јаде се што се дава со лажичка. Плаче од лажица. Имав моменти кога бев на работа а маж ми ми пишува дека не јадела во градинка а он дома незнае како да ја нарани му плаче од лажица и така почна да и вари јајца,да и прави помфрит,да вари виршли и почна да јаде суви работи кои може да ги боцка со вилушка. Што требаше јас да направам да се расправам зошто и дал виршла па следниот ден ни тоа да не го добие? Палачинки правам јаде,ќе ги намачкам со нешто не јаде,суви ги сака. Не е баш така како што велиш намерно не јаде за да го добие тоа што сака. И да е така што можам јас да направам после градинка од 4 до 7-8 (околу 20 ч ми заспива),да ја терам или тоа што сум зготвила или нема ништо и гладна да ја легнам? Детето колку подолго не јаде толку помалку и се јаде. И тие саати колку што сум со неа 5,6 гледам да и олеснам зборувам за исхраната,денес и зборев како зајакот јаде морков и затоа е брз и ја натерав да проба варен морков кој порано го јадеше во манџи а сега вика ова е кака. Работам на случајов но ми требаат практични совети а не теории.
Така и јас сфатив, а и истово го потврдуваш и со овој пост. Извини ама во три мислења напиша три различни верзии. На пример во втората верзија пишуваш како маж ти не и давал од манџите што си ги правела затоа што премногу се валкала, а во третава дека не и давал затоа што не сакала со лажица да јаде. Не знам да цитирам пооделно реченици ама секој може да ти ги прочита последните мислења со тоа што ќе отиде на твојот профил и ќе ги прочита трите различни верзии. И самата прочитај ги и ќе видиш колку се поразлични. На секое мислење би ти дала поразличен совет, како од три различни особи да се пишувани. Стравот од лажица и е од директниот премин од тоа некој да ја храни до тоа да се храни сама. Колку години има детето? Откако ќе почне самостојно да држи лажица се учи самото да јаде со лажица со што пред се стекнува самодоверба. Ќе биде се лом и дете и ти и тепих и се ама така се почнува. Практичен совет друг нема, трудете се дома што повеќе здрава храна, да јадете сите заедно на маса и да јаде самостојно. Обидот да пројаде да не е многу насилен. И во градинка ќе пројаде ама треба и вработените да се потрудат на почеток. Сепак не долг временски период во градинка, ќе се навикне едно по едно на градинката. Ти секогаш биди смирена и позитивна и настојувај до граница, зборувај. Еве една моја грешка, јас од дете се криев јадев нездраво, а на дете давав здраво на некој начин само да јаде, па со тек на време почнавме и јас и маж ми да се храниме здраво и да јадеме сите заедно на маса, на дете како да му фалело друштво, се што јадеме сака да проба. Исто збореше гулашот е кака ама ние јадевме со сласт и мн брзо пројаде и таа и омилено и стана. Морковот исто од сите манџи и супи бараше да го тргнеме и @emkaemka на 3 години и 9 месеци прв пат ми рече морков, да останел морковот во супата и од тогаш го јаде и него. А онака свеж морков јадеше отсекогаш. Да не е со лажица туку со вилушка не мора да е виршла туку морков, краставица, проја, јуфки со сирење, пржени кришки со јајца, тиганици, комат, печено месо, риба, потпечени макарони со јајца и сирење... Би те советувала и целосно да исфрлите чоко млеко, ако не се лажам тоа е 500мл, ако го испие од пола до цело нормално е да прескокне ручек. Мојава цели ги пиеше па скроз ги тргнав бидејќи не јадеше после тоа. Цртаните ако можеш исфрли ги или барем намали ги, додека јадете сите заедно дома здрава храна зборувајте за градинката, колку е вкусна храната, како и вие сакате да јадете во градинка, колку ќе биде здрава ако јаде здрава храна. Ако и пуштиш цртани пуштете како некои деца јадат и зборувајте за тоа. Зборувај и што кога се јаде, на пример што за појадок, ручек, вечера, зошто се јаде тоа тогаш и зошто е здраво, што ќе се случи ако го изеде тоа, на пример ако издеме по една порција гулаш ќе видиме кој повеќе може да истрча после. Друго што е тешко е што си цел ден на работа што се вика па потешко е да се вложи максимален труд, маж ти треба да учествува и тој со зборување и дела, ти, во градинка, и со тек на време се ќе биде ок со исхраната.
Институцијава што ја збориме не е задолжителна, опционална е, по потреба на родителот, затоа и постојат правила, нивни, на тие што не им се допаѓаат бираат приватна, давање отказ и чување дете. Споредбава со носење храна од дома со градинките во Германија или не знам кај, е многу лоша идеја. Не може кој стигне да праќа што посака, во градинка во која постои ред кој го научиле децата кои оделе пред тоа што не сака да јаде. Макар и тоа дете да седи гладно, зашто решението на проблемот не е вадење храна од ранец. Лежење како "труп" исто е начин да се створи навика кај децата дека спиење не е единствен начин на одмор, дека можат и да полежат во тишина и да се одморат. Како ги претставувате работиве како градинкиве логор да се, да не потенцирам и каков. Многу е лесно друг да ни е крив, од 6 месеци јадење со телефон, бледирано до 2 години, никаква инволвираност на децата во готвење, некогаш и посебно да јадат, и на крај негувателките да се потрудат повеќе?
Е па кај ќерка ми во група 2-3 год се блендираше храна. Кога одговара на персоналот е ок, а кога не, мајките до 2 год блендирано даваат?! Кога како одговара. Суштината не е да се удоволува на секое дете. Суштината е на едното што е ново да му се направи адаптацијата што полесна. Има многу начини, не е еден и не мора да биде со храна од дома. Зборувам за Поддршка на новите дечиња и оние кои ќе имаат проблем како овој тука. Двете страни да најдат решение. Не е решение не јаде и детето гладно цел ден. За лежењето, многу се зборуваше претходно. Не би пак да ја отворам дискусијата.
Мислам дека на секое едно дете треба да му се пружа можност да оди во градинка. И тоа константно, уште на пример од година ипол, па се до тргнување во школо. Огромна е разликата меѓу тие што одат и тие деца што не одат во градинка. Најдобар индикатор е првиот училишен ден. Дете кое што одело во градинка, никогаш нема да го видите расплакано на прв школски ден.